Добив порака од вакцинација.мк дека имам термин за да примам трета доза, инаку лично не планирав да одам волку брзо бидејќи прележав корона во јануари.
Ако си прележала скоро, нема потреба од трета доза, не е битно дали имаш термин или не. И јас прележав скоро и не планирам во блиска иднина трета Сепак еве, нека кажат и другите
3 пораки ми пратија и дури и ми се јавија на телефон ме бараа да сум одела. Најверојатно намали заинтересираноста за вакцинација поради најавеното олабавување на мерките, па затоа форсираат за трета доза. Едвај најдов термин за да ги примам првите две дози, пак сега за третава сто потсетувања. Во секој случај не ја примив, пребрзо имам прележано и некако ми беше страв. Страшно е што со секој доктор што се консултирав ми рече дека било моја одлука, сама да сум решела дали сакам или не. Никој не знае точно да ти каже што да правиш. Додека ми трае сертификатов за прележан ковид нема да примам бустер, понатака ќе видиме.
Дали некој знае како е во Букурешт сега со раб време за вакцини? Може попладне или во сабота да отидам?
Pfizer’s COVID-19 Vaccine Goes Into Liver Cells and Is Converted to DNA https://www.theepochtimes.com/mkt_a...7594.html?utm_source=partner&utm_campaign=CFP https://www.mdpi.com/1467-3045/44/3/73/htm
Кузнај во шо ќе мутираме Убо ќе биди ако еден од симптомите е некоја супермоќ. На пример, да читаш мисли
Јас сакам да можам да читам туѓи мисли. Оти најчесто она што луѓето ти го кажуваат и она што навистина го мислат, не е исто. Во превод, сакам да знам кој ми псуе мајка дури ми се смешка и ми вели 'Повелете'
Малку надвор од тема: Имаше една реплика во еден филм, и одеше отприлика вака:"Научи да го слушаш не она што луѓето ти го кажуваат, туку она што го премолчуваат". Ете ти начин за "читање"
Здраво,сакам да се вакцинирам во понеделник,во мај ќе одам во странство и ќе мора да сум вакцинирана но ме интересира колку е растојанието помеѓу првата и втората доза на вакцина? дали ќе успеам до тогаш да ги примам и двете
Дали некому досега се јавиле зошто не отишол на термин за трета доза? Нели е доброволно или јас имам нешто пропуштено?
Ти се имаат јавено зошто не си дошла на трета доза? Зар прашуваат? Мене ми стигна СМС со термин за трета доза за утре. Се прашував дали да го скокнам утрешниот термин, да одам за викенд зошто мене повеќе ми одговора така.
На мајка ми. Ѝ стигна смс со термин и не отиде. 2 дена по терминот ја побараа да каже зошто не отишла. И наводно запишале дека сепак ќе оди.
Тоа со пораките на сите постари стига зашто немаат таму евиденција кој кога прележал. И на моите им стигна. Ама не им се јавиле зашто не отишле. Како и да е, не гледам причина да се објаснувате зашто секако ко шо реков, таму не се замараат дали си прележал или од друга причина не можеш да примиш, битно ти даваат термин.