Слушнавте дека Италија чека одобрување за произвотство на руската вакцина? Ме изненадија кометарите на луѓето тука дека не ја сакаат, била шкарт и неиспитана, баш од сите руската ли ќе ја произведувале. Читав дека сеуште не била одобрена од еу и дека се вакцинирале само трети земји... Она за што вие зборувавте за руската тука пак обратно зборуваат... Се зборува за милионски дози од џонсон и џонсон Од април се најавуваат милионски дози па којзнае...
Пропаганда пуштена на најјако Ова се повеќе ме потсетува на студената војна... овој пат со вакцини. А... требаше да бидат обединети, бе?! На крајот... се за пари ќе излезе. Како по обичај
Абе кои обединети знаеш некна што изјави еден министер вика попрво би купиле руски вакцини отколку да влеземе во строг локдаун како лани, замисли бе, се осетив како овца буквално, па глеат дека пандемија ништо не фунционира, финансии се нема на работа не се оди и они ќе чекале демек строг локдаун ама немало да има попрво од инат ќе земале руски вакцини. Тоа така го сфатив, како инат политика против русија. Си играат како сакаат, како смеат таква изјава да дадат, па зошто не земат руска вакцина ? Имаме веќе локдаун од октомври ... или они европска унија, се мразат па чекајте не зимаме руска.... нели е многу лошо нели во војна не се гледа кој со кого се мрази, нели граѓаните се важни, нели баш треба да не глеат политика туку здравје и медикаменти... ама ете му се испушти пред народот Вика не се секирајте ако стигнеме до целосен карантин поправо ќе купеме вакцини од русија... како да го сфатиме ова?! И сеа оп, руски спутник ќе поизведуваме се договоривме со русија Кој знае кај тераат и што прават на сметка на граѓаните.
Јас веќе резервирав за Хрватска (ама буквално хотел резервирав за Јули). Ако стигнам за вакцина добро ако не веројатно ќе може со ПЦР тест. Чекам море ми се чини цела вечност или ќе одам каде сакам или ич не одам ни годинава.
Скандал: Кина го одби Филипче за вакцини затоа што преку фантом-фирма побарал вакцини! Кина го одбила македонскиот премиер Зоран Заев за вакцини поради тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена во сите официјални писма на министерот Венко Филипче до кинеската компанија Синофарм, открива италијанскиот весник Ла Верита во текст насловен ,,Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот". Кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцините се случи уште еднаш во Македонија, каде владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас. Во едно телевизиско интервју во јануари, Зоран Заев ги информираше Македонците дека никогаш не би побарал помош од Кина и Русија бидејќи земјата, по влезот во НАТО, треба да се потпре на своите западни сојузници. Ла верита, меѓутоа, дојде до две писма од министерот за здравство Венко Филипче, коишто уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот Синофарм дури на 25 декември 2020, додека уште едно второ писмо од 25 јануари вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на Ла Верита, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот. Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим“, пишува Ла Верита. https://antropol.mk/2021/03/10/skanda-kina-go-odbi-filipce/
Ете кај лежел "зајакот" за авансот... За ПУСТИ ПАРИ и ПРОВИЗИИ го остави народот БЕЗ ВАКЦИНИ!! (ние као демек не знаевме... )
Сите се исти.. Оној па Жмицко, првонплука по здравствово сега се заблагодарува на докториве... А па тие под постот мислиш исус воскреснал постови постови. Само што за него има апартмани спремни и за 37 темп а за народ нема кревет. Важно народ ќе се истепа меѓу себе, навреди, ужас.
Во право си, сите политичари се исти, прво гледаат за својот џеб, па ако останат трошки за другите ок, ако не, се ќе се заборави за некој месец. Театар невиден.. Но, народ ни умира по болници, бројот на заболени е во пораст, АПАШИВЕ сакале провизии да лапнат од набавка на вакцини. Фантом фирми организирале. Ова се живи монструми. Геноцидна влада.. Па уште лажеа бе дека имале договор со кинезите Па излага на прес, па договор ваков, па таков, па кинеска нова година, па стара, па кинески Водици да поминеле, па кинеска задушница А тоа живи фатени, бандити...
Зарем уште некој му верува на Зајко? Вакцини од Кина мало сутра ќе добиеме, зарем овие мислеа дека глупи се Кинезиве.
И оние другине да беа исто ќе беше... Дали е Жмицко или Зајко иато е бре луше си се штитат бизниси си имаат. Никој не не ебава ни 2 посто. Ги заболе таму за некоја си Македонија.. И онака бројките се нереални, поврќе го прележаа нетестирани.
Ова многу демотивирачки ми звучи, лаик сум на темава ама кога доаѓа од стручно лица а не од политичари, верувам дека нештото е така некако. А бев убедена дека после оваа пролет ќе живееме нормално.
Можеби би било исто, но сега ГЛАВЕН и ЕДИНСТВЕН виновник се "Зоки, Фиќо" и компанија, и нема што ние да релативизираме и пишуваме што би било-кад би било... Све све, ама да пробаш да набавиш вакцини од компанија што гради автопатишта ... што да се каже на тоа... Се заради тие пусти ПАРИ и ПРОВИЗИИ .. МА ВАРДАР НЕ ГИ ПЕРЕ КРИМИНАЛЦИВЕ И ЛАЖОВАНИВЕ!!! Само се чудам дали мислат дека некој им верува?! Или навистина им веруваат
Значи колку гафови и глупости направи човеков па уште си кажува како да е нормална работа ова или виде дека со овци народ си има работа па не се замара, искрено крајно понижено се осеќам како државјанин на оваа држава после ова.
Значи помеѓу прва и втора доза има рок од прилика од 20дена. А што ако нашата мила Македонија не набави вакцини,што е со луѓето што ќе примат една доза? Дека видовме колку се способни до сега.