Exactly, право у поента! Тукушто ми објасни за субјективност. Тоа ли се контраверзите кои бараат соочување? Ох боже, што има јас да го демантирам‽ Ти кажав дека има предупредување за дезинформации. Од стручни лица кои разбираат многу повеќе од нас. И тие информации ги имаш на нет. (Зборувај ми за едноумие). Еве ќе се обидам со твојот аргумент и ќе ти кажам дека овие веројатно ништо не знаат, па затоа го демантираат. Како звучи‽ Каде поточно му ја доведов стручноста под знак прашалник, единствена тематика се неговите наводи за кои реков дека нема ништо конкретно. Зарем не го кажа тоа и ти самата, после едитирање, спакувано во понова форма "треба да се истражи". (Да, прочитав пред да се едитираш). А што прават? Зарем нема истражувања следствено вакцинација ин виво? Нормално дека сум целосно согласна на ваков наратив. Истражувања да, никогаш не го кажав спротивното. Со што конкретно имаш обид да ми дискредитираш мислење (обични есејски наклапања) со нечиј авторитет или како? Пошо некако промашувам поента кај тебе за да идеш на дискредитација без аргумент. А баш сакам да те вратам на првата платформа за полио или и тоа нема да важи и ќе добие карактеристика неаргументирано, а е факт. Пошо наука оценуваш за едноумие, слепило и мрак. Ќе ги повлечат ако таквите драматизации се реални. Ќе подлежат на промени, исто како полио, пази, во време на премалку јавни податоци и услови за истото. Сега, со ваква технологија, кога речиси се е јавно, никакви штети не смеат да бидат покриени со изговори! Само за штети од мрна вакцина пишуваш и тоа недокажани наводи. Каде си за штетите од вирусот или тие не се важат? Минимизираш последици и испаѓа како да промовираш прележување. Цел свет боцка мрна, ама сите ќе станат роботи! Вака јас слепа (твојот целосен ад хоминем наратив), ни во лудило не мислам дека светот се договорил да прави рекомбинација на дна и манипулација на гени. И не си измислувај дека вакцините против грип немаат нус појави. И каков службен наратив! Не затоа што е службен, туку затоа што е научно издржан!
Decki i jas zakazav po tri meseci prelezanost za vakcinacija,dali e ispravno po volku vreme od orelezanost ili ne,nazalost neznam,megutoa sakam da se zastitam
Еве, фреквенцијата беше 1 на 6.000 мислам, во извесна старосна група. Ова реални Израел податоци, пред студијата. Студијата (една за која знам) не ја квантифиција фреквенцијата, јер на животни е правена, го потврдува каузалитетот и претпоставува услови во кои тоа се случува. Е тоа има некои импликации на начинот на аплицирање вакцини, ама тоа ако ве интересира ќе си најдете. Другиот дел- фаза вакцинирање деца од 5-12. Едно на 10.000 деца има потреба од Ковид хоспитализација. Ниедно здраво починато дете од Ковид (податоци од голема германска студија). Кој ризик и бенефит се мери во моментов?
Владата денеска ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД–19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот Фајзер (Pfizer), во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1% од вкупниот број деца во Република Северна Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози. Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година. Набавката на оваа количина вакцини против КОВИД-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.
Најпрвин провери дали имаш антитела тоа е најважното. Не е препорачливо да се вакцинираш ако имаш големо количество на антитела бидејќи може компликации да си направиш.
Најпрвин да кажам дека не сум антиваксер. Верувам дека вакцините штитат колку толку од компликации и воопшто не верувам во теоријата за прскањето со авиони, чипирање и сл. Ама од нешто што највеќе се плашам е ова. Како некој што следи спорт долго време, ова ми е непоимливо. Летово кога фудбалерот што се сруши и имаше срцев удар пред очите на цела Европа , мислевме ајде премор, напорно првенство. Ама ова не е нормално, никогаш претходно не сум видела спортисти да губат здив, да завршуваат кариери принудно поради здравствени проблеми. Затоа целосно не им верувам да вакцините. Да ќе не заштитат од вирусот, ама какви други проблеми може да ни направат ќе видиме во наредните години. А вакцините као бесплатни се, никој не полни џебови од нив.
Па ја и ти од џеб сигурно не дадовме пари хахахај Ги плати? Не Не знам еве ја вакцинирана сум.Можам да дишам.Може е нешо друго у прашање. Башка знаеш ли професионални фудбалери на што све не се?Не знаеш. Стероиди, треви, кокаини.Тоа знаеш колку го оптеретува срцето?А и физичката спремност/неспремност?
Не знам дали се вакцинирани, ама добар дел се и прележани. Добро е да споделат што се. Летово фудбалерот не беше вакциниран. И кај спортистите редно да почнат со темелни проверки. Многу од нив страдаат од миокардитис и перикардитис. Инаку да, многу случаи има.
Си даваш пари од џеб, индиректно ама. Ништо, ама баш ништо не е бесплатно. Се' се плаќа од фондот, а знаеш фондот од чиј пари се полни така? Не за џабе Фајзер е прогласена за компанија со најмногу профит, дека без пари ги шитка вакцините, само за да не умираат луѓе. А за тоа дека професионални фудбалери биле под дејство на секакви супстанци и затоа имаат здравствени проблеми, епа ќе ми извиниш ама лупеташ без врска. На другарка дечко и тренира во македонски клуб и е под најбанални контроли, дури и излегување после 10 вечер им е забрането, да не правиме муабет за пиење и дрогирање. А тука се зборува за професионален фудбал во странство, кај шо вршат контроли 10 пати поќе од кај нас, така да сувишне су речи.
Па од џеб сигурно не дадовме, ама кога државата плаќа рачунај исто ко ти да плаќаш. Очигледно ти незнаеш што е допинг и допинг контрола. Со тревки и кокаин сигурно ќе помине на допинг, а уште посигурно ќе може да се натпреварува на врвно ниво.
Другари мои, играат за Вардар, за ФФМ, за КФМ, некои се и во странство.Знаеш колку дуваат и пијат? Знам и такви што конзумираат и кокаин.Не ми кажувајте. Да не зборам сеа Ама лично знам играч на Вардар што шмрка.А прв тим е.И никад нема да ти текне дека го прави тоа. Еве детено Марко, од шо почина?Го функа инфаркт на спиење како Данецон само шо тој на сред игра го фукна.Може и премор да е, не мора вакцина или дрога. И да знам од кај се парите за вакцините.Економски студирам не сум глупа.Сакав да кажам не плаќавме ништо посебно и дополнително.Туку како и до сега.С од нас сигурно не се изнабогатија Фајзер. Башка ствар е на монопол.У Европа сегде е дозволена.Се знаеше дека ќе профитира фарм. индустрија од коронава, не знам шо ви е чудно. Па и Алкалоид профитираа, кузнае колку дезинфициенси и лекови прозивеле за две години.Нашиве демек не профитираат? Ај не се правете наивни, во секој сектор, во секој сегмент од животот, луѓето гледаат како да профитираат.Од шо ќе живеат иначе? @темјанушка знам што е, ама тие што конзумираат најчесто не знаат за допинг КОНТРОЛА
Е, зошто баш сега толку им се слошува, губат здив и порано некои користеле треви, допинзи, ама не е било вака, сега се почесто и почесто. Сигурна сум дека е последица од вакцината!
Ја мајката Ти у организамот да не си им? Абе реков државава полна експерти и сезнајковци. Ќе си покаже тестирањето до што е
Прво Вардар е во втора лига, каде се местат резултати а не па прегледи. Не споредувај селска лига/аметреризам и професионализам, те молам. Тие што шмркаат подалеку од Балканот немаат излезено. Тие што викаш ги фукна, утре може да биде било кој. И така ќе се тешиме ајде го фукна отиде. А Фајзерот баш затоа што го форсираат не сакам да се боцкам со него. За економските работи, прво и основно, се што е квалитетно има цена, не е бесплатно.
А од кај знаете дека се вакцинирани? Им водите евиденција? Може се прележани, ковидот си остава последици и со месеци после прележување. За детето што почина, јас слушнав дека месец дена претходно прележал корона. Не мора да значи дека губењето здив е од вакцините, вие го земате тоа здраво за готово. Имало и претходно вакви ситуации, само не ги влечеа по весници. Спортистите отсекогаш се со ризик за кардиомиопатии поради хипертрофија на срцевиот мускул, интензивно тренираат. Тој интензивен тренинг не е баш така наивен.
Цените на вакцините ги скрија кај нас, не можеше да знаеп колку ги платија. Не е како досега, оти сегашните договори за вакцини се јавни, овие не се. А од нас не се збогатија оти малку купивме, се ни е донација како да сме детско село.
Веројатно ќерката им пратила писмо дека и требаат за чување на бебето. Доста знам такви случаи што отидоа со писмо за свадба/болест/чување дете, а што не се вакцинирани со фајзер. Така велат и правилата за влез во Германија, или вакцина признаена од нив, прележани, или ако имаат неодложна работа.
Да бе, сигурно до вакцините е. Јас пак сум сигурна дека кај повеќето се должи на последици од прележан ковид, а не на вакцината. Лично познавам личности кои се активни цел живот и сепак имаа страшни последици на бели дробови и дишењето после корона. Ама океј, ќе продолжиме да не го сфаќаме сериозно вирусот.