Па искрено не сум постара. 42 имам. Последна категорија бев кога ја примив вакцината. Ама еве ми стигна смс. Прашав затоа што мене ми е битно. Размислувам дали да одам на терминот или да одам некој ден подоцна. Ме интересира колку е битно и за нив да си на терминот зашто не сакам да си комплицирам ни за себе ни за нив. Не ни очекувам некој да се замара за мене лично, ама очекувам дека се замараат за општите бројки. Секако треба да си организираат работа и да направат план нели?
Па не знам од која возраст, мене и на луѓе до кај 30 што ги знам не добиле. А и да ми стигне, прележав скоро на брз така што не би знаеле таму и затоа нема што да им се правдам. Мислам за трета можеш кога сакаш, ипак може си прележала скоро, како да знаат они?
После примена трета доза, за колку време се издава сертификат? Ѕвонев низ пунтовиве, никој не се јавува..
Здраво, вакцинирана сум со две дози Синовак, сакам да патувам за Германија која не ги прифаќа овие вакцини. Дали знае некој доколку примам трета доза Фајзер ќе смеам да патувам?
Да ама веројатно ќе треба да поминат 2-3 недели од примањето, прочитај си на страната на германската влада. И можно е сепак да ти бараат тест.
Да ве прашам, ми стигна смс за закажан термин во јане за вакцинација, меѓутоа јас немам закажано, инаку воопшто не сум вакцинирана. За што би можело да се работи?
И мене денес ми стаса термин за трета доза, а јас веќе примив трета доза на 07.03. Јас досега мислев дека поракава е за баба ми бидејќи е регистрирана со мојов број. Сега дури отворив очи дека го пишува моето име.
Ve molam za pomos Mi pristigna poraka deka sum imala zakazano za vakcinacija, a ja ne sum ni na maticen pojdena a ne sakam ni da se vakciniram zaradi toa deka sum bremena,dali trebit da pojdam negde da im kazam deka nemam zakazano ja za vakcina?
И на татко ми му стигнала порака да се вакцинира со 3та доза, а тој ниедна нема примено Не се појавувај. Не можат да те принудат да се вакцинираш ако не сакаш
И мене ми стигна за трета доза. Во јуни примив втора, во март ми беше терминот. Јас го искористив и се бустирав пред две недели. Не жалам што ја примив (иако сите ми викаа немој за џабе е, главата тупан ми ја направија) зашто еве сега муж ми кој нема ниедна доза примено е со реинфекција, а јас сум ок.
Пораките се праќаат на сите кои немаат примено ниту една доза или примиле две ама е поминато доста време па им закажуваат за трета. Ако не сакаш да одиш не одиш. Нема потреба да се јавуваш за да откажеш.