Ирска. Па мора да се трошат купените дози од европска комисија за секој европски граѓанин. Се додека луѓево молчат,така ќе биде.
Јас сум бремена, меѓутоа претпоставувам дека важи за сите. Матичниот и гинекологот ме советуваа да не мешам вакцини. Јас сум со 2 Фајзер, и третата требало да биде иста. Не барав детално објаснување зошто бидејќи не планирам трета доза скоро, ама ми напоменаа дека не треба граѓаните да трпат само зошто државата купила резерви од еден вид вакцина, па третата мора да биде таа, и дека воопшто не е препорачливо да се мешаат. Со кои први две си вакцинирана, таква да биде и третата.
Каде ова? Линк нешто? Да се збогатиме додека можеме. Одбивам да верувам дека може некој сериозно овакво нешто да пише. Одбивам.
Болка во раката,ограничено движење од болката,малаксаност,поспаност.Тоа вчера попладне и ноќеска.Денес подобро е,сега за сега барем.Се надевам толку ќе е.Доколку има нешто друго секако дека ќе кажам.Искрено не сум баш среќна дека коктел испаѓа(третата друга)но тоа е што е,кинеските не знам ни дали ќе ги има...
Ова веќе е лудило три месеци да траел сертификатот. Уште малку мож па и недела дена да трае како тргнало. Не бе ич нема врска нели да се трошат што повеќе вакцини, па не сме малоумни. Еве Италија почнува со вакцинација на деца од 5 до 11г. Соседиве почнуваат со четврта доза. https://www.bbc.com/serbian/lat/srbija-59156535.amp
Не требаше сите како нација, генерално зборувам, да дозволиме вакцинација на деца. Затоа треба возрасното население да се вакцинира. Овде кај што сум, ма 60 % не е вакцинирано населението. И сега јас да примам 3 доза, син ми да го вакцинирам, оти некој таму не сака да се вакцинира. Епа не. Нека си најдат начин да се вакцинираат оние без ниту една доза. Никаква одговорност немаме, никаква, ќе дозволиме деца да вакцинираат. Како не им е жал на антиваксерите?
Вакцинацијата на децата нема никаква врска со вакцинирање на возрасни.Ке се вакцинираат и таму кај што има и 80 и 90% на вакцинирано возрасно население. Има врска со заштитување на децата,од "страшниот" ковид за нив. Не со бркање на некаков колективен имунитет.
Битно е да се префрли вината на некој. Мора тие што не се вакцинирани да се чувствуваат виновни што некој се заразил или поминал тешко со корона. Треба децата да се вакцинираат само за да се заштитат постарите и ризичните групи. Зарем тоа не требаше вакцината да го обезбеди?
Паа како да ти кажам, ако си се шета некој со лажни серификати и притоа не се тестира пошто не постои корона, да, крив е...
Значи: - Сите вакцинирани заразени од корна се со лажен сертификат; - Никој ама баш никој од вакцинираните не се заразил ниту пак заразил некој од корона, ниту пак има било каква потреба тие да се тестираат во било кој случај Јас па се чудам од каде бројките на заразени и починати во споредба со лани оваа време се вивнати до небо. До тоа било значи. До неколкуте милијарди лажни сертификати. Цццц како не ми текнало на тоа досега .
Што? Не, не го мислев тоа што ти го напиша. Туку многу е едноставно.Од тоа што сум приметила околу мене дека ни за жива глава не се вакцинира, истиот не се ни тестира кога е болен.Не е вака во апсолутно сите случаи бидејќи познавам и луѓе кои не се вакцинирани а сепак внимаваат да се изолираат, но кажувам што е поверојатно од тоа што го забележувам непосредно околу мене.
Омикронот ке биде доминантен. Сегашните мрна вакцини и со бустери не делуваат на него. Задолжително вакцинирање со вакцина која не делува на моменталниот сој е неетички,ама провакс фанатиците од фајзер култот уште не го разбираат. Единствено можеби со кинеските ке имаат подобра заштита. We report a cluster of Omicron variant infections in individuals who had received full primary vaccination series and booster doses with mRNA vaccines. All patients experienced symptomatic COVID-19 but clinical manifestations were mild to moderate. Their SARS-CoV-2 viral RNA loads and anti-spike antibody levels were determined. This series proves that even three doses of mRNA vaccines may not be sufficient to prevent infection and symptomatic disease with the Omicron variant. https://papers.ssrn.com/sol3/papers...s4M-xqtJ3yPjHXITs-RQUXBL8Y_nEGM0Qc9DlwtFj5aOE Едит: И Хрватска од денес со препорака за бустирање после 3 месеци. Претходно беше после 6.
Факт е кој ти упорно го заобиколуваш дека вакцината штити од тешка клиничка слика и хоспитализација, па и смрт. Се гледа онаму кај што има висока стапка на вакцинирани. Да е секаде во сите земји така, оддамна короната ќе беше на ниво на настинка и медицинскити капацитети немаше да се оптеретуваат. Тоа е целта. Немаше ни да дојде до моментот деца да се вакцинираат. И истото го зборуваме по не знам кој пат. И Косми во своја околина, луѓе вакцинирани со Модерна од летово, се уште се незаразени ни со оксиморон ни со делтата. Особено делтата која беше доминантна и не одмина непрележан. А да кажам дека воопшто не внимаваат. Вакцините и вирусот се нови, факт, ниту знаеме ниту може да знаеме дали и како во иднина ќе тригира, така да кон децата треба да сме повнимателни. А може да излезе и дека навистина се скроз безбедни и бесопасни. Како што прифаќаме секаква технологија и модернизација на било што, еве не знам во 21 век да ти е тешко да прифатеш нова технологија во медицината? Која патем и не е баш нова.