Проф. Даниловски: 150 дена за вакцинирање Епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски проценува дека важен момент е процентот на население што веќе имало контакт со вирусот и кое има стекнато имунитет, а во оваа фаза на тие лица не им е потребна вакцина. Toj прави математичка пресметка според која, со сегашното темпо, Македонија за околу 150 дена ќе може да биде во процес на враќање на животот во нормала. До таа математичка анализа епидемиологот доаѓа преку два аспекта. Едниот аспект се лицата што веќе имале контакт со вирусот, а вториот се лицата што треба да бидат опфатени со процесот на вакцинација, кои според него не се повеќе од 400 илјади во државата. - Процената е дека досега контакт со вирусот имале околу 700 илјади луѓе. Според најнова израелска студија, сите тие (дури и ако немаат антитела), сепак, ретко се заразуваат по втор пат зашто ги штити клеточниот имунитет. Затоа, во оваа фаза, нема потреба да се вакцинираат - вели Даниловски. Пресметката ја темели на население од околу 1.600.000 луѓе. - Ако од таа бројка се одземат 700 илјади, остануваат 900 илјади. Имајќи предвид дека британскиот вид е позаразен и сигурно ќе стане доминантен до крајот на март, прагот на колективниот имунитет, потребен да се сопре епидемичното ширење, треба да биде најмалку 75 проценти (а не 60, колку што требаше со стариот сој). Тоа се 1.200.000 луѓе. Ако се одземат 700.000, остануваат 500.000. Од нив, 22,5 отсто (112.500) се млади под 19 години, кои не подлежат на вакцинирање. Преостануваат 387.500 лица. Со дневна динамика од 2.500 вакцинирани, тие би биле вакцинирани за 155 дена. Ова е груба апроксимација, под претпоставка да е точна претпоставката дека околу 700.000 луѓе прележале досега. Инаку, над 65 години возраст се околу 290.000 луѓе - вели епидемиологот.
Не ми е јасно како помладиве нерации ( јас имам 42 години и учев во онај стар систем) не знаат да разграничат вакцина, од лек! Ова е веќе основно познавање и срамота да мисли некој дека вакцина 100% те штити да не се заразиш од некоја болест!!
Зависи на кои болни мислат. Да, треба болните, ама не СИТЕ болни. Некои болни не смеат да се вакцинираат и зависат од нас и нашето вакцинирање. Човек на хемо не можеш да вакцинираш, ама најмалку што можеш е да вакцинираш персонал кој се грижи за него.
Болните што се со ковид и лежат во ковид центрите, на тоа посочуваше човекот?!?! Не разликуваат лек и вакцина во тој контекс беше муабетот.
Можеби но тестот од средата излезе негативен. Тој од понеделникот бил 37 верт некоја мутација сепак морам да останам во карантин.
Читам пак нешто околу ковид пасошите. Денес имале состанок, па сакале да воведат сертификат околу тоа. Меѓутоа еден дел ми фати око Значи не мора вакцина, ако добро сфатив. Некој поупатен нека каже поопштирно. Ебем им се по список, наизменично.
Што е безвеза? Кажав дека со оваа светлосна брзина, со години ќе се вакцинираме. А многу држави зависат од туризмот, мора некако да функционираат економиите.
Не знам што политики се во позадина, ама со оглед на тоа што вирусот веќе го има во секоја држава и најголемата трансмисија е помеѓу локалното население, затворањето на граници веќе дефинитивно нема логика. *Со исклучок на Австралија, Нов Зеланд и компанија
Не е во ред да ти се наметне вакцина а веќе мораш да патуваш од секакви други причини, не мора за прошетка а треба да чекаш додека добиеш термин. Од една страна кукаат и за слабиот туризам, од друга страна воведуваат секакви глупости. Треба да постои опција да бираш.
Од регионот: https://republika.mk/vesti/balkan/n...ema-da-gi-dobie-najavenite-vakcini-od-kovaks/ Босна нема да ги добие Фајзер вакцините преку Ковакс системот, бидејќи не ги исполнила условите за складирање Требало да им стигнат во март, ама сега цврцки. Од друга страна од БиХ велат дека ги исполниле сите дадени услови од производителот. Не знам, изгледа им се може на овие од Фајзер да си играат дрндупки со некои земји, не верувам дека Босанциве стварно не набавиле фрижидери за "длабоко". Ама им има улетано некој побитен фактор, а за балканските гревови ќе донесат попосле... во текот на векот. И да, денес Црна Гора ја примила првата серија вакцини на Спутник V. Претходно добија донација од Вучич. А кај нас времето е сончево и ведро.