И Бугарија прекинува со АЗ поради смртен случај по примање на вакцината: https://sitel.com.mk/bugarka-pochin...azeneka-vremeno-se-prekinuva-imunizacijata-so А Јансен не може да ни испорача дози до крај на годинава: https://sdk.mk/index.php/naslovna/d...a-vaktsini-za-makedonija-do-kraj-na-godinava/
Во Србија имаше ли случај до сега со астра зенека вака? Не памтам да сум прочитала, а гледам на големо се вакцинираат
Ко им викаа сејте си раат, они њет, островот сам ќе си бил. И јас мислам дека е повеќе политика, него наука тука Колку е доза АЗ?
Искрено ова со АЗ ме загрижува поради тоа што имаат иста технологија со руската(со мала разлика). Иако може и политички да е, како што викате.
Кинеската е најскапа,таа што "сакавме" да ја купиме. Ова со АЗ може да е и политика но сепак доста нуспојави се пријавени.
Еве го ценовникот од погоре. За кинеската не знам ни дали штити од британскиот, уште Спутник и Фајзер остануваат во игра.
Да де, сега Спутник ќе биде колатерална штета. Сосема случајно. Ич не сум по завери, ама ова како смрди у пм. И во САД умреа луѓе по примање на Фајзер/Модерна, ама никој во нив не впери прст.
Зашто ќе испадне Фајзер нај-нај. А он си е нивен. Остај тоа не збореле со земји под 2 000 000. Ние небитни. Ама фин пазар е Европа секако. Едит: јас примив Фајзер и одма поинтелигентна станав Два чипа, е не.
Бат офкорс, елита си ти. Јас за Спутник почнав да навивам, изгледа затоа заглупавев Реално, за повеќе смртни исходи од Фајзер имам прочитано, ама сега за милипроценти збориме. Ете, од чиповите немало тромбофилија За Спутник ништо не знаеме, мора да е супер
Не знам искрено, сакам да верувам дека намерно се истакнуваат случаи кои можеби и немаат врска со вакцината заради други причини, ама од друга страна пак не можам да не се прашам што ако е стварно така како што се прикажува. За руската има официјално и неофицијлно нус појави?
И Џонсон & Џонсон е на иста платформа како АЗ, Спутник и уште една Кинеска. Спутник во првата доза користи еден аденовирус (Ad26), а Ad26 го користи и ЏЏ (само една доза), а во втората доза Спутник користи друг аденовирус, Ad5 (кој го користи друга Кинеска вакцина, Convidicea мислам, во една доза само). АЗ користи модифициран шимпанзо аденовирус, Спутник и другиве се со human аденовируси.
До тоа ќе да е, до шимпанзата. Мислам Словачка ја тестира Спутник на животни во моментов, ако не сум ги измешала лончињата.Ако начекам инфо ќе споделам.