А еден на милион од каде го извади? Вкупно примени (фајзер и астра зенека) се околу 200К во Јужна кореа, од нив 7 (само од астра зенека) починале во првите денови по примањето. 1. Од каде знаеш дека на останатите нема понатаму да им се влоши состојбата. 2. Зошто мислиш дека сите влегуваат во статистиката? Едит: Side note: Вакцината се дава на релативно млади и здрави индивидуи.
Не се секирај , пропаганди се тие . Не се глупи луѓено во Израел што се извакцинираа сите, па во Германија ,Аустрија , и итн . тие глупави се само ние македонците сме паметни и сакаат да ни ја земаат светата земја библиска и да ни го уништат народот со сина днк од александар македонски? НЕ! АЗ не е препорачливо за тие над 60 години .Инаку во секој момент умираат луѓе , така да голема е вероватноста да примат ваксајнс и да починат од што му дошол денот (сарказам) Нели има луѓе со канцери каде што некој после хемотерапијата оздравува , живее долги години , некој одма умираат после хемотерапијата и сега ти нема да веруваш дека хемотерапијата не може да спаси живот само заради некој што починал а оздравеле многумина??
Колку вакцини примиле вашите прабаби? Не е за кусур муабетов, друго мене не ми е јасно. Ако се вакцинираме за да ги заштитиме оние кои од х причини не смеат да се вакцинираат, шо праиме со муабетот дека сепак можеме да го фатиме и да им го пренесеме? Друго нешто- многу е чудно ова во Австрија. Двата случаи со тешки последици, се од една иста ампула. Дури и на саботажа ме удира мисла Едит , коментар на тој од погоре- во еу вакцина се дава на најстарите и здравствените работници прво.
Не реков за овие вакцини 1 на милион. Зборувам за '84 ако не се лажам, баш Пановски кажуваше. Вкупно се дадени нешто помалку од 300 милиони дози од сите вакцини, колку има починати?! 1. Затоа што главните реакции од вакцинацијата се 10-15 мин. после примањето, нема никакви индикации дека ќе предизвика нешто понатаму. Ти зошто мислиш дека ќе предизвика? Од каде знаеме Ковид што ќе предизвика за 2 години кај прележаните по таа логика? Знаеш какви последици знае да остави Ковидот кај прележаните? 2. Не мислам. Ниту од Ковид не влегуваат, ни кај нас, ниту во светот. Сепак тоа е мала бројка. Од каде знаеш дека смртта на тие лица е поврзана со вакцинацијата? Side note wrong. Вакцината засега најмногу се дава на 70+, освен во Израел каде стигнаа и 16+ да вакцинираат, Србија каде што се вакцинираат и помлади и секаде здравствените работници. Починатите во Норвешка се на возраст 85+.
Мал е бројот што не смеат да се вакцинираат а се Ковид ризични. Плус, веројатно би им пренела полесна форма нс болеста. Секако трансмисијата се намалува по вакцинацијата, кај некои вакцини и докажано. Има податоци за неправилно складирање, аплицирање? Ако било со Фајзер не ме чуди.
Јас пак да прашам: Зошто кога се наведува дека некој починал како последица од ковид вакцина, веднаш се отфрла инфомацијата како шпекулација, невистина, а од друга страна кога некој во терминална фаза почите со ковид, се наведува дека е починат од ковид и наголемо се труби за тоа. Логика, м?
Не се отфрла, еве во Норвешка детално истражуваат: https://www.google.com/amp/s/health...ients-death-after-pfizer-vaccination/80302155 Од Ковид починаа многу млади лица. Меѓу нив, многу здрави и без претходни проблеми. Па и постарите. Вакцинацијата е избор, Ковид не е. Нема кај него сакам/ не сакам да фатам, може потполно поради туѓа неодговорност, не сакајќи да фатам јас/ ти/ тој/ таа. А дали ќе примиш вакцина или не, бираш.
https://www.wired.co.uk/article/norway-deaths-coronavirus-vaccine За вториот дел, мислам дека видов негде скриншот од истото, ама името на постирачот беше избришано, и го земав со доза на сомнеж. Ако имаш линк пушти, би сакала лично да прочитам од особата што го напишала тоа. Олсо, бидејќи имам менувано неколку матични доктори, а и книшки (на пример во новата книшка немам забележано кои вакцини ги имам примено како дете) го имам прашано матичниот дали може во систем да се види кои се вакцини ги имам примено, и одговорот беше не. Зошто, поима немам. Искрено, би сакала да има таков достапен податок во врска со нашето здравје, во секое време. Друга работа, иако сакам да се вакцинирам, рабирам и не убедувам друг да не се вакцинира. Би ги земала сите податоци од интернет со доза на внимание (и тие за, и тие против), па дури и совети од матични доктори (не се доволно упатени во оваа проблематика сега). Тешко е да се донесе одлука кога сме преплавени од секакви информации, а не сме ни малку стручни по темата.
Ако беше за мене ова, коментирав за извештајот од Јужна Кореа и астра зенека, која не ја даваат на лица постари од 60. Пребарав, еве го. @Ahoy Ок.
Кај кои вакцини е докажано намален трансмисија? За второто- АЗ https://www.vecernji.hr/vijesti/med...pljenja-astrazenecom-istraga-u-tijeku-1474455 „Pacijentica je dan nakon zaprimanja umrla zbog teškog koagulacijskog poremećaja“, rekla je glasnogovornica AKH-a u Beču. ...još jedna 30-godišnja medicinska sestra, inače kolegica preminule, također u istoj rundi cijepljena cjepivom AstraZeneca, morala u bolnicu, gdje joj je „ustanovljena plućna embolija“. Мислам и Канал5 имаше за истото пишано, линкувано од некого погоре. Чудни се ова ,,нус-појави,, за неправилно складирање. Башка Австрија игра некоја интересна политичка игранка, ама не сте чуле ова од мене
Прелиминарна студија за АЗ го покажа тоа, имав споделено на темава. Израел мислам објави и такви податоци од Фајзер. Исто, имаше некои очекувања дека Јансен и Новавакс ја намалуваат трансмисијата, не знам дали потврдија официјално. АЗ знам дека за околу 60% намалува трансмисија, барем така покажала студијата.
Нема за вакцини историја, ќе треба да си ја бараш кај најпрвиот матичен ако ја чуваат. Не знам сега дали внесуваат во одделот за вакцинации кај децава, конкретно оваа вакцина мене ми стои како специјалистички преглед (во тој дел) а не во делот за вакцини.
Ај, ок. Норвешка наспроти зилиони други држави кои што категорично отфрлаат било какви смртни случаи поврзани со вакцинација Наспроти (пак ќе кажам) агресивната пропаганда со смртноста од ковид (која, за волја на вистината е дискутабилна т.е дискутабилен е процентот на смртноста) Не гледам изедначеност и правилно информирање тука? И не знам како може да не ви смета ова? На страна муабетите за вакцинација, дали е добра или не, дали некој сака или не да се вакцинира... ова што сега се случува во светот е лудница. Сталин, Северна Кореја, можат вода да им носат на модерниве цензурирачи и диктатори
@kravce во матичниот град, во оделот за вакцинација има картон за секој. Таму стои се што имаш примано. Ќе си бараш вакцинален картон и ќе ти дадат копија.
Може да се вакцинирате и ако сте болни и ако примате антибиотик. Сепак консултација со доктор, нормално. За првата вакцина не пиев ништо, за ревакцинава ќе бидам со атб поради автоимуната. Во исто време со мене е закажан и доктор со кој работам, а и тој е под атб. Единствено речено е да немаш тт 72 часа.
@kravce, @CameliaMiller потврда за примени вакцини се зема од одделот за вакцинација каде што си ги примал вакцините. ти го даваат вакциналното картонче (втората копија). Ако ти треба меѓународна потврда се оди во институт за јавно здравје (тој во Пролеќе) и таму добиваш меѓународен сертификат). Знам зашто ова го правеве во 2005 пред за заминам на студии во Велика Британија и ми требаше да покажам дека сум вакцинирана против ТБЦ (зашто ние сме сеуште во ризични земји, а кај нив таа вакцина веќе е укината заради многу мал број случаи и така се штитат). Ако треба плус вакцина за земјата во која патуваш во Пролеќе ја ставаат. Претпоставувам во сите други места би било истото. Јас на пример примив плус менингит Ц зашто ми бепше така препорачано од Универзитетот. И баш кога го покажав картончето на сестрата во Велика Британија искоментира дека е супер такво нешто да се има,а они го немале кај нив. Така што ова со вакциналниве пасоши мене ич не ми е ново. Се штпо треба ќе се стави и крај. Инаку сега за децава копија од вакцинален картон секој родител има дома. Кога се носат на вакцина податоците за примената вакцина се запишуваат во нивната книга за вакцини и во две копии од вакциналниот картон (еден останува во архивата на установатам, другата копија се чува дома). Ма двете има датум, тип на примена вакцина, серискиот број на вакцината, потпис и печат. Инаку Србите имаат студија на репрезентативен примерок која што мислам дека ќе биде навистина од корист бидејќи имаат и фајзер и астра зенека и спутник и синофарм во оптек. Еве им ги прелиминарните резултати за сдоавање антитела и слично ама во новинарски текст објавени, сеуште не можам да им ги најдам во академска публикација (многу е рано за тоа зашто тој проце трае подолго време): https://www.danas.rs/drustvo/gnjato...tvara-fajzerova-a-najsporije-kineska-vakcina/ и еве и објаснување зошто во Србија растат бројките и имаат и луѓе со тешка клиничка слика: https://www.slobodnaevropa.org/a/za...nih-u-srbiji-uprkos-vakcinaciji/31121443.html. Се опуштија браќа Срби без да водат сметка дека треба време одпримање на вакцина до создавање антитела.
Јас за ова зборувам, прво не ми стоеше тука, ама ја внеле. Другите ретроактивно не стојат, оние како дете што сум ги примила. Убаво би било да стојат, затоа постои МТ и е добар систем ако нели, се користи. Не знам дали за децата минативе 10г што примаат вакцини можат да се најдат тука, немам толку мало околу мене за да проверам, а пациентите наши не се деца едит Производител: МЗ
@CameliaMiller @duffi @JoyJoy фала на сите за коментарите, иако друга ми беше поентата на постот Одговорот се однесуваше на ова Ние во систем немаме внесено кои све вакцини ги имаме примено. Дали новиве сега влегуваат? Вакцинално картонче даваат на вакцинација, ама дали го носите кај матичниот да го внесе? Дали некој го впишува во системот? Дали треба или не треба? Јас не знам на американците каков им е системот, ама кај нас вакцинација моментално не се одвива кај матичен. Ако отидам со сајд ефектс после вакцинација кај матичен, без да и покажам вакцинално картонче, веројатно нема да знае дека сум вакцинирана, нели? Тоа беше целиот муабет, тенкс фор листенинг