so ova tempo i 10 god ke se malku za da ne vakciniraat ke vakcinirale po 2000-2500 dnevno ..a tie cela nedela edvaj 1000 vakciniraa cirkuz drzava
Дали некој денеска успешно се пријавил на vakcinacija.mk? Пробувам неколку пати и откако ќе внесам податоци и ќе кликнам 'Испрати' пак ме враќа на истата страница и копчето 'Испрати' е повторно активно. Преоптоварен е сајтот или?
Додека не ти излезе ReCaptcha пред Испрати за да потврдиш дека не си робот ќе прави така. Прво провери дали излегува тоа, па потоа повторно пробај.
Хммм, не се појави такво нешто for some reason... од мое искуство мислам дека ReCaptcha јавува само кога е потенцијален спам. Фала за одговорот, ќе пробам повторно. Едит: Во право си, со reCaptcha овојпат и успеа. Фала уште еднаш
Што е со кинеските вакцини во Србија? Драматично пораснал бројот на заболени, а имаат над милион вакцинирани? Читам дека Србија била избрана за тестирање на кинеската вакцина и изгледа е неуспешно. Таман за нашиве антиваксери и теоретичари на заговор да си најдат нова причина за невакцинирање.
Аман, над милион вакцинирани. Знаеш колку треба да бидат вакцинирани за да има ефект? Башка Енглезов не бира, еве сегде го пуштија на најјако.
Воопшто не ме чуди за Србија. Гледав видеа пред некој ден, маска никој не носи. А на таа гужва во Белград пример, каква што има, и на отворено треба да носат. Инаку немаат доволно вакцинирано. Плус Кинеската имунитетот го потикнува по 33 дена од примена вакцина.
Hmmm od kade da pocnam ajde vaka ponedelnik se testirav vcera vecer dobiv rezultati deka sum pozitivna na korona.
Со лесно нека проаѓа. Ти си во тие проценти каде што вакцината не е еифкасна. Затоа и таа на Фајзер е 95%, ти си во тие 5% или си заболела пред да развиеш антитела (во тие две недели по вакцинирање па организамот немал време да создаде антитела). @JuLleE Србите за сите вакцини се во исражувањта влезени затоа и имаат вакцини. Израел е за Фајзер затоа и тие имаат толку многу вакцини. Само што треба време да се создаде имунитет по вакцината, а Србите се нели такви си се опуштија и си фатија лаганица. Плус не се доволно луѓе вакцинирани за колективен имунитет. Нема лабаво со КОВИД. Мене на пример ич не ми е јасно како во ЕУ се шири КОВИД и дури и Јужноафрикански соеви се шират кога нели се во локдаун. Или луѓе ќе се збудалат зашто ништо не е отворено, ама бизнисот мора да тече па сите фабрики работат, бизнис патувања и слично течат најнормално и се пренесува вирусот.
Воопшто не мора да значи. Добро познато е дека вакцината не превенира инфекција, но превенира тешка клиничка слика или воопшто болест. Така да не е ништо за чудење тоа, ниту за поттик да не се стави вакцина
Симптоми нешто? Мене ми е јасно, мора да се шири за парата да врти. Инаку баш е тешко да ги фатиш тие со јужнофрички вирус, пошто преку шума од африка се враќаат, не со авиони. Ниту трасираат, ниту изолираат, локдаун е супер бизнис Еве го и овој, како @Abc07 исто https://www.jutarnji.hr/vijesti/svi...to-je-cijepljen-s-dvije-doze-cjepiva-15053121
Колку што знам вакцината од Фајзер во клинички испитувања значи развивање на антитела кај 95% од случаите. И податоците од Израел така викаат (кај нив оди околу 80% и нешто за една доза). А во право си дека со вакцината се спречуваа тешка клиничка слика па и тоа би требало да е нешто. Инаку јас не сум против вакцини. Веќе се пријавив за вакцина иако поминав Ковид летоска. Само уште да стигне некоја вакцина. @Biljarkata очигледно има нешто што тек ќе го дознаеме со овој вирус. А и како и зошто се воведуаат мерките. Пример во Германија од Македонија не може да се влезе зашто сме нели опасност по живот, ама Германец слободно може да се шета секаде по ЕУ и да оди во Британија и слободно може да донесе нов сој во Германија па Австриецот да го превземе и да го шири понатаму. Све у ПМ отидено. А одлуките само популизам и ништо повеќе.Па најлесно ај ќе носиме популистички мерки итн, итн.
Никакви симптоми ништо мала промена на гласот ама останато ништо. А со оглед на тоа дека постојано сме со маски тука незнам како е дојдено до ова нешто. На работа со ffp2 маски за пазарење исто. Чудно ми е..
Точно е тоа, ама не значи дека нема да развие антитела. Ако не развие хуморален (IgG) имунитет, сигурно има клеточен, што е еднакво важен
Претпоставувам те нашле позитивна на редовните тестирања на работа. И сега истиот циркуз, изолација / карантин 10-14 дена?
Да редовно тестирање и сега карантин 10 дена мм пак 14 повторно тестирање утрово и сега си чекаме резултати.
Добро се знае нешто кога ке пристигне некоја поголема пратка вакцини? Лист не мрда, нели до средина на месецов требаше? Надеж 0...