Друго нешто.од Фб експерти: Ние знаеме сВе научниците ништо! Овој копуков неписмен, не знае една проста реченица да состави, камо да користи интерпункциски знаци, ама затоа знае дека вакцините се направени да нѐ умрат После имаме друг експерт што мисли дека ковид е ГРИП.Дада грип.Досега знаевме дека постојат свински и птичји, ама да не беше он, немаше да дознаеме дека и ова е грип. Он македонски не знае да збори, ама сѐ друго знае другооо хм А да уште еден паметен Значи кажете кој свески политичар подчина од корона.Абе на сопствената држава името со голема буква не знаат дека се пишува, ќе ми паламудат за вакцини Со ваков народ? Само Хитлер.Само Хитлер.
Јас и пред да се вакцинирам несакав со Фајзер, а сите ја сакаа баш Фајзер, отидов со цел да се вакцинирам со Синофарм. Како за моја несреќа дента кога ми беше терминот беа потрошени Синофарм и ај со Фајзер. Не ми се допаѓа начинот на кој го активира имунитетот, одма, нагло, поради што се појавуваат и поголем број несакани ефекти. Особено кај тие што се посензитивни, како јас. А сега па ич не би ја одбрала Фајзер затоа што веќе доволно знаеме и која вакцина колку е ефикасна, кинеските вакцини се одлични кај помладата популација и прележаните, а ризикот за нус појави е многу помал.
Гаранција нема ниту кај детските вакцини, иако се дел и задолжителни. Ок беше тогаш да се ограничува право на градинка и образовни инситуции за невакцинирани деца, сега не е ок ограничување на правата на невакцинирани возрасни особи.
Како тоа имаш од се? тоа е оправдување некое? Немаш. Примив четиривалентна против грип без никаква нуспојава. Ни рака ни температура ни бакрачи.
30 години се прават и сега првпат имаме ин виво студија на стаорци која потврдува дека мнра предизвикува мио-пердикардитис? Во август 2021? Претходно немало? Да ја отворам ли темава воопшто?
Точно. Јас сум алергична на се и сешто, прво алергична сум на пеницилин, и на многу други лекови, алергија сум добила и од витамински суплементи. Можеби и тоа имаше некое влијание што имав толку бурна реакција. И не се осмелувам да ставам втора доза затоа што не знам како мојот организам ќе реагира, плус сеуште сум под терапија.
Во ист ден со Фајзер јас и другарка ми. Јас нус појави она не. И со втора доза така. Јас од вакцина за грип имам развиено нус појави. Од апче за желудец Нолпаза имам развиено нус појава што ја пишува многу ретка. Ај те молам. Секој од нешто може да развие нус појави.
Епа ај да сумираме. До вчера не си знаел што е ама сега наеднаш со едно гуглање си заклучил дека може да има некакви страшни негативни последици кои се кријат?Зашто за да дадеш мислење за ефектите на вакцина/лек треба да имаш и познавање од дејството на истите врз телото. Во ред, не се вакцинирај.Ама дај успорете со ширење сѐ и сешто.
На почетокот докторите кај нас не го земаа ова во предвид т.е не беа запознаени не пратат едноставно што се случува во светот, особено матичните.
Ке одам утре и ке се вакцинирам со Фајзер.Поагам од она Христијанското секое зло е за добро,па и оваа пандемија,колку и да звучи нелогично .
Нити пак ќе имаш избор за неколку години. Сега за сега имаат само најдобри зборови освен, некоја рака умрени и сл. За 55 год ќе дознаеме што како, тоа е ако не остареме или нешто друго. Како и да е одговорноста е твоја, а одлуката ќе биде на државата. Ти ќе си ги носиш последиците.
Докторите во мк ми беа, како да кажам, последни на памет . Друго мислев. Сега значи знаеме. И што прави во врска со тоа производителот, телото за одобрување вакцини, националните влади? Препорачуваат пократок интервал меѓу дозите, задолжителна вакцинација и вакцинирање 5 годишни деца
За друго зборам. Прашав дали имало претходна ин виво студија, пред таа од август. Ама ете, Косми вика да свиркам, па ај, ќе свиркам
Паа што ќе се прави веројатно зависи од фреквенцијата на појавување?Ковид вакцинава не е единствена за која е пријавен миокардитис после примање, па веројатно не може цела вакцинација да се прекине, туку ваљда да се направат дополнителни испитувања . Океј, еве вака размислувам.Најголем процент на вакцинација имаме во најразвиените земји воедно и најмоќни.Дали навистина мислите дека ќе ризикуваат да се изгуби огромна работна сила поради смрт од вакцини и негативни последици кои ќе ги онеспособат луѓето? Бидејќи кој ќе страда најмногу во тој случај? Капитализмот, нели? Значи според логикава - "сакаат да нѐ убијат со вакциниве" , испаѓа дека моќниците сакаат сами себе да се убијат со тоа што ќе губат пари во иднина. Од друга страна, ќе ја земам за пример Африка, таму никој ниту се замара да се вакцинирани луѓето ниту ништо.Пошто сите си знаеме дека расизмот си е жив и си опстојува и на никого од оние на врвот не му е гајле за просечниот црнец таму, дали мислите дека ќе ги штедат луѓево од најнеразвиените земји и ќе ги чуваат здрави, додека паралелно убиваат белци во најбогатите земји? Еве и за нас од Балканот, т.е Македонија.Дали мислите дека тоа што на почеток едвај добивме пристап до вакцини е поради фактот што сакаат да опстоиме како нација и да не умреме од вакцинава?Бидејќи сме пребитни за економијата? Еве најозбилно прашувам.Што мислите, од перспектива на оној што ја има моќта во свои раце, чиј живот е побитен, на Германецот или на Македонецот?