Не, не зборам за тебе, него за антиваксериве што не се свесни за сопствената привилегија и ја земаат здраво за готово. Иначе ок сум сега за сега, brain fog, ме боли местото, тт немам. Првиот пат вториот ден беше полош од првиот, ќе видиме сега како ќе биде. Сега самото боцкање помалце ме болеше, првиот пат баш печеше.
Знаеш Ками,мислам сега е друг проблемот. Не се антиваксерите. Тие нема да се вакцинираат вообичаено. Сега се проблем луѓе кои се вакцинираат но се несигурни бидејќи многу податоци ги нема поради краткиот рок. Како кај трудници и доилки на пр. Како кај деца. Како кај луѓе со некои болести. Нема доволно податоци и тоа е проблем. Плус еве ти сега,9 европски држави ја прекинуваат вакцинацијата со Астра поради сомневање дека предизвикува згрутчување на крвта кое не било во предвидените нуспојави. И ете проблем за спроведување на вакцинацијата. Од друга страна бојкотирање и неодобрување на руската во Европа. Баш сме баксузи што живееме во ова време.
Баксузи сме што живееме во ваков свет Фармацевтското лоби бара од американскиот претседател Џо Бајден да казнува држави кои ќе покажат расположеност за поевтини вакцини против коронавирусот, пишува Интерсепт. ...први на удар се Унгарија, Колумбија, Чиле и други земји за кои лобистите на големата фармација барале од Бајден да бидат казнети затоа што шурувале со други извори на вакцини и останати медикаменти против ковид и покажале спремност да учествуваат во зголемување на производството на вакцини а за што не добиле експлицитна дозвола од нивното големо друштво.
Не мислев на конкретнава вакцина, него на вакцини што повеќе од пола век постојат и се користат и се' уште има несвесни луѓе за својата привилегија, дека постојат луѓе, деца, кои ден - денес умираат од "искоренети" болести. Дека сега еве има такви што сакаат, а не можат да се вакцинираат, ни со пари, ни без пари. Можеби е баш момент да размислиме баш-баш за привилегијата. Пошто вакцините (генерализирам) се жртви на сами себе, едноставно предолго живеевме во меур каде што имаше доволно вакцинирани за да постои колективен имунитет, па имаше простор да се верува на квази научници. Нормално, кога децата не им умираат од дифтерија, лесно е да речеш - го нема тоа кај нас. И да заборавиш дека го нема баш зашто си привилегиран, а некое друго дете ќе умре, и некоја друга мајка 20км на врат ќе го носи само за да не го изгуби и него. Сите се баксузи на своето време, некој вирус, некој војна, јбг, не знаеме мирно да живееме, а ниту привидниот мир (до лани, на пример) не знаеме да го цениме.
Србија ќе гради фабрика и ќе ја произведува кинеската вакцина "Синофарм" пред почетокот на октомври. Ова е дел од договорот помеѓу Соединетите Арапски Држави и Кина. Дали некој знае моментално каде се произведува кинеската и руската вакцина освен Кина и Русија? Наскоро руската вакцина ќе се произведува во Италија.
Во Данска почината 60 годишна жена по вакцинирањето со Астра Зенека. https://kanal5.com.mk/zhena-vo-dans...-na-astrazeneka-zaprena-vakcinacijata/a465026
Го имаат Торлак, сè им се може. Торлак беше меѓу најмоќните во минатиот век, сега не знам како стои по квалитет но капацитетите дефинитивно им се тука.
Не е само до капацитетите на Торлак, туку и до капацитетите на Вучиќ. Му симнувам капа, игра и со исток и со запад, како некогаш Тито.
И, ние имаме капацитети. Погледни ги само Зоран Заев и Филипче. Што тие не се капацитети? Откако обезбедија 5 милиони вакцини и масовно се вакцинира во Македонија, тие си бараат и провизии од вакцините. Зарем тоа не е капацитет?
Пендаровски за Тв21: Од Фајзер ни кажаа дека не разговараат со земји помали од 2 милиони. https://shilomagazine.com.au/2021/03/11/пендаровски-за-тв21-од-фајзер-ни-кажаа-д/ Бизнис,бизнис,бизнис. Пак мислете дека племенити побуди се кријат у таа игла.
Не верувам. Торлак е институт специјализиран за тоа- вирусологија, вакцини, серуми. Оваа сезона или претходната мислам дека и за грип вакцини самите произведија, не некоја голема количина но заинтересираноста за домашните била многу поголема од заинтересираноста за увезените вакцини.
Па нормално дека е бизнис во прашање, јасно ни е на сите. И тоа не само со вакцините, туку и со тестови, антибиотици, витамини, антикоагуланти, испитувања од типот на д-димери. Колку само приватњаци ја покачија цената на д-димери во пандемијата? Јасно ни е на сите дека млатат пари во пандемијата, сепак тоа не е причина зошто претпоставените во нашата држава не обезбедија вакцина. Не мора да е Фајзер, било која вакцина би била подобра заштита од никаква вакцина. Нема никакво оправдување што немаме вакцини.
Супер, сега нека пробаат за сите да обезбедат Руска вакцина, па да видиме дали е до компаниите или до нивната (не)способност. Инаку официјално мислам дека се водиме на 2 022 500 жители, така да над 2 милиони сме Фајзер
Torlak сега за сега нема да произведува вакцина. Само ќе ја полни тоа го викаат прва фаза на производство: Производња руске вакцине на „Торлаку“ почиње 20. маја - Спутњик Србија (sputniknews.com). А им се може затоа што Торлак е кај нив. Затоа што отсекогаш биле држава. Знаете Кралство врзано со други моѓни кралства и слично. Не се мерите шака луѓе од милион и пол што имаат своја држава од 1945 со некој што имал кралство. Ние немаме такви капацитети на готовс, немаме ни Кршко, немаме ништо. Имаме патишта од СФРК градени зашто тоа ни фалело. Србија во СФРЈ веќе имала патишта па граделе друго. Сме немале ни факултети до скоро и да не биле Спрси, Хрватски и Словенечки професори по наредба да дојдат тука да предаваат уште би немале. Проблемите кај нас се многу подлабоки за жал. Немаме ни осет за држава по се изгледа. Така што бидете среќни што не сме пропаднале и да се потрудиме сите заедно да направиме нешто повеќе и подобро. Од гледање по комшии ништо не бива.