На македонски е, ама после втора доза може ќе добијам и плус награда пример Ова го даваат Пошто ме прегледаа најпрво, ми кажаа да очекувам да ме боли местото, но до сега никој ништо друго не пријавил. Сепак е рано, мислам дека после ревакцина ќе бидат температурите пример. Ептен се брзи и спремни, доктори наоколу и сестри доста има, цело време е некој со тебе, антишок терапија има, те чуваат уште 15-20 минути и тоа е тоа
Израел може да се рече дека стекна колективен имунитет или барем се над прагот, 75% вакцинирано население е предобар процент. @CameliaMiller утеши ме дека ќе важи интернационално, иако е на Македонски
Па ваљда чипот на граница ќе го читаат, не ќе шетаме со картончиња... Него, со оглед на тоа дека од едно шишенце има 5 дози, дали може еден човек да добие 3 чипа, а некој ни еден? Непрофесионалност.
Како не ми текнаа?!! Аа, ми текна Не сум чипиран сè уште Гледаш, тебе одма почна да ти функционира чипот, инстантен пораст на интелегенција и разум имаш Супериорност
Зошто државава не ги зема Руските вакцини иако Русија повеќе пати понудила? Сега зборуваше доктор и не му е јасно зошто не ја прифатиле понудата бидејќи треба да се вакцинираат критичните.
Колку што знам кинеските ги чекаат, а според докториве со кои сум во контакт, поделени мислења имаат меѓу Фајзер и кинеската, ама тие две им се "омилени". Најголем дел од кај мене се одлучија сега да се боцнат, еден дел побараа да им одложат за кинеската.
^ Освен ако не договараат дополнителни 800 000 Кинески вакцини, овие 200 000 никако не се доволни. Многу се надеваат од Владата дека навистина ќе стигнат некои поголеми количини од Фајзер и Ковакс, ама нема, по што ние сме тука никој и ништо. И јас гласам за Руските вакцини да се донесат, ама не знаеме која е позадината што ги нема. НАТО и ЕУ не се причината, затоа што Унгарија, Хрватска и Црна Гора пример ги набавија. Хауевер, по загрижувачко е тоа што не ни има голема заинтересираност за вакцинација, можеби да се пријавевме 800 000 за вакцина, ќе им текнеше дека треба да обезбедат повеќе вакцини?! Вака, 70 000 пријавени, 40 000 над 70 год., дефинитивно можат сите да ги поминат со Кинеските и да не се влечкаме со фазите, пошто кај нас заинтересираност нема. Или од друга страна пак, можеби да набавеа и Руски и повеќе Кинески, заинтересираноста ќе беше и поголема, судејќи по примерот на Србија.
Хрватска ќе почека со руските вакцини. Преговара но засега нема ништо. Бидејќи пресвета Европска Унија не ги сака руските вакцини и додека не ги регистрира нема да ги боцкаат во Хрватска. Инаку Е К донесе резолуција со која вакцинацијата не е задолжителна и не смее да се дискриминираат луѓето кои не сакаат да се вакцинираат. Според ова,ковид туристички пасоши немаат никаков резон.
Да пријавам симптоми сега: - боли раката машала, боли и рамото позади, накај вратот - тт 37.2 сега за сега - ми се спие цело време Друго ништо сега за сега.
Со среќа девојки вие кои се вакциниравте. Јас мислам што повеќе ке се вакцинира народ толку помалку ке биде раширен вирусот, толку помалкукомпликации. Јас кога би се вакцинирала би се вакцинирала со Кинеската или со Руската, ако ја порачаат нашиве.Сметам дека од Кинеската можат повеќе да нарачаат.
ЕК донесе резолуција која не е обврзувачка. Уште ќе си почекаме за да видиме што и како. @CameliaMiller благодариме за директниот пренос. Со лесно, или како веќе се вика
Намерата ми е да ве известувам, знам дека многу се плашат и ги интересира. Се плашам и јас, ама повеќе од респиратор се плашам искрено Иако поминав лесно кога имав корона, психички беше ужасно, а да не зборам за уморот што со месеци се влечеше после.
Од колеги што се вакцинираа со Фајзер, само една имаше температура, треска, болки по цело тело по прва доза, другите температура 39,малаксаност главоболки по втора доза.Збореа дека обично после втора имало повеќе нус појави. Дали некој има примено Модерна или Астра?
https://libertas.mk/bild-a-povika-merkel-da-se-vakcinira-protiv-kovid-19/ И Меркел не сака вакцина, а е баба над 70 години. Зошто? Епетен слаб интерес во Германија. Овде ако се вакцинираат 100.000 би било добро. Ете затоа треба првите луѓе од Влада да се први вакцинираат. За пример! А не да бегаат. Јас се си мислам оти Филипче ја чека кинеската.
Од континентална Европа Србија има најголема заинтересираност, а со тоа и најголем процент на вакцинирано население? Тие ги имаат и Спутник и Синофарм, покрај Фајзер. Дали е тоа причината за големата заинтересираност? Веројатно да. Се' си мислам дека ако и кај нас ја обезбедат Спутник рапидно ќе порасте бројот на заинтересирани луѓе за вакцинација, а не со АстраЗенека што ја очекуваат од Ковакс.
Србите, па и ние, сме доволно озрачени од бомбардирањето, што вакцината е мачја кашлица. А и нормално е да се нема доворба во американската вакцина, а да се има во руската и кинеската. Менталитетот ни е таков. Па и некако посигурни се од она новава. Некни напиша дека Филипче рекол дека започнуваат преговори за руската, така?