А дали мора српски број да имам или може и македонскиот да го внесам? И дали може со еден број повеќе луѓе?
Она нејзниот мк моб го остајла таму ја контактирале. И нејзините исто така секој свој, а сите беа исти термин им се јавија ден претходно
2 и пол милиони дози биле обезбедени вика Заев Ок да, се, ама некој да му каже дека ни требаат пред 31.12.2021 Ги дуплирале дозите од Кина, 400 000 ќе сме добиеле, а и од Русија 200 000. Ок, конечно им текна, ама кога че стигнат?
Јас сум многу среќна што каснат. Среќа имаме што нема пари. Искрена сум. Ниедна вакцина ја нема поминато 3 та фаза. Моментално експериментираат врз народот, а наголемо се пишива дека Израел и Србија се дел од тоа. Што подоцна, тоа подобро.
Абе како можете да верувате во такви приказни за мали деца? Будали се америте, што една четвртина вакцинирале, или британците со една третина. Израелците секако дека ќе си го стават својот народ под ризик со тест вакцина да се уништи Се борат 3 000 години да преживеат за сега сами да се самоуништат
На државата е да обезбеди вакцини, наше е дали ќе се вакцинираме. Јас сакам, сега и веднаш да завршам со тоа. А не да чекаме вакцини 5 месеци и министерот да тера мајтап со нас. Негова должност е да обезбеди.
Сите имаат поминато 3та фаза, со тоа што од Синофарм се очекуваат конечните резултатите ако не се лажам. Израел не е дел од тестирање, а Србија да, но со 50 000 дози од Синофарм, а добија милион и пол. "Што подоцна, тоа подобро", не би требало да важи веќе, освен за опозицијата. Тие се молат воопшто да не стигнат вакцини. Но хронично болните и старите едвај чекаат вакцини, а и ние здравите што ни е преку пиип од пандемијава.
Секој има право на мислење нели? Јас си имам свое, вакцинирајте се, ама еве зошто некои имунолози отворено зборуваат дека вакцините не се толку сигурни, особено Фејзер? Зошто по секоја цена се настојува да се вакцинира населението? Државата е должна да обезбеди и потфрли со вакцините. Затоа вела цела среќа што се неспособни, барем има време да се видат нус појавите. Никој не дава информација како вакцината ќе влијае кај лица со одредени заболувања. Знаете колку спротиставени мислења има на темата? Не, не верувам теории на заговор, ама ова со вакцините, особено притисокот да се вакцинираме не ми е во ред.
На сите лекарства пиши купишта нус појави, од еден обичен парацетамол може многу нешта да ти се пореметат, а не па од посериозни лекарства. Лица кои имаат некои заболувања тука не ги вакцинираат, други па се со приоротет. Колега на 57 не доби повик, ама друг на 47 веќе ја прими вакцината. Ете, Британија стави 22 милиони вакцини, или 1/3 од населенитето. Повеќето над 50 веќе ја примија. За над 70 да не збориме. И со скоро пола од населението кое е вакцинирано или прележано, бројките спаднаа. И тоа многу. За некоја недела, излегуваме од локдаун. Фудбалски утакмици, фестивали, концерти, скоро се ќе е како што беше, благодарение на вакцината. Муабетот беше дека србите и израелците се лабораториски глувци Обавезно А благодарение на тие вакцини, што уште како бебиња сме ги примале, нема посериозни пандемиии на многу болести. И да, поскоро би да умрам од вакцина, отколку од ковид. Барем ќе знам дека сум се обидела да се заштитам, а не да чекам вирусот да ме покоси
Себичноста во ЕУ пуштена на максимум: https://www.dw.com/en/eu-blocks-export-of-astrazeneca-covid-19-vaccines-to-australia/a-56774362
@CameliaMiller може си пишала ама немам прочитано - како си после вакцината? Се пријавил ли некој со алергиска реакција на АБ? Да ја барам кинеската? Само тоа ме кочи малку во приказнава, не би да преживеам ковид пандемија а да умрам од гушење на вакцина.