Џони, ќе испуштеме нешто паметно Еве како ќе научевме дека љубов водење без гушкање нема Јас се чудам како не кажал грлење, оти често го употребува зборот, па цел свет да го разбере
Аман па на вас не ви се погодува. Ако се вакцинираат први, зошто се вакцинираат први и трошат од вакцините на оние на кои им се најпотребни?! Ако не се вакцинираат, ете не се исправни вакцините за тоа не се вакцинираат. Битно стигнаа најпосле. И секоја вакцина е подобра заштита од ништо.
Ќути бре, сакаше да каже и се е*е без да и влезе, арно не му се испушти ама на врв на јазик му беше, осеќам тиква
Не слушнал човекот за доги стајл Биљо, Зоќи наш, бисер негов, што ќе ти е јасно Готов беше Среќа се воздржа, па најде алтернатива
The myth of ‘good’ and ‘bad’ Covid vaccines: Why false perceptions overlook facts, and could breed resentment
Не знам дали има добри и лоши ковид вакцини, знам дека има различни вакцини со различни нус појави за состојби различни од Ковид. И тоа е факт, не е ниту конспирација, ниту пропаганда.
И со различна ефективност, иако можеби тоа не е многу битно. Според многу виролози, вакцини над 55-60% ефикаснот се добри, одлични. Засега сите се над таа ефикасност, освен кинеската Sinovac (50% ефикасност)
Штом Филипче не се вакцинира значи има нешто, демек да оставел за другите повеќе мижи асан да ти баам. А, била една доза, а не била. Штом министер за здраство одбегнува да се вакцинира....
Чоекот можеше комотно да се “вакцинира” со водичка или витаминче пред очите на јавноста и тогаш топ ќе ви беа вакцините... Е сеа едино себичен ќе беше пошо тогаш за таа една доза ќе се фатевте. На народот никогаш не му чини.
Он и со водичка ќе се вакцинира пред сите кога ќе треба. Сигурно немаше никој да се фати за таа една доза вака многу сомнително излегува. Зошто па да не се вакцинира??
Да имавме милион дози, ај па да се чудиш зошто не примил веднаш вакцина, ама вака со изброени 4680 дози, за 2340 здравствени работници кој работат во Ковид центри , не знам зошто се чудите. Филипче работи во канцеларија, дневно нема контакти со Ковид- пациенти, а ниту со многу други луѓе, освен ако нема некоја обиколка (ама пак, вработена во маркет на каса има повеќе контакти дневно). Од друга страна пак, Трајанка работи во Ковид центар, значи секојдневно има контакти со многу пациенти заразени со Ковид, и тоа за долг временски период (8- 12ч., не знам колку точно им трае смената). Е сега, Трајанка е 2340-та на списокот за вакцина, ама нема да ја добие оти требало министерот да се вакцинира за да се увериме во квалитетот на вакцината . Ви има логика? Мене воопшто. Сакам да знам како Филипче би требало да има приоритет пред Трајанка.
https://makfax.com.mk/makedonija/филипче-ќе-се-вакцинира-во-некоја-од-сл/ Ќе се вакцинира со следната пратка.
После ќе се бунат зошто Вилипче примил на Фајзер, а не кинеската. Факт е дека пошироката популација со кинеската ќе се вакцинира кај нас. Нема да има за сите од фајзер... Не можат крајот да ни го фатат...
Во ситуација со олкава голема недоверба кон вакцините, единствено исправно што можеше да направи Филипче, за да ја крене свеста за вакцинирањето и да ја стиши недовербата, беше самиот тој прв да ја прими вакцината!!! Ама.... Филипчо видовме како ја води пандемијава, па не ми е чуден и ваквиот негов потег
Од каде податоци за недовреба во вакцини. Немаме кај нас истражување релевантно за недоверба. Имаме само полуписмени новинари кои шират фама и паника. Првите дози се за заштита на најизложените на КОВИД, лекарите од КОВИД центрите па потоа сите останати. Според тоа нема зошто да вакцинираме министер со вакцина од која имаме малку дози.