@темјанушка повели листа на фудбалери што умреле на терен од кога се води евиденција: List of association footballers who died while playing - Wikipedia. Еве и случај од 2012 каде што фудбалерот бил 78 минути нит ваму нит таму. 78 minutes in the life (and near death) of Fabrice Muamba | Fabrice Muamba | The Guardian. Во 2012. Веројатно од вакцината против КОВИД му било. Ич не му било од сите допинзи што ги примаат професионалните играчи. Ич од допинг и напорни тренинзи и донесување на телото до лимит на издржливост не е кај фудбалерите. Сите до сег само од вакцина против КОВИД имаат проблем. Инаку фармацевтските компании профитираат од целава ситуација. Сите до една. Кој од лекови, кој од витамини, кој од дезинфициенци, кој од вакцини продавање. Им се подоги ситуацијата што да кажам друго.
i tuka plakas na privatno sma ti pokazuva imas ili nemas antitela,a ne kolku imas i toa vo apteka go pravis,jas pravev kosta 260danski kruni,okolu 2000nasi denari ti e toa
Според израелциве е зголемен бројот. https://www.rtnews.co.il/?view=article&id=49&catid=22 И порано умирале на терен,неоткриени срцеви проблеми и слично ,но сега имаме нов момент вирус и нова вакцина ,Значи наместо да се игнорира,треба да се провери дали имаат врска или не.
Може да ми објасниш како го донесе заклучоков кога 1. Немаш информација дали се вакцинирани или не 2. Не си доктор кој направил преглед и има сознанија за историјата на пациентот за да ја открие причината?
Нема информации дека му се случило од вакцина. Но, имаше листа на фудбалери кои им заврши кариерата поради КОВИД или пак се надвор од терените извесен период. Месеци им треба да се вратат повторно и да заиграат. Имаше повеќе случаи на фудбалери кои играат за помали клубови и лиги, како и за поголеми. Еден од попознатите е Дибала кој поради Ковид компликации беше со месец надвор од терените, за сега, кога влезе да игра, повторно се повреди. За врвен спортист, ковидот остава трајни последици врз белите дробови и капацитетот за дишење му се намалува, тука се и срцевите проблеми кои и онака имаат големи шанси да се појават кај професионалните спортисти поради режимот на живот и физичката спремност на која се изложуваат. Не се знае дали некому од нив му се случило исто и од вакцина. Сигурно да, но секако нема да излезат јавно со оваков податок. Една од нуспојавите на вакцините се баш Миокардит и други срцеви заболувања. Баш поради тоа многу професионални спортисти и одбиваат да се вакцинираат. Но, колку е "лоша" вакцината и се стравува од овакви нус појави, Ковидот е далеку пострашен за нив. Не само што може да им ја заврши кариерата, туку и животот. Последниот кој се пензионира, денес, поради срцеви проблеми е Агуеро. Кој гледа фудбал, ја знае величината на овој човек, и колку истиот вложуваше цел живот во својата кариера и каква фудбалска икона е. Агуеро со солзи на очите ја соопшти тешката одлука: Не можам повеќе да играм фудбал!
Имал прележано во Јануари 2021, по што твитнал дека е супер и се враќа на тренинг. Потоа имаше одлична полусезона во Сити без поголеми проблеми. Потоа, има вести дека излегол позитивен на рапид тест летово, па потоа, негативен. Во Ноември, во официјалното соопштение стои: "The Argentinian reported chest discomfort and appeared to be suffering breathing problems, although he managed to walk from the field as he was replaced by Philippe Coutinho." Нема податоци дали бил вакциниран или не. Еве го постот на Реддит со сите случаи на колабрирања на спортисти во последнава година. Дали се од Ковид или од вакцини, или нешто трето, сеуште не е разјаснето. Изгледа никогаш нема да дознаеме точно Официјално ФИФА се изјасни дека нема случаи од вакцината: "No evidence. There is no known evidence of a rise in footballers suffering cardiac arrests, nor have any cases been linked to COVID-19 vaccines, according to FIFA."
Нема? Од Јануари до сега многу време е поминато, не знам дали работи ковид пас без вакцина. А животот без Ковид пас бил многу комплициран. Ова од септември:https://www.football-espana.net/2021/09/12/barcelona-vaccinate-quickly-playing-staff
Факт е дека и претходно имало случаеви со колабирања или здравствени проблеми кај спортистите, и никој не негира дека се со зголемени ризици од кардиолошки заболувања. Ама исто така и факт е дека последнава година бројот е се поголем, не откако прележаа туку откако се појавија вакцините и се зголеми притисокот за вакцинација. И да најголемиот број од спортистите се вакцинирани бидејќи најпрвин така им е сугерирано од клубовите, оти никој несака да те плаќа за да не играш. Второ затоа што едноставно неможе да функционираат, да патуваат. Во некои спортови дури неможеш ни да играш ако не си вакциниран, затоа велам најголемиот дел се. Исто така нема потреба да сум доктор за да знам нечија здравствена состојба, кога тие се под таква лупа каде и информации за многу побанални работи се дознаваат.
Кој и како успеал да направи одлука за нашите деца? Ако ти како родител одговараш за твоето дете како може да биде одлучено за твоето дете без твое одобрување? Дека е пандемија од која децата не страдаат, па некако се што ќе направат ние мораме безусловно да прифатиме, послушаме? Колку дози ќе треба да примат дечињата и кој ќе гарантира дека нема да им се случат проблемите настанати после бескрајната вакцинација? Што е следно, ќе ги понижуваат децата да кажуваат кое е вакцинирано и ако не зошто? Ќе бидат дискриминирани од општеството за тие 11 вакцини? За да не се разболеле баба и дедо дека они сега ќе го шират вирусот од пролет? Тој што сака да се вакцинира нека, ама децата сметам дека треба да го прескокнат овој дел или да си направат саглам вакцина без бустери и продолженија и нормално да си отворат јавно од тие документите што си ги кријат. Ugur sahin не се вакцинирал (така изјави самиот), што е негов производ, ама не, ние децата мораме да ги вакцинираме затоа што така било веќе одлучено...
Масовната вакцинација нема да овозможи создавање на колективен имунитет, туку вакцинираните кога ќе се заразат само ќе го пренесуваат вирусот во нова мутирана форма. Тоа секако ја усложнува ситуацијата. Друго, ако вакцината е толку ефикасна немаше да има толку вакцинирани кои се заразени со корона и кои имаат симптоми од потежок вид. Плус во последните 7 дена имаме 15 луѓе кои починале, а биле вакцинирани. Одговорот е ех, па тие имали хринични заболувања... а што другите(невакцинирани) што умираат немаат? А во однос на вакцинација на прележани навистина не ја гледам поентата, тие секако имаат имунитет, тоа е и поентата на вакцината нели?! И тука се поставува прашањето, ако не е толку силен имунитетот, односно антителата од прележаните, тогаш зошто се зема крвна плазма од прележани, а не и од вакцинирани?
Непотребно. Третманот е прогласен за безкорисен, не знам каде и дали сеуште се користи. Се користат моноклонални антитела, тоа е фармацевстки продукт, е тие дадени во вистински тајминг животи спасуваат.
Па, не најдов јас информации дали е или не е. Не би да шпекулирам. И ти немаш најдено такви инфо, туку само проценти од колку биле вакцинирани во Барселона. Најверојатно се има. Е сега зошто тоа јавно никаде не се споменува, ниту тој се има изјаснето и одговорено на тоа прашање, не знам. Ама ете горе линк со 100+ колабрирања на спортисти, па дури и смрт, а скоро сите се вакцинирани и млади. И секако, и ова се држи под тепих и официјално не се истражува. Е сега, нас ни преостанува единствено да шпекулираме, вистината тешко да ја дознаеме.
Немам најдено де, само 99,9 дека се вакцинирани во Септември. Може тој бил тоа 0,1%, кој ќе го знае Никој овде не премислува околу вакцинирање, особено па млади. Нема вакцинчиња, нема колачиња, после секој со среќата. А може да е многу банално чарето, ама кој да знае дури не истражи. А нема што да се истражува, јер се е под контрола. И така...
Нема тука ама најголем дел се, па мора и он да е.Се додека немаш пред тебе напишано тој и тој е вакциниран со таа и таа вакцина не може да си шпекулираме. Секако дека за да најдеш поврзаност помеѓу вакцината и колабирањето кај пациентот треба да си доктор. Луѓе не е пазар ова па да погодуваме, си има испитувања што се прават и се носи заклучок.
Постои тест. Агуеро ако е вакциниран и поради тоа добива срцев удар, баш еве ќе молчи. Со што ќе го замолчат, со пари? Мислам еве сите кријат, сите молчат, ама за обична девојка која почина од вакцина, стопираа вакцина и јавно признаа дека е од вакцина. Ама за Агуеро ќе се крие. Да, секако. Има прележано!!! Треба да престанете да ги игнорирате последиците од короната.
Агуеро. Прележан и без никаква потреба вакциниран како и останатите во клубот. Според последната огромна студија објавена во Nature ,ризикот од миокардитис и пррикардитис кај лица под 40 год.е поголем по мрна вакцината отколку по позитивен тест.
Државата е должна да обезбеди дози, затоа што неспорно е дека има родители кои би се сложиле да ги вакцинираат децата и на возраст 5-11, особено оние кои имаат хронични болести. Оваа нарачка не значи дека ќе МОРА да се вакцинираат, туку секако ќе биде со претходна согласност од страна на родителите и веројатно одобрување од педијатар. Мислењево ти е скроз бесмислено и утка, буквално колку да пишеш нешто.
Ќе почекаме и ќе видиме како ќе е. Како што тргнало, невакцинираните ќе треба online да одат во школо. Мислењето има смисла, само времето ќе си покаже.