Може линк? Јас друго најдов. https://www.herzstiftung.de/ihre-herzgesundheit/coronavirus/corona-impfung-myokarditis Кај вакцинирание 2.7 на 100 000 а кај заболените од корона а невкцинирани 11 од 100 000 со миокардитис. Дополнително се набројани и други заболувања кои настанале како последица на заболувањето.
Кај која возраст? Еве линк,ги има и табелите. https://www.nature.com/articles/s41...jALfqkq4S-nNEfqdjjZgFwVcJxlM9S3o18t8LU2St0ARk
Ама не може овака да се гледа и споредува вирус со вакцина. Баш, напротив вакцината се прима за да нема последици, а не за да има помалку последици од вирусот. 2.7 на 100к не е занемарлива бројка ако се спореди со вирусот каде има 11 на 100к. Тоа е САМО 4 пати помалку од вирусот. Или на 4 заболени од Ковид со Миокардитис, имаш 1 заболен од Миокардитис од вакцина каде свесно се ставила личноста на ризик.
Мислам не, така читав. Ризикот е до 30г, затоа ме чудат драстичните разлики во бројки помеѓу двете студии. Оти оваа што постирав е до 30г баш каде е најголем ризикот и по логика би требало да е со повисока квота од оваа ти што ја постираше. Треба детално да се разгледаат двете и да се спореди причината за овие драстично различни резултати, но мислам клучот е во долгорочните ефекти кај заболените. Доколкуедна студија тестира неколку дена после заболување, па дури и неколку недели, резултатите ќе бидат различни од студијата што испитува дали настанале несаканиве ефекти 1-2 месеци покасно.
Да. Точно. И тоа поголем ризик. Но, многу има невакцинирани кои го прележаа вирусот, за овие две години и имаат антитела кои ќе ги заштитат многу повеќе и вакцина не им треба во моментов. Останатите може едноставно следат мерки и протоколи и гледаат на секој начин да се заштитат од контакт, не се движат во гужви, немаат директен контакт без маски, едноставно се пазат на секој можен начин да не се заразат. Има и трети лица кои имаат ретки имунолошки болести, алергиски реакции на одредени лекови/супстанци/вакцини каде нус појавата од вакцината е многу поголема да им се случи. Од друга страна имунолошкиот одговор на вакцината трае некои си 6 месеци, а како што гледаме во последно време препорачуваат бустери и на 3 месеци во Европа. Значи, со секој бустер се зголемува и шансата да се има нови нуспојави во организмот. А, и никој не гарантира дека со новите соеви на Ковид ќе има исто толкава заштита. Како што се гледа со секој нов сој, заштитата од вакцина се повеќе и повеќе се намалува. Па, еве дојдовме до ниво каде што воопшто не штити од заразување на вирусот, буквално може да се заразиш и вакциниран, и невакциниран. Исто така не штити од ширење на вирусот, може да шириш зараза и вакциниран и не вакциниран. Штити само од тешка клиничка слика, што е одлично и логички е да се прими вакцина за оваква заштита, посебно кај ранливите категории со заболувања, коморбитети итн итн. Знаејќи го сето ова, секој свесно и логички ќе размисли колку вреди или не вреди да се подложи на тој ризик од вакцини, или пак да оди со другава варијанта, полошата. Зборуваме овде чисто филозофски, морално, етички и на секој друг начин, пошто секој човек треба да има пристап до овие податоци и транспарентно да се прикажуваат во јавност за секој индивидуално да си донесе одлука, а не да биде присилен и уценуван на оваков или онаков начин да прими вакцина. Муабетов беше конкретно за спортистите па ќе продолжам во таа насока. Сите се под 40 години, а најчесто се под 30 години. Старосна група каде има далеку помал процент за тешки последици од Ковид, иако, како што рековме има далеку поголема можност да се има тешки последици отколку што може да се случат такви нус појави со вакцината. Многу од нив и го имаа прележано вирусот поради огромниот број на секојдневни контакти каде буквално немаа можност да го избегнат. Беа ставени во приоритетите кога беше прашање вакцинирањето и на секој начин опресирани за да примат вакцина, 2 дози, па 3 доза бустер, сега ќе биде и 4 доза итн. итн, од што на многу од нив им зависи кариерата бидејќи без ковид пасош не можат никаде да патуваат, а неретко добиваат и санкции од самите клубови ако не се решат да се вакцинираат. И секако, додатно ги тестираат пред секој меч, а еве имаме повторно цели тимови кои се заразени и одат во карантин (Ман Ју и Тотнем моментално). Кога сме кај присилна вакцинација, имаме пример од следното Европско првенство 2022, каде сите ракометари мораат да бидат вакцинирани или немаат право на учество. Поради ова, неколку млади имиња од нашиот ракомет мораа да бидат отфрлени од листите на Македонската репрезентација затоа што не сакаа да примат вакцина, со што им се оневозможува кариерно растење и надградување и кариерата ќе им стагнира. Зошто да бидат на овој начин "приморани" да се вакцинираат ако претпоставиме дека досега не се вакцинирале свесно поради некои од горенаведените причини (прележан ковид, ретки имунолошки болести, алергии, реакции на вакцини) или едноставно затоа што имаат право да одбијат вакцина поради лични ставови и да решат да одат на другиот, поголем ризик? Каде е тука морално - етичката страна и правото на индивидуален избор во ваква ситуација каде било кој избор да ја избере индивидуата, последиците ќе бидат само и само нејзини? Ако има последици од Ковид, самата индивидуа ќе ги трпи. Ако има последици од вакцина, пак, самата индивидуа ќе ги трпи. Кога веќе доаѓаме до заклучок дека и двата избора сносат ризик, а вакцините не се решение за крај на пандемијава, тогаш, барем да не ги условуваме луѓето на било кој начин да ги примат, туку да оставиме на нивното сопствено расудување да направат одлука.
Што е поразлично од задолжителната вакцина со морбили? Јас деца не смеев да пуштам во градинка без вакцина(или потврда од лекар). За мене се двојни стандарди таму еден муабет тука друг. Правото на избор на поединецот од поодамна се ограничува во полза на општото добро и мнозинството, само некогаш е сто стапа по туѓ грб, некогаш еден на свој.
Детето за жал имало срцева аномалија од детство и препорака да не се занимава професионално со спорт.
Мене ми е многу жал за ова и можам да ти кажам дека се сочувствувам со тебе и низ што си поминала во такви тешки моменти. Знам затоа што и јас сум примил 100 стапа на мој грб ниту крив, ниту должен. Во врска со епидемијата на морбили ниту бев доволно запознаен, ниту присутен на форум кога се водела таа дискусија за да дадам сопствено мислење. Од денешна гледна точка, епидемија на морбили повеќе не постои, што значи вакцините беа успешни. Во случајов со Ковид, не е така. Вакцините не ја спречуваат пандемијава, не се ефикасни како што се очекуваше, има голем број на нуспојави... Затоа и не треба толку да се форсираат, туку да се бара друго решение.
Знаеш што е поразлично? Што не смееш да ги пуштиш на градинка. На училиште може и мора да ги примат. Ете толку е ограничувањето, колку што ми е познато. Исто така, заушки имам прележано. Никој не ме тера да се вакцинирам од заушки, нели? И исто така, за овој вирус, како и за нему сличните респираторни вируси- колективен имунитет не постои. Секој се вакцинира за себеси. Така што така.
Можеби ако беше задолжителна вакцинација од старт, цел свет, ќе беше и ковид искоренет. Или не ама не можеме да знаеме.
Не е целосно точно. Предмесец добив повик дека не ми ја признаваат повеќе потврдата, дека морало да е временски ограничена. Па гњавење, повици од министерство, додека зборот никогаш го прифатија. Така да верувам ич немаше да беше толу еднставно доколку не прифатија.
Па, тие што се прележани од морбили не треба да се вакцинираат, додека кај ковидов небитно е дали си прележан или не. МОРА да се вакцинираш
Site prvo taka pocnuvaat I kako so vozrasnite prvite ke primat Voda za da prekazuvaat deka nemalo nus pojavi pa ke state zadolzitelno I posle ke ima umiracka dodeka ne zaigra metal vo celo taka ke igraat globalistite soros rotsild gejts swab gebrejsus pederot vo suknja sto go fatile I karmin na ovaa Tema e zaludno da se zboruva koj ne svatil dzabe e nema ni da svati