Здраво Дали се уште бараат вакцина против ковид за влез во Америка? Некој што се иселил скоро да пише.
Барем некој да има доблест да признае. Штама е сега во темиве за ковид боцките а пред две години како хиени рипаа врз секој што ќе кажеше нешто против нив. Нејсе, тоа е друга тема. Само едно ќе кажам, скоро бев во Мк и жално е колку млад народ капе како зрели круши од срцеви удари. Не познавам некој што се покајал затоа што не се вакцинирал ама такви што се каат затоа што се вакцинирале има многу.
Знам, мака ти е и тебе што не знаеш што ти прави мРНА спајк протеинот во крвта. Па уште се тешиш со конспираси теории ај да беше уште 2020 да сфатев, ама во 2025 се уште тоа да ти е одбрана.. треба стварно од пештера да не си излезен..
Еве и јас се вакцинирав и не се каам . И не само тоа , два месеци после Фајзер останав трудна . Пошто сите викавте нема да можеме деца да раѓаме. Кешки сите што починаа да имаа можност да ги дочекаа вакцините. Ама не Во свет полн со научници и доктори , ние ке ја слушаме Миа. Океј..
Не се каам само не ми е сеедно... изгубив 12 драги луѓе од тоа гомно. Немав луксуз да седам дома како Миа и компани, морав да одам на работа, морав да се мешам со луѓе. И за грип сум вакцинирана за се. Ама ИнфлуенСеркиве кога веќе трубат нека кажат што да направиме испитувања.. и да, секој доктор кој она и таквите како неа го ставаат во уста јас го забиколувам и не сакам да ме види а не да ме лечи.
Moze da napises kolku fazi treba da pominat za da edna vakcina se pusti vo upotreba i na kolku popuavija treba da se istestira? Dali treba da bidat site rasi na lugje vkluceni vo testiranjeto? Nekako mnogu brzo mi se cini gi pustija vakcinive za kovid
Пак ќе одам офтопик За секој лек, вклучувајќи и вакцини, има неколку главни фази кои треба да се поминат и многу луѓе кои се вклучени во процесот (не вклучувајќи доброволци) на кратко: 1. Претклиничка фаза (тестирање во лабораторија) Цел: Да се процени безбедноста и имунолошкиот одговор на одреден лек, тестирањето се врши на животни. 2. Фаза на клинички тестирања (има 3 потфази) Потфаза I: - Целта на оваа фаза е да се процени безбедноста, дозата и нус појави кои можат да се појават веднаш. - Популација: од 20-100 луѓе Потфаза 2: - Цел: Да се процени способноста на организмот да креира имунолошки одговор, безбедноста на лекот продолжува да се испитува и во оваа фаза. - Популација: од 200 - 900 луѓе Потфаза 3: - Цел: Да се потврди ефикасноста и да продолжат да се надгледуваат нус појавите кај поголема популација. - Популација: Од 1000 - 5000 луѓе (за ковид беа многу повеќе) 3. фаза на разгледување /одобрување од регулаторни тела После клиничките испитувања, се поднесува обемна документација до соодветните регулаторни тела: EMEA/FDA/WHO… за да дадат одобрување за масовно користење на лекот или да го одбијат доколку мислат дека не е доволно. Фаза 4: Пост-маркетинг надзор Цел: Да се надгледува ефективноста на лекот и нус појавите откако е одобрен за користење кај целокупната популација. Линк: https://www.who.int/health-topics/clinical-trials#tab=tab_1 Што се однесува до популацијата, колку луѓе ќе бидат опфатени и од каква позадина, зависи од типот на болеста што се таргетира со лекот. Не можеш да тестираш лек кој таргетира ретки болести на цела популација. Од поново време инклузивноста на различна популација е еден од критериумите за одобрување кај дел од регулаторните тела. Кога почнаа да се тестираат ковид вакцините имаше повик за волонтери на кои ќе се тестираат. За Ковид вакцините, за нивно клиничко тестирање само во Англија имало пријавено 250.000 доброволци, во Америка вакцините се тестирани на над 170.000 што ретко кога е случај за други испитувања. На линковите можеш да најдеш повеќе информации за бројките погоре: https://www.nihr.ac.uk/news/over-25...ccine-trials-recruitment-begins-novavax-study https://jamanetwork.com/journals/jamainternalmedicine/fullarticle/2799224?utm_source=chatgpt.com Бонус линк: Искуство на македонски доброволец во клиничко тестирање за Ковид (ми текна дека имше интервју со него на нашите тв ) https://zase.mk/article/388815/borko-sakav-da-pomognam-shto-pobrzo-da-se-najde-lek-za-ovaa-bolest Друго: Не сите ковид вакцини се со mRNa, вакцините кои беа најзастапени кај нас во Македонија: Sinovac и Sputnik не беа на тој принцип. Во пикот на пандемијата во исто време се работело на најмалку 200 вакцини, најголем дел од нив не ја поминале првата претклиничка фаза. После 5 години од WHO за итна употреба одобрени се 9 вакцини, FDA има одобрено 3 и ЕМЕА има одобрено 4 вакцини. Сето ова се јавни информации, може слободно да ги проверите. пс. Се извинувам за грешките, пишувам од телефон додека се возам.
Не знам пто Милан Ристески и Мими Христов напишале но имате светски познати генетичари и онколози кои веќе имаат испитувања и докази дека фрагменти на мрна вакцините Фајзер и Модерна с епронајдени во тумори. Не е нешто што нашиве доктори сами го истражиле па на своја рака пишуваат. Грешката не е што некој се вакцинирал, грешката е што присилно вакцинираа млади луѓе, можеше само ризични групи. Вакцините на Фајзер и Модерна допрва ќе дадат одговори на некои прашања. И не, оној што не се вакцинирал против ковид не е антиваксер.
И што сега да правиме? Да одиме да си купиме гробови? Ајде вака експертски кажете што да испитаме да "пробаме" да се излечиме. Аман од оваа пропаганда... аман!
Познаничка со куп алергии ѝ било препорачано да се вакцинира од матичен оти тоа што имала алергии она немало везе, нема да ѝ биде ништо од било која вакцина. Женава ајде, се боцнала со Фајзер. Резултат? Гушење, осипи на кожа, 2 месеци не можела да јаде ништо освен неколку намирници оти на сѐ реагирала, иако претходно не била алергична на многу работи. Втора доза не примила, фала богу. Целата грешка со вакцините беше што примаа и здраво и болно и ќоро и сакато и шуто и секакво. Никакви критериуми кој кога и каква вакцина да прими.
Истото од лек може да се деси. Така да ете имала реакција. @RainBow ај зачисти со коментариве за вакцини во соодветна тема.
Mnogu brzo gi izvadija site vakcinite za kovid. Dali za 1 god otkako se pojavi kovid se pojavija vakcinite mozat da se vidat nus efektite na vakcinite ili treba nekolku godini za da se vidat?
Па не . Ама не мора да се лутиме што се отвора прашањето што сме примиле. Лутината треба да ја фокусираме на тие што не присилија, а не на доктори кои истражуваат и отворено зборат. Не е пропаганда, каква пропаганда нена?! Па Англија цела студија направи за да докаже дека децата и младите беспотребно примија вакцина. А сами ја произведуваа.
Ковид вакцините беа експериментални. Апсолутно. Ама исто вака сите вакцини што денеска ги примаме почнале. Некој морало да биде прв и да е експериментален глушец. Ради тие луѓе, вакцините биле подобрувани и денеска ние и нашите деца го гледаме бенефитот од истите. Милион болести се искоренети ради нив. Ние сме едноставно генерацијата која се соочи со пандемија и едноставно тоа е начин за ние да дадеме придонес за идните генерации. Генерации пред нас го направиле истото за нас. Секој може да си го тргне гзот на страна. Ама човештвото опстанува ради оние што не си го тргаат.
Каде се тие испитувања? Вакцините предизвикуваат? Знаеш дека според ова Израел не треба да постои, а и САД па и Европа? Балканот најмалку се вакцинираше со овие вакцини па имаме епидемија. И додека ќе им трае ефектот? Се знае? Најсериозно прашувам.
Технологијата на мРНА вакцините (како Фајзер) не беше развиена од почеток за ковид-19. На иваа технологија се работело повеќе од 20 години за други болести како рак и други вирусни заболувања. Историјата на вакцини покажува дека ако има сериозни несакани ефекти, тие обично се појавуваат во првите 6 недели до 3 месеци по вакцинацијата. Ова е причината зошто вакцините за ковид-19 поминале низ минимум 2 месеци следење пред да добијат итно одобрување. - Овде имаш студија спроведена во Данска на 33.000 население за долгорочни ефекти по вакцинација (објавена е лани): https://www.nature.com/articles/s41541-024-00844-w Ефектите не само на вакцините туку и на останатите лекоивк продолжуваат да се следат низ години преку системи за надзор на несакани ефекти (пр.Eudra во Европа). Пандемијата предизвика милиони смртни случаи, и брзото одобрување на вакцините беше неопходно за да се спасат животи, не сите имаат јаки имунолошки системи. И кога веќе кажуваме за научни истражувања, еве ви линк до студија која покажува регресија на рак на плунковни жлезди по вакцинација со мРНА ковид вакцина, поради силна имунолошка реакција на организмот предизвикана од вакцината: https://jitc.bmj.com/content/10/3/e004371 Јас можам да се објаснувам и да дадам еден куп линкови до објавени студии - На крај пак ќе си верувате во тоа што сакате and whatever fits your narrative. —————— Да се надополнам, вакцините кои беа достапни во МК (синовак) е развиена со користење на традиционалната метода на инактивиран вирус, проверен пристап што се користи со години за производство на вакцини, како што се вакцими против: Полио (IPV), Хепатит А, одредени типови на Инфлуенца…