Јас сум вакциниран со Фајзер, уште во Јули. Сеуште немам прележано Ковид. Од кај ги копаш информациите?
Немам такви податоци ниту сознанија за такви испитувања. А и да е тоа така, каква гаранција има дека нема да си личноста која ќе настрада? Јас не сум против вакцинирање. Дури и мислам дека за одреден дел штити. Јас сум против присилба, да се мора без образложение. Иначе следно ќе е кодошете ги ближните за политички ако се против власта и по потреба ако ви се нареди да ги ликвидирате само заради тоа што ви е така кажано од власта и дека е тоа за општото добро т.е. реално нивните волји и сладострастија и суети и злоба. Ако ми извадат дека за превенција на нусефекти од вакцини треба да се испита вака, така и онака, дека ќе се спречат истите со тоа, тогаш и ќе размислам и можеби ќе се согласам. Дотогаш, јас сум за слобода на мислење, на размислување и против присилби. Иначе, кога ќе сме за пензија ако не сме од „одбраните“ т.е. за властодршците и сл., тогаш за општото добро ќе треба да се ликвидираме било самите или од друг. така да, поддржувам протести против присилна вакцинација, само да се поорганизирани за да знам однапред и присуствувам.
Токму така, како ќе знаеш дека нема да настрадаш? Зошто да си заморче? Ги мрзи и не сакаат да трошат да испитаат и со тоа ризикуваат. А прашање е дали тие се вакцинираат воопшто.
Поддржуваш протести против присилна вакцинација, каде што група луѓе, мислат дека Ковидот е вирус пуштен намерно и вакцините содржат чипови. И зошто си против задолжително вакцинирање? Немаш примено Ди Те Пер, BSG, МРП вакцини кои се задолжителни за целото население?
Јас сум против присилно вакцинирање и сум за слобода на избор и изразување. И мирен протест пред се. А кој што како си мисли си е нивна работа, не ме засега. Тие вакцини кои ги цитираш ги имало со децении и точно се знае што како бива со нивните ефекти и нусефекти. И кога да се добијат бидејќи едно е млад организам кој има подобар имунитет и реагира соодветно, а друго е повозрасен. Иако реално, не би требало да смее да се присилува и на тие работи. Ковид е сосема друга болест, некои старо-млади не ни знаат дека го имаат, некои и покрај неколку дози врват лошо и завршуваат полошо. И што е следно, ако не мислам како масата треба да сум во затвор или ликвидирана? Сакам да мислам со сопствена глава и си ја избирам самата судбината.
Тие вакцини ги имало со децении, бидејќи и самиот вирус го имало со децении. Како сакаш тебе да ти направат вакцина за Ковид, пред 20 години, доколку ни самиот вирус не постоел претходно?
Нус појави може да имаме и од лекови кои ги употребуваме, се клукаат ко бомбони, ама не, вакцини се само проблем.
Очекувам децениски искуства со ковид вакцини или сл. Или барем предвидување на нусефекти и проверки за ризик. Тоа сето се испитува на глувци, мајмуни и сл. пред да оди за луѓе. Или страв им е да не се јави сомнеж или полошо да одговараат финансиски?
7 милиони луѓе на годишно ниво умираат пред време поради загадувањето на воздухот. Според СЗО. Зошто молчиме за тоа, а мора да дишеме? Немаме избор каков воздух да дишеме или дали ќе дишеме или не, мораме.
Не беше само за тоа. Беше за почитување и остварување на работничките права, неработна недела меѓу другото, 50 - 100% повисока дневница за тие што мора да работат во недела, за зголемување на минималецот, и за тоа да не се условува работникот да се вакцинира ако сака да го задржи работното место. Последново го нагласија, колку ќе се оствари, ќе видиме. Јас не сум за задолжителна вакцинација иако сум за вакцини.
Требало да излеземе. Не бев информирана доволно. Апсолутно дека секој кој сака треба да се вакцинира,без дискусија. Но,задолжително со присила и со присилни мерки ,особено за млади лица не.
Кога би имале избор и на друга вакцина има многу луге кои на пример со Синовак би се вакцинирале веднаш.Но Фајзер е проблемот не ја сакаме и точка,и имаме право на тоа,просто и едноставно да не ја сакаме,без тоа да го образложуваме на било кој,но зашто ни ја наметнуваат таа кога има десетици други стандардни вакцини,навистина не ми е јасно.
@Markian а зашто не ја сакаш Фајзер или Модерна, или АЗ? Живо ме занима што е толку голем отпор кон овие вакцини? п.с Јас сум со Фајзер. Само без линкови, слики, колажи сакам твое медицински издржано мислење за ова.
Те молам објасни ми кој муабет е паушален, пошо факти имаш кои многу лесно можеш да ги провериш. Ок, ќе пробам вака. Зошто пред да го објавиш видеото не го провери? Не е антивакс шалабајзер, ама е некој од чии изјави, институтот каде што работи се оградува. Изјави за кои веќе постои предупредување дека содржат дезинформации. Можеш да објасниш зошто? Исто така, многу добро се сеќавам на една студија која беше свртена во корист на антивакс, (боже која среќа среќа радост им беше тоа) а на чија основа мислам дека му се тврдењата. Само поради погрешна интерпретација, недостатоци во истата поради условите. Има разлика меѓу студии ин витро и ин виво. Мислам сериозно, никој никого не замолчува, никој ништо не игнорира. Да беше така, никако немаше да имаме вакви антивакс теории на квадрат, со агресивен настап кои прават штета. Ти го објавуваше и Малоне, исто така без да провериш за кого се работи. Се фураат и тези за нобеловецот, чија изјава е целосно извадена од контекст. Да не те потсетувам на Дел Биг Три сега, ама така некако му доаѓа се ова. Изнесуваш сериозни тврдења Косми, без научна основа, а бараш паушалност кај мене. Таква половичност, има само во видеото. И стварно мислев дека е потребен доказ за вакво изнесување, а не насловна. Со која веројатно мислиш дека ќе му кренеш авторитет, што пак, никако не е на научна основа. Ти на вакви наративи реагираше да се префрлат во друга наука, а сега самата ги објавуваш. (?!) Зарем не е јасно? Секако дека не врз основа на општо познати официјални податоци, добиени од студии и истражувања, следствено вакцинација. Пошо, јас немам друга работа и во слободно време смислувам теории на заговор! Наука ме афектира еднакво на нула, а конспираси и логика во истите за страшните демагогии за крајот на светот, ми се подраги. Другото е биологија за основно. Одамна беше, па може треба да си обновиш знаење! И така.
Во производството на вакцини не е единствено вклучена само медицината како наука така да медицинско издржано мислење кога би било можно би го имало но го нема.Или како мислење можеби го има но мислењето не е наука,а колку е издржано времето ке покаже.
Многу зборови никаде поента. Зашто не мРНА те прашувам конкретно. Не ми врти околу. Ако сум за нешто против имам издржан став, а не се водам од рекла казала.
Господе те молам помогни и затвори ја темава пошо Реин не сака. Те моламммм Не се трпите. Ја за инат присилно би ве вакцинирала Да почнете да вриштите и да паничите како ќе умрете И коа нема да ви биде нишо, ќе си кажете еј види со вода нѐ вакцинирале