Не паничи само, ако имаш симптоми на вознемиреност нема да знаеш дали ти е од страв или од вакцината тоа што го осеќаш. Мислам нема жив човек што не му било страв кога ја примил оваа вакцина за ковид, за разлика од сите други кои ги прима во животот и вакцини и инекции.. И мене ми беше страв за првата доза, сама плус отидов на пункт, со кола, зошто маж ми ме откачи дента за друштво. Ама џабе мислата и секирацијата. Ништо не ми стана ни таму ни после.
i jas sama otidov i toa pes od pust strav vikam ke idam sto saka neka bide,a nadvor severov siba sto da ti kazuvam,inaku i ciklus mi ide vajda,sto ke bide neka bide
Чувај се на топло, пиј течности, чајче нешто да те згрее. Нека ти биде вакцинава изговор за да се одмараш почесто оваа недела и така ќе си побара телото послаб ритам и relax.
na odmor sum taka da ke ja presedime doma nedelava,daj boze samo nisto da ne mi e,za detevo vaka bev isplasena ispanicena,sega za mene
Њу Јорк, нови хоспитализирани (18+): * вакцинирани хоспитализирани на 100 000; невакцинирани хоспитализирани на 100 000; ефикасност на вакцините.
Поминав ковид 2020, 2021 Април се вакцинирав со синовак, ревакцинирав во Мај со синовак, фатив ковид пак во Октомври 2021, сега натегаат со фајзер бустер доза, и не знам, на две страни сум замислена, нема испитувано антитела.
И симптоми и позитивни два теста и во двата случаеви. Сеа со постковид последици - голем замор и многу мала кондиција едвај 1 км и ме гуши, проследено со сува кашлица. Као после 6 месеци од ковид поминува
Дали имате информации за вакцините со поминат рок во декември на кои им е продолжен рокот за 3 месеци? Во кои пунктови се ставаат овие вакцини и дали има и вакцини за кои нема потреба од продолжување на рокот?
Фајзер даде одобрување за продолжување на рокот на вакцините за +3 месеци, на глобално ниво, со што во моментов ние немаме вакцини со поминат рок. Имавме вакцини чиј рок завршуваше на 01.10.2021, донација од Бугарија која стигна средина на 9. месец и беа уништени веднаш откако им истече рокот.
А дали може во Србија пример Врање да се вакцинираат македонци со прва доза и кои се условите сега за влез во Србија?
Папата Франциско денеска изјави дека вакцинацијата против коронавирусот е „морална обврска“ и ги осуди луѓето кои биле охрабрени од „неоснованите информации“ и одбиле една од најефикасните мерки за спасување животи. Поглаварот на Римокатоличката црква (85) употребил силни зборови повикувајќи ги луѓето да се вакцинираат во говорот пред амбасадорите акредитирани во Светата столица, пренесува агенцијата АП. Според американската агенција, папата избегнал да зборува за вакцинацијата како „морална обврска“, иако неговото советодавно тело за Ковид-19 го нарече „морална одговорност“. Вакцинирањето го нарече чин на љубов, а однесувањето на луѓето кои одбиле да се имунизираат, го нарече „самоубиствено“. Тој, исто така, истакна дека поединците имаат одговорност да се грижат за себе „и дека грижата за себе се преведува во почитување на здравјето на оние околу нас“. „Здравствената заштита е морална обврска“, рече тој. Тој се пожали дека се повеќе идеолошки поделби ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат. – Луѓето честопати дозволуваат да бидат под влијание на идеологијата, често поткрепени со неосновани информации или слабо документирани факти – рече папата Фрањо. – Вакцините не се магично средство за лекување, но секако претставуваат, меѓу другите третмани што треба да се развијат, најразумното решение за превенција од болести – додаде Папата. ©Makfax.com.mk
Нека си ги средат страстите врз младите момчиња па нека делат совети. Одвратно глумење лудило. Нека си ги применат чиновите на љубов меѓу нив и да нека си го исчистат нивниот двор. Педо совети, не фала.
За една недела треба да примам втора доза Фајзер. Но, слушнав дека од 1 Јануари наваму почнале да даваат вакцини со поминат рок и премногу се плашам да ја примам. Дали некој знае вакцинални пунктови каде што се даваат вакцини со валиден рок? Ви благодарам.
Никаде не се со поминат рок, туку глобално рокот на вакцините е продолжен од самата компанија Фајзер.
Слушнав за тоа, меѓутоа кој ни гарантира дека нема да има несакани последици? Сепак, станува збор за хемија, а не за расипано јајце и сл. Како и да е, ви благодарам уште еднаш за одговорот.