Не е. Само немаат доволно вакцини, како нас. Зборувам за Европа и Америка. Израел 80%+ примиле барем една доза. УАЕ над 50%. Британија 30%. Сејшели имаат 50-60% исто така. Слушнав коменатри: "Нема вакцини, шо да се регистрирам!?". Значи да имаше, можеби ќе се регистрираа. Вака, гледаат 100 000 регистрирани, сите можат со Кинеската да ги вакцинираат и нема потреба од други вакцини. Толку. Да беа регистирани пола милион пример, можеби ќе направеа напори и а обезбедат толку вакцини. Израел веќе ги гледа бенефитите од масовната вакцинација и треба да биде пример за другите земји. И за народот, и за Владите. Мала држава сме. Милион луѓе дали треба да се вакцинираат кај нас. Милион дози Кина можеше да ни испорача до сега, ако нарачавме. До крај на март можеби и 60% би вакцинирале. Ама не. Кривицата пред се е кај Владата што не набави, потоа кај народот што не бара и не сака. А друго решение нема. Колку побрзо се вакцинираме, толку помалку нови мутации ќе има, а со тоа, толку ќе бидеме и поблиску до крај на пандемијата и нормалниот живот.
За ова се согласувам, 1.5 милион сме, одбиј на деца и тазе прележани, за два месеци можевме да се извакцинираме и тоа че значеше крај. Потфрлија, можеа само со Руската и Кинеската да завршат работа. И така другите вакцини не ги сакаат.
Дај кажи од каде ти се податоците за Израел. Јас секаде читам дека се околу 50% вакцинирани со прва доза. Israel starts reopening as Covid-19 vaccination rate nears 50% (france24.com). Само што Израел се богати Евери влезени во студија на Phizer и се им се може. Нас за жал тешко дека нешто ни се може коаг се возиме цело време на ЕУ воз. Ќе ни дадат они вакцини. Еве на. Затоа Србија е така добро стоечка. На време откачија ЕУ и остали такви шалабајзери по однос вакцина. А ние пошто зедовме европски пари мора да ги потрошиме на вакцините што тие ќе ни речат.
Јуле, никој нема да те примори да ставиш вакцина. Знам дека и ти имаше ковид и го помина релативно лесно. Ама знам дека и сите кои го поминаа потешко, едвај чекаат да дојдат на ред за вакцина, зошто последиците од ковид се далеку посериозни од било која вакцина. Еве, мене ми е страв да закачам ковид, за вакцина, одма би одела. Туки @CameliaMiller како си?
После веста за нарачка на руската вакцина сум на сто ума искрено Страв ми е од вирусот многу, а и од вакцината исто така Особено многу ме загрижува тоа што на светско ниво се заташкуваат негативните ефекти од вакцината, а се нагласуваат смртните случаи од вирусот. А всушност.... вистината е некаде помеѓу. Нејсе... Муабетот пак ми останува дека многу, многу се двоумам. Си викам, ај ќе го прележам вирусов и готово. Еден куп луѓе со болести потешки од моите го прележале, ама од друга страна па не ми се игра руски рулет? За вакциниација... си викам ај, ќе се вакцинирам и раат ќе бидам, ама... Што ако имам негативни последици? Особено што јас сум со хроничен бронхит и хашимото, кои што се во ризична категорија. Што ако вирусот кој го содржи вакцината наместо да ми создаде антитела, ми направи дополнителни проблеми имајќи ја предвид мојата здравствена состојба? Знам, лаик сум и можеби тресам зелени, ама сепак. Не сум мирна
Најдобронамерно, баш заради ова треба да се вакцинираш. Од вакцината, освен локална болка, блага темп. и сличните други сајд ефекти, кои вооошто не се опасни, друго ништо не може да ти се случи. А од Ковид... знаеме. Мајка ми е со хашимото и хипо, едвај чека да се вакцинира, а и јас искрено едвај чекам таа да се вакцинира. Се одлучи за Кинеска или Руска ако има, ама нема да одбие и Фајзер да и понудат. Се консултиравме со многу медицински лица, сите се на ставот дека вакцината е далеку подобра опција од Ковид. Било која.
Одлично. Вториот ден ми исчезнаа болките, освен раката. Третиот ден само малку околу боцнатото. 2 дена многу ми се спиеше и имав brain fog, исто како корона кога имав. 3 ден веќе бев како нова Ќе видиме со ревакцината.
Не знам како е планот кај нас,но како и во линков на прележани се препорачува да се вакцинираат со една доза. https://www.jutarnji.hr/video/news/...kraj-stroge-mjere-vise-nisu-potrebne-15052585 Мислам дека под итно треба да се направат испитувања колку од народот има антитела. Заинтересираност во Хрватска кај медицинскиот кадар е околу 40% Причината веројатно е што испитувањата за Астра З ќе завршат на есен 2021,а на Фајзер 2023.
Па почнале нешто на ниво на Скопје: https://vecer.mk/makedonija/kolku-skopjani-imaat-steknato-imunitet-na-kovid-19/
Досега 1.155 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „Vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација. До крајот на неделава ги очекуваме и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200-те илјади кинески вакцини.
Супер , следната доза кога ќе ја примиш? И брат ми е мед.лице и како што ми кажа наскоро ќе се вакцинира и тој. Јас едвај чекам ама додека дојдам на ред овде во Гр баш вчера на мм баба му се вакцинираше , немаше никакви реакции
Па прво од ковид центрите не' пратија, после од сите други болници. Ревакцина на 11.03. имам закажано
@Ahoy после мед лица, идат над 70 така? А другите кога? Да речеме јас сум 42 сакам да се вакцинирам и мајка ми 66? Тоа на лето изгледа..
Зависи од заинтересираноста. Ако има доволно дози ќе оди брзо. Ама ако продолжиме вака со влечки, ни трет бран не ни бега.
Ако чекаат да се пријавуваат сами луѓе отидовме .. Тоа треба , по една покана на сите, и да се изјаснат и готово .. а не ќе се молиме па ќе чекаме.
Има покана. Матичните се јавуваат на луѓе над 70 за да ги известат и прашаат дали сакаат да се вакцинираат. ИМа и сајт за пријавување за вакцинација. Каква покана треба плус. ДОма некој да дојде и за уши да влече луѓе.