Омикрон не дава тешка клиничка слика. Да внимавате единствено, оти навистина не знам колку штитат против новиот сој. Некои велат дека сепак и со овој сој вакцинирани минувале лесно. Во моја околина минуваат баш ко настинка.
Моите се вакцинирани со 3 дози, плус прележаа еднаш во во јуни, еве пред 3 недели беа по втор пат позитивни и тоа се тешка клиничка слика. Свекарот не вакциниран сега втор пат позитивен лесно го пррлежа бирусот. Така да мислам дека вакцините не вршат работа, се си зависи до организмот.
Токму така. И моја вакцинирана блиска личност го собра вирусот од друга вакцинирана личност. Заврши во болница со пневмонија. Немаат некое дејство вакцините, на крајот сѐ е до борбата на самиот организам. Сите да се изборат само, дај Боже.
Фајзер бустер - полошо се немам осетено,едвај гледам. Вчера ме тресеше, на парацетамол сум цело време, после почна да ме боли грло и снагата и да кашлам.Па глава ме фати и на крај цело тело. На раката имам огромно топче. Значи ме утепа тотално.
Сите околу мене се заразуваат периодов и се вакцинирани и не минуваат баш лесно јас сум вакцинирана со синивак и баш се плашам да не се заразам и лошо поминам
Со синовак се вакцинирав во Август минатава година. Немав никакви последици, ниту рака ме заболе ни ништо. Корона прележав сега на почетокот на Јануари, делта сојот, прилично лесно поминав (ако не ги рачунам неколкуте панични напади што ги имав на крајот од нигде никаде) а од последици сѐ уште имам затнат нос. Мислам дека вакцината игра голема улога и се си мислам дека ако не бев вакцинирана немаше да поминам така лесно. Иако на почеток бев решена дека нема да се вакцинирам, се премислив гледајќи се лошо што се случува, а искрено во моментот кога дознав дека сум позитивна посакав да бев вакцинирана со фајзер. За бустер размислувам ама не можам да се решам.
Па сега веднаш не ама... Понатаму зависи како ќе се одвива пандемијата. Јас стварно се исплашив, светов стана страшен на некој начин.
Јасно ми е сите сме исплашени ама ме дека нешто и бустерот ќе ти смени секако со посигурна сега откако си прележала него само вакцинирана
Како си? дали ти потпоминаа симптомиве? те читав претходно дека се спремаш за бустер доза со Фајзер.Ме интересира претходно со која вакцина беше вакцинирана? Дали го имаш прележано вирусов? Јас исто минатиот вторник на 22 Јануари примив бустер доза Фајзер и освен првата вечер малку болка во раката ништо друго не почувствував, но претходно бев вакцинирана со 2 дози Синофарм во Србија исто никаква реакција.btw го немам ни прележано вирусов па може и тоа да има некаква поврзаност со реакција од вакцините.Којзнае ова само претпоставка од тоа што го гледам од луѓево околу мене
Јас немав план да ставам бидејќи добив информации дека нема веќе Фајзер, случајно отидов да прашам во истата клиника каде што ги ставив претходните две Фајзер исто, дали имаат останато Фајзер и се погоди баш истиот ден да вакцинираат со таа вакцина. Не се ни спремив ама два дена добро ме утепа. Подобро сум сега,се чувствувам енергично. Инаку се немам заразено воопшто и се молам така да остане, јас си пијам витамини секое утро после јадење. Многу пазење треба, водење хигиена. Чувај се.
Третата доза е за сите коишто сакаат да се вакцинираат,нема старосна граница ниту некое друго ограничување,се става по шест месеци од втората доза.
Знае ли некој зошто до 25/30г (ако си со фајзер 2 дози) те вакцинираат со фајзер а ако си над таа возраст со Модерна?
На татко ми сите 3 дози му беа со фајзер, и на мои роднини што се околу 30-40 само со фајзер се. Зарем не треба да си кажеш дека со фајзер треба ? Можеби снемале фајзер
Зошто волку црни сценарија си правиш? Многу луѓе прележавме разни соеви корона и без вакцина. Ајде малку попозитивна биди посебно треба да ве радува омикронов што полека го замени делта сојот, така што и за невакцинираните ќе пројде без посериозни проблеми. Денес баш бев кај матичната, ми вика нема кој не е болен од омикронов, глава неможам да дигнам од работа, луѓево се толку испаничени од секаков симптом, вели ми доаѓаат само со затнат или растечен нос, џабе ми одземаат време.