Сакам да упатам до сите што не се вакцинирани да се вакцинираат Јас не бев вакцинирана не сум Антиваксер, цело време некако си одложував ајде денес утре па ајде да не е со фајзер као полесно кинеска да на крај закачам ковид го фатив делта сојот и завршив на инфективна 17 дена,од кои 14 дена бев со температура првите дена до 38 ' а потоа стигнав до 40, заработив масивна пневмонија фатени две бело дробни крила Ситуација веќе одеше во критична фаза. 3 антибиотика, инекции, инфузии, кортико, и некако извлеков жива глава. Да напоменам здраво се хранам не сум пушач, ни пијач немам никакви заболувања и поминав тешко многу. Уште имам замор, тежината во градите, дишењето е по различно од пред ковидот ми треба да земам повеќе здив да земам воздух. Напоменувам до сите да се вакцинираат сигурна сум да бев вакцинирана ќе пројдев со полесни симптоми. Ова е мое искуство и мој апел за вакцинација, може вакцините не штитат од дека нема да се заразиме ама од ваква тешка клиничка слика сигурна сум дека штитат.
Со помин нека е, јас се одлучив да се вакцинирам ама дента кога сакав да одам ми се појавија симптоми. Деффда заврши ова ќе се вакцинирам. Колку време после прележан ковид може да се вакцинира?
Да прашам дали кај нас вакциналните сертификати имаат рок? На страната на МНР не најдов инфо, ама за секој случај да прашам. Планираме да патуваме следната недела, а вакцинирани сме во јули? @Ahoy ? Да знам со време да правам рапид тест.
Мислиш за влез назад во Македонија? Немаат важност, ќе ти важат. Освен ако не сменила нешто новава Влада сега брзо, ама немам ништо такво прочитано.
Фала. Маж ми беше позитивен пред некое време, па тој епидемиологот му рекол нема да ви важат сертификатите. Баш ме зачуди? Најверојатно мислел за ЕУ, таму може да не важат. Ние секако во Србија ќе патуваме. И за излез бараат нашиве. Фала ти.
Единствена промена која ми паѓа на памет е дека веќе контактите кои се вакцинирани, а поминале 6 месеци од втората доза, сепак ќе одат во изолација, а не како до сега сите да не одат.
На 300 илјади вакцини на Фајзер до крајот на месецов им изминува рокот 41% население вакцинирано со 2 дози, 128 илјади со трета доза, секој ден умираат десетици луѓе од ова чумава ( уште има делта кај нас не е само омикронче), ама на народов не им иде памет да се заштити. Ве молам анти ваксери скокнете го постов и не ми реплицирајте, доволно имам кажано и ми имаат кажано Бог да го/ја прости за да ја маргинализирам чумава.
Намислив утре да се вакцинирам, а со вестите за уништување на вакцините сега не знам со што боцкаат и дали боцкаат? Кој малер сум: останав бремена пред да стигнат вакцини, ми дојде покана за вакцина во прво тромесечие од бременост кога никој не препорачува вакцина, во другите две тромесечија кога е побезбедно имав проблеми со ддимери.. поминаа скоро два месеци од пораѓај, закрепнав малку, и сега да нема вакцини пак?!
zdravo decki,a sto so onie primerno kako mene,prelezani so delta sojot,ednas vakcinirani so Fajzer i povtorno prelezani so omikroncevo,vtora da ima buckanje ili nema potreba,dobro sme bustirani po priroden pat od prelezuvanjevo?
Јас не би се боцкала никогаш. Посебно не откако два пати сум прележала. Мојот став беше таков и после едно прележување. Мојот имунитет природно сум го стекнала, и секој нареден контакт со вирусот неможе да биде полошо од минатиот пат.
Прашај лекар најдобро за твојава ситуација. Навистина е специфична. И види во врска со тие Green Pass сертификати што ќе ти кажат. Што и како ќе ти важи.
Во грција оние кои имаат оримено втора доза пред 7 месеци а немаат примено трета доза се водат како невакцинирани!! https://a1on.mk/region1/za-vlez-vo-...-poseta-na-zatvoreni-objekti-do-sedum-meseci/
za covid pass me e gajle iskreno,sepak mislam edna doza i dve prelezuvanja dosta sekaj mene se e taka vo zivotov,zosto da bide ednostavno koga moze specificno i slozeno,uzas bre
Е што има тука специфично? А колку што знам Данска ги укина и сертификатите за влез во објекти. Баш и' се олеснува работата на женава.