Тоа не е туку така продолжено, сигурно се базира на податоци со кои компанијата се стекнала изминатава година дена на аплицирање вакцини. Првично бил ставен да биде 6 месеци, па со текот на времето се увидело дека вакцините траат и повеќе од тоа, односно 9 месеци. Пак ќе напоменам, да не беше продолжен рокот од компанијата, вакцините ќе беа уништени, како што беше уништена една количина во Октомври.
Многу би сакала да можам да верувам дека е така. И дали таа количина е уништена по завршување на продолжениот рок или, пак, по завршување на првичниот рок на траење?
Тогаш роковите не беа продолжени, па беше уништена веднаш по завршувањето на рокот на траење. Се работеше за донација од Бугарија пристигната во средината на Септември, со рок на траење до 30.10.2021 ако не се лажам, а веќе во првите денови на Октомври беа уништени.
Ако има други експериментални глувчиња како мене, коишто се вакцинирале или ќе се вакцинираат со Фајзер вакцините со продолжен рок по истекувањето на првичниот рок, нека споделат искуства и свои мислења, заедно да се тешиме.
Кога ја прими втората доза? Прими Фајзер со поминат рок? Ако е така, ме интересира какви симптоми имаше, дали во вакциналниот пункт ти кажаа дека примаш вакцина со истечен рок и дали заради ослабеното дејство на истата ти сугерираа да примиш трета доза?
Не знам за рокот не ја примив во Мкд. Мислев ќе прашаш нешто друго. Втората доза ме тераше на спиење и го преспав денот. Се спремам за бустер сега.
Една студија сега објавена за корелација меѓу мРНА вакцините и тироидната жлезда. Thyrotoxicosis following SARS-COV-2 vaccination: a case series and discussion https://link.springer.com/article/1...TvqfJIFCnGI8SZRD7J4GIMRZ6Fbc-OlfJKHuaKWrasubM
Денес примив 3та доза Фајзер во Јане Сандански...првите две ми беа Синофарм примени во Србија( немав никаква реакција од нив)...се надевам така ќе биде и со Фајзеров .Со лесно на сите
Јас примив Фајзер прва доза во јануари во Букурешт и кога прашав дали се со поминат рок вакцините ми кажаа дека рокот не им е поминат туку им е регуларно до крајот на месецот т.е. 31.01.2022, ми го покажаа и шишенцето на кое стоеше тој датум. Пак потпрашав дали тоа значи дека им е продолжен рокот за 3 месеци и кажаа дека тие на кои им бил продолжен рокот уште не биле пуштени во употреба, Така да стави си побрзо месецов. Симптоми имав болна рака ден и пол. Исто и другарка стави трета доза во Јане Сандански со рок до 31.01.2022.
Единаесет дена се поминати како ставив прва доза фајзер а маж ми има позитивен пцр тест. Дали првата доза од пред 10 дена би придонела да полесно се помине вирусот доколку се заразам или напротив периодот помеѓу прва и втора доза е најпроблематичен и потешко би поминала неголи да не сум вакцинирана?
Гледам тука е подинамична дискусијата, па да прашам дали има некој паталец ко мене за совет. Не сум вакцинирана заради бременост и високи ддимери во текот на бременоста. Се породив крајот на декември и се мислам кога да се вакцинирам. Се стеснува кругот некако околу мене, страв ми е како би поминала ако ме стигне Ковид невакцинирана, а страв ми е и да се вакцинирам дур закрепнувам од царски и се учиме да се доиме. Шо правите во вакви/слични ситуации?
Како ќе те заштитат вакцините од мутираниот сој? Никако. Џабе ќе ставаш сега, Омикрон заобиколува имунитет. Почекај, ако треба, барем со модифицирани вакцини. Сега стварно нема смисла.
Нели штити од смрт? Мене тоа ми е доволно. Да кивам, кашлам и сл не ми е проблем. Не ми се оди во болница и не ми се остава едномесечно доенче само дома.. или да оставам деца сирачиња. Во последно време многу смрт имаше во близина, млада мајка се породи и почина без коморбидитети, млад познаник доби пневмонија и почина, една пријателка од поздравите што ги познавам едвај куртули.