Ама ни јас не реков дека е инхерентна теорија на заговор, во минатото се случувало и многу полоши патогени да излезат од контролирани услови (https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_laboratory_biosecurity_incidents). Само се додека не знаеме точно, се останато е шпекулација. Имаме и вакцини за ротавирус кај децата така? Ама и тие вакцини не спречуваат инфекција туку ја спречуваат тешката клиничка слика на рота инфекцијата. Нешто слично е и ова. Нормално е дека со патогени кои рапидно се шират дека ти нема да имаш вакцина која ќе спречи 100% од случаите, затоа што па посебно кај вирусите, мутациите се многу лесни и брзи (рачунај дека Ковид-19 има 4 гени ако не се лажам). Еве има и вакцина за Ебола вирусот, таа е 10% успешна во спречување на зараза, ама сите кои можат да ја земат ја земаат затоа што, без нејзе Еболата е 90% смртоносна, со нејзе мислам дека е околу 50-60% во болнички услови. И повторно со шпекулации, правиме општо мислење, океј нус-ефекти од вакцините, која е инциденцата на нус ефектите? Статистиката е егзактна наука, нека излезат извештаи, ќе зборуваме, ама па јас не знам никој што умрел од вакцината така што, еве сега јас ќе тврдам дека не е од вакцината. (Ни моето не е валиден факт туку е лична перцепција заснована на што гледам). Значи нас дебатата од аргументирана и вкопана во факти, ќе ни помине во лични преписки кој и како и што.
Нема никогаш да излезат извештаи, зарем мислиш дека овие што го направија ова сами ќе се издадат само поради тоа што некој во Македонија чека на извештаи хахах ме изнасмеа. Не им се оди во затвор. Нема да има извештаи. Мислам редно време е да ги симнеш розовите наочари и видиш во каков свет ние тоа живееме. Доктори потплатени, политичари потплатени, новинари потплатени, и тн. И тоа не само еден или втор туку сите колективно се платени.
Платени од кого? Зошто? Ако играш на идејата дека пандемијата е испланирана, кажи ми зошто некој со доволно моќ и финансии би планирал такво нешто? Па му оди спротивно од целите. Еве да речеме Фармацевската индустрија го испланирала за да продаде тестови, ППЕ и останати реагенси, зошто баш Корона? Зошто не некој од веќе познатите вируси за кои имаат развиено лекови, како не знам свинскиот грип (Тамифлу се користи и набавната цена ти е од 50-100 евра по доза), свинскиот грип слични симптоми има на Ковидот, во некои делови е посмртоносен, ама тука се некаде. Зошто респираторен, зошто не некој контактен, кожно заболување? Ако типуваш на Држава, зошто Америка, Кина или Русија би го направиле тоа (овие три држави имаат микробиолошки лаборатории и ресурси за да фабрикуваат вакви пандемии). Америка имаше огромен пад во Економијата, Кина исто, Русија можеби да го ослабне влијанието на Америка и Кина, затоа што Америка и Кина се газ и гаќи кога се работи за производство и потрошувачка.
Prvo , зошто мешаш ебола сега? Но ајде нека и со него ке правиме споредба , Ковидот беше нов вирус , повеќето од луѓето умреа од несоодветно лечење , во ред не ни знаеја нов вирус но зар забораваш што се случуваше кај нас? Ај ке го спомнам тогаш и Жан Митрев ? Во ек на пандемија што правеа и колку наплакаа за тоа? Друга работа кога веке спомнуваш ебола, еболата од кога постои а успешна вакцина се уште нема, а за Ковидот за неколку месеци направија 20-на и притоа кинеската класична вакцина не ја признаваа, руската исто не ја признаваа но затоа ги фаворизираат т.е насилно наметнаа фајзер модерна , Астра тип на вакцина која досега не се користела и без доволно тестирање и искуства и какви последици во иднина ке има ја вшприцаа во луѓето и тоа па може да се каже со уцени и насилно. Забораваш како беше, па идеа до степен да заплашуваат луѓето без вакцина не смееш на работа. Оние Стојанка, Трајанка што ги нарекувате испаднаа поумни од оние кои слепо веруваат во науката и надлежните. Не знам какви извештаи и статистики бараш и не знам дал некогаш ке објават , но имаш милиони извештаи од целиот свет за "успешната" вакцина и колку луѓе умреа од неа колку останаа трајно оштетени и колку тужби има поднесено против сите , за Словенија ти кажав против Астра има над 200 неколку се веке исплатени другите се во тек, а против фајзер и модерна има уште повеќе и тоа не се шпекулации туку реалност Но во ред е јас немам ништо против секој нека си верува и прави како сака но дека тоа што ни сервираа како вистина и дека некој се уште им верува не можам да го сфатам Се уште го има зошто не примиш вакцина! Достапни се како сезонска. Да се допишам вакцина од овој тип е пробана пред неколку години за САРС и сите се мртви .
Јас слепо во ништо не верувам, моја процена беше дека не е сериозно страшна за мене, примив 4 дози, здрав сум, жив сум. Баба ми, мајка ми, татко ми, сестра ми, жената на татко ми и 10 други роднини имаат примено по барем 3 дози, сите се океј. Единствено умре дедо ми од мозочен удар на 88, ама типувам дека е повеќе од тоа што веќе си имаше човекот кардиоваскуларни проблеми во минатите 30 години, со заменети клапи и големи операции на срце и аортата. А ако може линк за вакцината за сарс?
Искрено одамна не се замарам со ковид и вакцините она што случајно ке ми излезе па да прочитам, но не следам веке , не се сеќавам каде читав но знам што прочитав, ако толку те интересира барај по нет таму е.
https://www.instagram.com/reel/C-Yutr4qZ_E/?igsh=MXZpZGljNmlweGhyNA== Ќе го оставам ова тука за секој оној кој се чуди која е крајната цел. За целосен ефект изгледај те го целото видео.
Јака им е идејата ама јас мислам дека нема да им успее. Добар дел (освен оние што сеуште веруваат во бајки) од луѓето се освестија после корона претставата. Таков вид на ропство, вклучувајќи и social credit system како во комунистичка Кина, мислам дека нема да им помине баш така лесно. 1% криминална, сатанистичка елита, што е помалку од една шака народ во споредба со останатите 7-8 милијарди не може да биде најпаметна. Секако ќе има и такви што први ќе се наредат во редица за да добијат digital ID како оние што одеа во Врање да се вакцинираат. Но со пробната претстава што според мене им беше неуспешна (им пропадна идеата за грин пас и вакцинација на секои шест месеци, и експресното завршување на пандемијата и укинување на сите мерки одеднаш кажува дека нешто им застана на патот). Спасот се малкуте политичари како Christine Anderson. Малку се тие како неа непоткупени ама се борат и успеваат до некоја мера да му ги отворат очите на народот. И приказната за климатските промени веќе не им пали толку како порано. За да ги спроведат тие мерки треба добро да му го исперат умот на народот со истата ама веќе се повеќе станува провидна. На пр. овде во Германија насекаде по медиумите има вести од типот дека ова било најтоплото лето овде од почетокот на мерењето на времето а ние од дожд и температури под 30 степени, лето не сме виделе . Читајќи ги коментарите на луѓето по социјалните мрежи веќе се гледа дека тешко дека пак ќе им успее нешто слично на корона филмот.
Ова се вика порекнување на реалноста. Ако не веруваш од тоа што го осеќаш врз своја кожа и како постара не можеш да направиш споредба со минатото, барем верувај на најобични луѓе што работат секој ден во области што осеќаат промени од климатски промени а ти се комшии, пријатели, роднини..сигурно имаш некој. Жити се' срамота е уште да помислиш вакво нешто а не па да го пишуваш јавно. Да беше 2014 ај, ама 2024 е и е сериозно срамота.
Ете почнаа и сами да се јавуваат кои ќе се тие што први доброволно ќе прифатат да живеат во 15-minute cities (ако воопшто знаат што значи тоа).
Идејата за да им се поткрепи, односно заверата, почнаа да ги палат шумите низ скоро сите држави. И ќе речат ете гори земјата од климатските промени.
Исто како и со поплавите од минатите години... Како и да е, се' што е вештачки направено не е трајно. Премногу им е амбициозна и крајно тиранистичка крајната цел. Јас се' уште имам надеж дека голем дел од народот ќе се освести...
Скопје е 15-минутен град ако живееш во Капрош или Центар. Ги имаш сите потребни ресурси на 15 минути. Јас кола во мое маало немам запалено, у болница пешки, на пазар пешки, у маркет пешки, на кафе пешки. Тоа е муабетот на 15 минутни градови. Скоро сите ни се такви Да негираш нешто мерливо како глобалното затоплување ми е нонсенс, историски најниски водотеци имаме во цела држава, историски најниски врнежи, историски највисоки температури. Има разлика од твојата субјективна перцепција до објективната вистина. Земјата не гори од климатски промени? Абе брат ти имаш пипнато земјоделие? или се праиме на тошо? Не ме дупи.
Не сме вакцинирани со мм и не планираме. До сега фала Богу немаме прележано Ковид. Тетка ми и тетин ми со 3 дози па два пати едвај преживеаа, и си имаат последици. Не сум антиваксер, сите редовни вакцини сум ги примила, ама не верувам во вакцина направена преку ноќ. Можеби имаше Ковид, не велам не, ама дека сите починаа од Ковид не верувам. Чист пример беше татко ми. Почина од мозочен удар, одиме во погребално Бутел, ни кажаа дека бил позитивен на Ковид и ни побараа 46.000. Тоа дека си имавме гробно место, само за закоп и лимен сандак. Вечерта и кажав на мајка ми да се јави во 8-ми Септември зошто не и кажале дека бил позитивен (дека таму почина, мајка ми го однела, и вечерта починал, го ставиле на кислород). Ја прашаа за кој пациент се работи, да проверат и ќе и се јават. Кога и се јавија и кажаа дека бил негативен, значи и Бутел се збогатија со ова. Па другиот ден малтретирање, извештај од болницата, од матичната дека е негативен, се измалтрериравме. Тие во скафандери што беа што го донесоа од болница ни кажаа дечко што загинал со мотор го пишале дека е од Ковид. Народот почина од несоодветно лекување, исто и татко ми, само на кислород, кој не ни знаат да го користат, секој што влегов во болница жив не излегол. Тие што имаа термин за контрола им ги откажаа вклучувајќи го и татко ми. На пријателка татко и 60+ не го примиле во болница, немало место, тежок случај беше, си остана дома, ене го жив е. Ова е мое мислење и лично искуство, ве молам без напад, само сакав да споделам дека не починаа сите од Ковид.
Не ни знам што е тоа, ниту ме интересира. Ќе изгориме сите за некоја година како што е тргнато, ти може за тоа време уште ќе си читаш шизофренични текстови и ќе тврдиш дека е само една модерна хајка. Господ на помош нека ви е.
Нема врска имам двајца пријатели во доцните 50-ти кои беа во критична состојба, лежеа во Ковид-центар и еве ги денес се живи и здрави, фала богу. Едноставно кај нас многу луѓе секоја година умираат поради недостик од ресурси, седни и размисли, сега да те стегне мозочен удар и да немаш кој да те однесе во болница, која амбуланта ќе ја бараш. Освен ако немаш да се искешираш на приватно, време на чекање е во саати. Дедо ми кога беше пред умирање, со такси го носеа во болница, затоа што иако живееше над клинички центар, немаа да му пратат амбуланта да го земе, за тие мочани 500 метри горе доле.
Исто и за татко ми не доаѓаше брза помош, брат ми на терен, јас во друг град, и мајка ми мораше со такси да го носи. И на кислород го ставија и почина. Почина од мозочен удар, а од Бутел ни кажаа од Ковид. Па на крај испадна негативен. Тој стрес на никого не му го посакувам. Не би се боцнала јас, а кој сака негово право си е.
Епа затоа пред да се вмешаш во секоја дискусија малку едуцирај се за темата на која се дискутира. Не си го отворила линкот ама битно е само да се цитира и да се напаѓа со "аргументи" кои немаат врска. Од кои извори се едуцирате да ми је знати... Никој не ви е крив што не излегувате од затворениот круг на mainstream "медиумите" па другите ви се криви. Ништо не ве интересира а се правите дека само вие знаете се', која иронија... Колку и да негирате и да не сакате да признаете, факт е дека овие вакцини беа најголемиот медицински експеримент некогаш извршен врз човечкиот род. Нема никакви докази дека имаат некој позитивен ефект врз целата ковид приказна а од друга страна има многу докази за безброј негативни и тешки последици врз здравјето на многу луѓе. Тоа што вие сте слепи пред фактите или само така се правите е ваш и само ваш проблем.