Мене ич не ме интересира Филипче дали ќе се вакцинира или не. Ако го чекам тој момент за да донесам одлука дали да се вакцинирам, џабе ми е. А демек еве не чинат вакцините, и затоа круцијалниот персонал прво ќе го избоцкаме Мене само ми е сето ова многу трагикомично. Март дојде, ние со една донација вакцини за едвај 2000луѓе сме. Толку неспособна влада. Колку и да има изговори, ништо не е доволно. Срамно и жално.
Па, не сум слепа, гледам што се случува низ народов Не ми требаат треторазредни новинари за да ме „информираат„ Башка, гледај го одзивот на вакцинација.мк, ќе ти стане јасно. Не е ова само кај нас, во светски рамки има недоверба кон вакциниве, затоа и толку притискаат со разно/разни начини за да ги натераат луѓето на вакцинација.
Ај, ќе правиме муабет за некој месец. Џабе зборам сега. Патем, вакцинални пасоши што се ако не притисок? А, ова е само почеток, како тргнале, ехехееее...
Што знам, мене еве никој не ме притиска. На работа ме прашаа сакаш да се вакцинираш? Да. Дома исто. Никој никаде не ми рекол дека мора да се вакцинирам. Буквално пријавувањето е кој сака, кога сака.
А нели прави операции министерот? И тој е здравствен работник, ок , не е во прва линија со Ковид, но сепак е доктор. Сега ок, не мора да го распнуваме за постапкава, ама голема недоверба има. Како што имаше теории дека ковид не постои сега ќе има теории дека вакцините се вакви такви. Лично мене единствено нешто што би ме спречило да се вакцинирам е тоа што вакцината се направи многу брзо за вирус кој нели велат уште е неистражен, непредвидлив и слично. Па ние сме нација која ја избегава мрп вакцината нели која со години е во календарот за имунизација, а сега вака наеднаш нова. (Ова онака саркастично го кажувам)' Јас сум за вакцини и доколку има добри резултати во светот а и кај нас, можеби би ја ставила.
Да се вакцинираше прв Филипче коментарите ќе беа буквално: Себичен, се вакцинира прв а за докторите нема вакцини, каков е тој министер прво за себе да земе кога имаме толку малку дози итн итн. Ќе се вакцинира со следната, не знам што ви менува толку дали ќе се вакцинира сега или за 2 недели -1 месец. А за недовербата на голем број од народот, нив ништо не ги оправа, ни вакцината за Венко ни ништо, за секоја ситуација ќе си создадат своја замислена верзија.
За делот со вакцинирањето си скроз во право, за остатокот сите вие кои го критикувате и Филипче и нашиот здравствен систем дека потфрли и слично, еве со лични примери ќе ви кажам дека кај нас не е воопшто лошо и дека надвор и во Германија и Словенија, народот добива само тест побрзо. Друго ништо. Ни матичен ѕвони секој ден, нема крвни слики, нема димери, нема ртг. Само ако ти е лошо, а тоа е ако сатурација ти е под 90 и имаш температура над 14 дена. Се друго е нормално. Антибиотик нема, витамини сам си купуваш, изолација е 10 дена од појава на прв симптом и тоа никој не те проверувара. Контакти само домашните. Дали одговоривме лошо на пандемијата? Не! А да не зборувам за затварањето и ефектот од истиот. И ова не го зборувам заради тоа што го сакам Филипче, напротив уште стојам на ставот дека мораше да се вакцинира прв, ама дека лошо менаџираше со оглед на нашето здравство, епа дечки, треба ореден да му се даде. И не зборувам напамет. Цела фамилија ми е со корона, од кои мајка хронично болна, со температура втора недела и со хронична пневмонија. Не добива еден е*бан преглед. Татко со дијабет е без терапија, плус притисок. Он ни крвна слика не добива. Затоа намалете со недовербата и плукањето кон медицинскиот персонал, оти не е најлош. Некогаш се правеме поголеми доктори и од нив.
Знам дека си добро, да те прашам за "побитните" работи Сертификат доби за примена вакцина? На Македонски е или може и на Англиси? Дека за на море треба де...
И Бразил не ги бива, како ја водат вакцинацијата https://www.aljazeera.com/opinions/2021/2/1/brazils-covid-19-catastrophe-nothing-less-than-criminal Израел како се справува, не би сакала да видам во живо. Сега не можеш да кажеш дека беџот е жолта ѕвезда, кога самите евреи го измислија, нели https://www.france24.com/en/live-ne...-to-open-services-to-vaccinated-stirs-concern И секако, политичарите не чинат Netanyahu's pandemic response has faced criticism, initially over his decision to re-open the economy too quickly as the first infection wave ebbed. More recently he has come under pressure over failures to crack down on ultra-Orthodox Jews -- the premier's political allies -- many of whom have openly flouted lockdown rules. The veteran premier is hoping that his success in vaccine procurement and rollout will help him keep his job, even as polls suggest he may struggle to forge a majority.
Ова знаеш како испаѓа, народот секаде знае како, политичарите не. А и види, што има многу политика, има. И друго, како кај нас бројката е стабилна, во мојот град два дена веќе нема случаеви, а има и британски сој? Состојбата во болниците е стабилна плус. @CameliaMiller со лесно
Ама ова ич не треба да биде политичка работа, од самиот почеток. Пошто е политичка, е вакво какво што е. Кај беше, кај прочитав- од ЕУ им рекле на русите, немаме интерес за вашата вакцина, не е соодветна со нашата политика или нешто така. Втф, вирусов и политички определен бил
Да ме видиш, прво на забар бев, уште анестезијата ме држи, како пареза да имам сум Ако почнам да фаќам extraterrestrial сигнали ќе кажам џипет, чип, се' најново од технологија си имам
Е здравствен работник, ама не е толку изложен. Во моментов е министер, па потоа лекар. А за имунизацијата веќе има ефекти во Израел. Намален број на смртни случаи и компликации од КОВИД. КОлективен имунитет немаат шанси да достигнат барем за сега зашто имаат мноду деца под 18 години за кои сеуште не е одобрена ниту една вакцина. Ама страшните ефекти од КОВИД им се многу намалени и трансмисијата им е помала.