Министерот не е во ризична група, ама има нешто што се вика Должност и Солидарност! Требаше и он и Зоќи први да се, затоа што забораваат каде живеат и така има сомнежи со вакцинирањето, уште толку оставија простор. Зошто јас да се вакцинирам, кога Министерот, доктор, врвен неурохирург се плаши и не се вакцинира?
Баш од солидарност Џули не треба они први да се вакцинираат кога и така имаме ограничен број дози а којзнае кога ќе стигнат другите. Нормално дека тие што се најизложени треба први да примат, политичариве и така се небитни.
Пробувам да се регистрирам на странава, ги пополнувам сите полиња и стискам ‘испрати’, но не ми стига никаква потврда дека ми е реализирана регистрацијава, само ме враќа назад на страната со полињата за пополнување. Искуства?
Не ме убедуваш, Филипче и Зоќи требаа први да се вакцинираат за дадат пример дека се безбедни вакцините. Да не се исплаши Зоќи дека ќе го чипираат, па ќе тресе помалку бисери?
На крај треба да имаш да потврдиш дека не си робот пред "Испрати", па откако ќе верифираш тоа, стегаш Испрати и ќе ти се појави нов таб дека апликацијата е успешна
Ама он сака кинески да збори изгледа, затоа кинеските вакцини ги чека Вака шо- фајзерски ли ќе збори?
Душата ми се тресе кога ќе ми текне дека можеби, по малку, се би било исто како порано со вакциниве. Едвај ја чекам значи за да ме боцнат, мислам дека сиот овој страв што го преживеав оваа година конечно ќе остане зад мене и ќе почнам полека да се враќам во нормала. Сабајле си гледав слики од 2019, значи секој ден на различно место со различни луѓе. Билијард, куглање, кафани, board games, кино... Како во друг живот да било тоа се. Се надевам дека ќе ми се врати сето ова оти вака не сакам и не можам веќе да живеам.
А што би било фино, еден чип на зглоб негде, па место да бараш оваа картичка, таа картичка, лична карта, возачка.... бап на апаратче со еден потег. Се' можеш да изгубиш, освен раката. Ок и раката можеш де, ама да не цепидлачиме сега.
А па како ќе знаеш дека они не добиле посебни vip вакцини, дека се скроз истите како и за сите други? Ако ти тргне паметот така, ехеееее
Ете он кинеските ги чека значи, англискиот ТОП го владее, затоа сега кинеска Ваксајнс за кинески да зборува Е сега теории на заговор има еден куп нели