Кога некој прима вакцина од Фајзер веднаш се резервира за него втора доза (затоа тие од Фајзер се за 4000 луѓе), за Спутин сега стигна првата доза, втората доза уште на почеток ја најавива за 20 дена дека ќе дојде (со Спутник бидејќи се различни двете вакцини самиот производител веројатно по автоматизам ја праќа втората доза).
Ми текна на нешто, за лица кои имаат алергии, конкретно на пеницилин, смеат ли да ја примаат рускава?
Македонија не е предвидена во пакетот финансиската помош која ЕУ ја дава на 17 земји членки и 3 земји кандидатки и тоа Албанија,Црна Гора и Србија. Абе чуму мењавме име факинг изроди и кримоси? На арамии, хоштаплери и криминалци никој не дава помош, бидејќи и таа ќе ја украдат. Име, јазик и идентитет сменија и пак за живи не ги сметаат. Севернава е во појака изолација и од Северна Кореја.
Јас сеа се мислам дали да се пријавам за вакцина, на два ума сум. Стоматолозите од ПЗУ ќе ги вакцинираат во Јане Сандански со руската. Читав за сите вакцини, искрено, ниедна не ми се прима. Ама ако мора...
Првата пратка беше таа што ја чекаа со помпи и со предаваше од Вучиќ на Заев, втората дојде неколку дена подоцна во обична кола без многу помпи Филипче си ја зеде. Смејурии, ама ете барем за најзиложените има вакцина. Вкупно до кај 8000 дози стигнаа.
Не мора Ана Мора оти е нож до коска искрено, зависи од што ти е страв повеќе. Мене од вирусот дефинитивно, затоа одбрав овие стравови да ги кркам
Што се случува во Норвешка,Данска,Исланд. https://www.24sata.hr/news/i-norvezani-iz-opreza-prekinuli-koristenje-cjepiva-astrazenece-750211
Јас последниве денови слушам се повеќе луѓе од мојов град како одат до Врање за вакцина, други по нивни пример исто се пријавуваат. Велат дека немало потреба од српско државјанство само број за контакт. Истото ми го потврди и роднина од Белград дека многу Македонци се вакцинираат кај нив. Е сега она што изумив да ја прашам дали и за Мк важи да може да изберат со која вакцина би сакале?
Ај со среќа море Туку и јас се предомислувам Ко ќе ми дојде редот ќе се вакцинирам. Јбг. Таман докај летото ќе има повеќе информации и може ќе дојдам на ред, ако не го прележам по втор пат.
Мечка страв - мене не страв Од две зла помалото. Не знам дали некој баш сака да се боцка, туку сите сакаме да дишеме малце конечно.
Ова е интересен момент во историјата да ти кажам, ако одиме еден чекор наназад и сфатиме колку сме реално привилегирани. Никој не сфаќа колку сериозно вакцините се привилегија, се' додека едноставно ги нема. Онака, step back и мисла за афричкине мајки што километри на ушка деца носат, за вакцина за болест која кај нас се заборавила. Никако де не е тоа пример што би требало да се случи, ама како што рече сама, да можам, ќе платам, ама нема. Се надевам барем на малку луѓе им се отворија очите; колку малку треба за светот да се измести.
Израел почнал со вакцинација на деца од 12-15 години со Фајзер. Негде прочитав дека Нетанјаху веќе направил нарачка за втор циклус вакцинирање што се планира по 6 месеци. Вака ли ќе се тера работата, ова ми е искрено, многу демотивирачки.
Јас би се вакцинирала на есен,но не сум оптимист со успешно спроведување на вакцинацијата. Не само кај нас,општо. Како ќе живееме,не знам. Ова крај нема,многу се надеваа дека ќе биде ко со свинскиот грип ова од бетер побетер станува.