Муабетот е дека немаше никакви претпазливи мерки за луѓе со алергии и болести или било какви состојби што имплицираат дека би имало реакција. Дури и за трудни се велеше абе слободно нека се вакцинираат иако на многумина гинеколозите им рекле ај почекајте. И за деца беше истиот муабет. Дури се случуваше и болни луѓе да идат со температура оти нели, безбедна е вакцината.
Јас како што знам секој лек се тестира ама за тие експерименти се бара група на луѓе доброволци. Ако нешто не е испитано и е во фаза на експериметирање како можеш да го наложиш на глобално ниво со низа на мерки за уцена? И никогаш и никаде не излегоа податоци за тоа колку тие "вакцини" имаа удел во справувањето на пандемијата која патем ја снема преку ноќ. А од друга страна излегоа докази дека масата народ не била вакцинирана со истиот состав кој бил тестиран на мала бројка на луѓе, ако не се лажам околу 20 000.
Да. За секој нов лек има оглас од конкретната фармацевтска компанија за тестирање на тој одреден лек. Тоа е доброволно и дури честопати, во зависност за каков лек станува збор дури и им се плаќа дебело на пријавените. Ама тоа важи за мирни времиња кои не се под епидемии и пандемии. Кога постои пандемија нема време за огласи и пријавување и доброволно експериментирање оти сите се засегнати во моментот и низ историјата се докажало дека кога ќе букне нова епидемија обично е прилично опасна за човекот. Првите мутирања на ковид беа секое поопасно од претходното и немаше време да се чека на оние први доброволци, мораше да се делува глобално. Башка се докажа дека дури и поблагите мутации на ковид, можат да остават долгорочни последици по прележување. Ниедна вакцина не е истата по состав што била првично промовирана, сите со тек на време се менувани и подобрувани, според тоа какви нус ефекти имале. Па така ќе биде и со ковид. Ама ако сите ја одбиваме, само ќе се одложува нејзиното подобрување оти ковид не си оди никаде и си останува како редовен вирус меѓу нас и кога тоа го сфативме престана да е “пандемија”, оти сеуште редовно си го фаќаме. Релевантни студии за последици од првите вакцини ќе читаме негде 2029. Обично е потребен 10 годишен период следење. Дека првите вакцини Ковид нема да бидат нивната најдобра верзија? Апсолутно. Ама тоа ќе помогне евентуално еден ден да ја создадат таа верзија што ќе помогне последиците од вирусот да се што поблаги.
Не, не беше ниту оправдано ниту етички вакцинирањето на деца и млади со Фајзер и Модерна “брзо” одобрени односно со незавршена контрола на квалитет, тоа е огромен пропуст на фармако индустријата. Штетата за нив од вакцината е поголема од бенефитот. Знаеме за студиите за миокардитис кај млади нели. Ковидот за нив не беше опасна болест потврдена исто со метаистражување. Еден случај кој го линкуваше не е студија ниту доказ за безбедноста на мрна вакцини. Во меѓувреме професори онколози и генетичари од врвни универзитети низ светот, а особено Сад и Англија тврдат нешто друго па еве ги и сведочат на судењата. Доктори клиничари исто . Затоа да не тврдиме нешто што не знаеме. Студии за линкање има преку 1000 и во обратна насока. @JuLleE Вакцината не можеме да ја извадиме и Затоа да не фрламе камења по Мими и Милан бидејки и двајцата се профи доктори, не се антиваксери и двајцата се ковид вакцинирани, а тоа што го тврдат имаат поткрепа во своите професионални контакти , а и стручни списанија. Како и да е штом доктори истражувачи го сменија правецот , вистината ќе ја откриеме наскоро, Фаучи ќе ни ја каже.
Ама ти прочита ли што објавил Милан? Врска нема со тоа што ти го пишуваш туку нешто сосема друго. Дај ми линкови, сакам да прочитам за она што го пишуваш, оти тоа испаѓа дека кај и да е сите ќе заболеме. Толку години не може со сигурност да се каже што предизвикува тумор, ама сега одма се знае. А што е со другите лекови кои ги примаме и на кои стои дека може да предизвикат тешки заболувања? Да не се разбереме погрешно, ама каде беа сите тие доктори да кренат глас кога требаше да се вакцинираме?
Драга Cosmi, Јас ги поткрепувам моите мислења со линкови, кои може да ги прочитате и да оформите мислење врз основа на нив. Те молам постави линкови за истражувањат за кои зборуваш, кои јас најверојатмо ги имам испуштено, можеби и јас ќе го сменам моето мислење. Инаку сосема е разбирливо е да постојат различни мислења во научната заедница (не на инфлуенсерки), но важно е да се потпираме на податоци од рецензирани студии и широки истражувања. Вакцините, како и сите медицински интервенции, не се совршени и имаат свои ризици и несакани ефекти. Но, одлуките за нивна употреба се засновани на најдобрите достапни податоци и користа што ја носат за јавното здравје. Вакцината беше одобрена за употреба кај деца дури во Мај 2021, тука имаш повеќе зошто е одобрена за употреба кај деца во Европа: https://www.ema.europa.eu/en/news/first-covid-19-vaccine-approved-children-aged-12-15-eu
Расправајте се до сабајле за вакцини, ама факт е дека не им се погодија на сите, а не секоја власт на светов покажува спремност да спроведе истрага. Кога примаш нешто од кое очекуваш да ти бустира имунитет, треба да го добиеш тоа. Не да те доведе во болница и тоа во состојба бетер и од што би ти направила заразата. Каков и да ти е ставот за вакцините, треба да ти значи од каде доаѓа информацијата дека чинат или не чинат. Стручни лица може и треба да се слушаат, но не и „мудрици“ од Инстаграм.
А што е тогаш со несаканите последици. Ако си земаа за право да ја наложат зошто никој од тие власти не застана зад одговорноста за можните несакани последици? Зошто фарма корпорациите се оградија од превземање на одговорноста за штета предизвикана од нивен производ? Зарем не би било правилно да ги обештат оштетените (кои патем не се во занемарувачка бројка)? Или букнала пандемија па како и во војна нема правила и одговорност за жртвите? За еден најобичен лек има огромна листа од можни несакани последици, мерки на претпазлливост (на пр. немешање со други лекови, храна, алкохол и сл.) Исто така се нагласува која категорија на луѓе треба да бидат претпазливи и да се консултираат со лекар (на пр. бремени, долики, деца, срцево болни. итн, итн.) А како беше со овие вакцини, кои содржеа мРНА која за прв пат се пушташе во масовна употреба и беше недоволно тестирана. Ма тоа беше one-solution-fits-all магичен лек. Тотално небитно беше дали се работи за стари, млади, бремени, доилки, луѓе под тешки онколошки и кардио терапии... па да не наидоа на отпор, следни беа и децата. Можете да ги возвишувате колку сакате овие "вакцини" но не можете некого да убедите дека уцената на многу луѓе со загуба на своите работни места (ајде патувањата и ограничувањето општо на слободата на движење да им го простиме) а притоа оградувајќи се од било каква одговорност не беше повреда врз човековото основно право да одлучува сам за своето тело и битие. А и плус, уште од сам почеток се покажа дека не го спречуваат ширењето на вирусот што од старт го туши аргументот за "општествена одговорност". И да, штетата испадна многу поголема од користа во овој случај.
Не е точно дека ковид вакцините не поминале низ сите фази на истражување. Поминаа исто како и сите други лекови, само што тој процес беше забрзан бидејќи се вложија многу пари и ресурси. Инаку, за секој нов лек последната фаза од испитување е пуштање во масовна употреба и гледање на ефектите во пошироката популација во тек на неколку години. Вакцините за ковид не беа ништо поразлично. Не знам каков е впечатокот тука, дека туку така некој помешал во лабораторија и ајде од утре цела планета ќе се вакцинира? Епа не иде бе така. Друго, напнувањето за тоа да се вакцинираат сите беше зашто очекуваниот бенефитот беше поголем од можниот ризик за несакани ситуации. Risk/benefit проценка.
Полека. Смири се. Ај со ред. За 10 години период обично кој се зема за релевантен, може и порано, ќе се знае точно за последиците кои се појавиле на почеток до оние кои се појавиле по првата година/втората/третата, по примањето на вакцината ако ги има. Ќе биде запишано црно на бело како и за секој друг лек тоа се сумира долж години. Значи сеуште се собираат информации, тој процес не е завршен. Вакцината ќе има своја подобрена верзија. На светов има 8 милијарди луѓе. Кои во време на опасни вируси се закана едни на други. Сакале ние или не, масовното вакцинирање мораше да се случи. Кој ќе им плаќа оштета на оние со последици од прележување на вирусот? Не се сложувам со тоа што и деца и трудници беа вакцинирани. Или оние со алергии и специфични заболувања. Некои пропусти беа направени. Но во времиња кога не знаеме со што се соочуваме, да се наметне можен лек е редовна процедура. Дали нам ни се допаѓа тоа или не, е ирелевантно. Медицината постои за да создава лекови и да го олеснува животот. Во конкретни ситуации и процеси, тестирањата се клучни. Не е баш повреда на човеково право кога е потребно да се создаде лек за цела цивилизација кога таа цивилизација се соочува со опасност, ако ти сакаш да си го тргнеш гзот, ти исто ги повредуваш правата на другите и идни генерации да добијат соодветен лек во поскоро време. А тоа е така, оти не живееме сами секој за себе туку како што имаме права, така имаме и обврски во тешки времиња. Моето право да одлучувам сама за себе престанува во моментот кога го кршам твоето право да добиеш соодветен лек. Види, на планетава има 8 милијарди луѓе. 95% од нив сме ние, што јадеме говна и ќе умреме и нема да придонесеме на никаков начин за планетава, освен за нејзина деструкција. Има мал процент научници што живот си посветиле да го направат светов подобро и побезбедно место за следните генерации. Ако ние небитни ликови чие што име нема нигде да биде запишано и запаметено треба да даеме некоја жртва за нашите деца и децата на нашите деца да имаат поквалитетен живот, да, ќе се вакцинираме масовно. Дали сум особено среќна што сум вакцинирана? Не баш. Ама ако тоа на било каков начин помогне на моите внуци и правнуци да уживаат подобри и побезбедни верзии вакцини, скроз сум океј со тоа. Дали сакам транспарентност од фармацевтските компании? Апсолутно да.
Предолг и премногу генерализирачки текст во кој само вртиш во круг едни исти неиздржани ставови а на делови и сама себе се демантираш. Едноставно жално е што се' уште ги повторувате истите демагогии од 2020, а толку многу се смени од тогаш и толку многу работи излегоа на виделина.
И премногу просто објаснето и пак не сфатена суштината. Oh well.. Типичен специјална снегулка синдром одговор. Од оние што мислат дека го победија системот одбивајќи вакцина, целосно игнорантни за тежината на процесот. Многу работи излегоа на површина, вакцината не беше најдобрата верзија ниедни први обиди не биле, но сепак години подоцна, во сите клиники во светот и ден денеска секоја зима во пик на респитаторни вируси сеуште се препорачува ковид вакцинацијата како најдобра превентива од развивање потешки последици при прележување на вирусот, особено кај оние со предиспозиции за истите.
Знам дека се препорачува, гледам редици чекаат за да се боцнат по шести пат, поучени од позитивните искуства на милиони.