Не се нормални. А тој вашиот Курц е на врв на листата нездрави. Толку многу ме револтира ова европсково однесување. Едит И во Хрватска прв смртен случај после примена АЗ Луѓе не сакаат да ја примат. На повидок пропаст на АЗ. Во Лансет не објавиле доволно податоци. Не објавиле ни Фајзер ама за нив не се важи.
Е шо Курц, баш е убав и умен Прв крена рачна за АЗ и рече вакцини со Израел ќе праи Не можам да доследам све, колку башибозук наоколу се дешава. Ама, сепак, меѓу првите ги дознавате информациите, кажете фала, чувајте Спутник за мене
Муабетиве за Бил ГејЦ ви се ко селска кооперација да дискутира за глобално затоплување или нуклеарна физика.
Да, за 2 недели. Сега измеѓу не проверив. Но по се' што знам, бидејќи со првата вакцина имав реакција, би требало да сум имала природен имунитет уште тогаш. Вторава помала реакција имаше општо.
Друг пат означи ме кога мислиш на мене Не ти личи вака да вртиш од околу Да се мисли чоек дали за него збориш или не ? Инаку... јас селанка сум, па одма знам дека на мене мислиш. Цел живот пред селски кооперации дремам, какви муабети да вртам? На вас ви ги оставам високоумните разговори Јас трач, ова, она, инсинуации, рекла/кажала, и тоВа
А од другите сите си ќутат за нус појавите. Најниска цена има АЗ, на крај на ден, сепак е пазар и огромни пари се во прашање. АЗ ја даваат по цена на правење, без профит. Во Велика Британија се вакцинирани преку 22 милиони луѓе, колку има умерено? А ако знаете нешто за таа земја, е тоа дека не може баш да се скрие нешто од јавност ако има многу лица со иста нус појава те. смрт.
Со таа разлика што луѓе пред селска кооперација не коментираат за тие теми. Гајле им е. Тие теми се за ’граЏанството“.
Со шприц и игла поголема од таа за вакцини. Како на домашните миленици. Мачката наша има микрочип. Затоа што нема мобилен со нејзе, а со тоа нема GPS. Има начин, само никој не 'чипира' луѓе. Посебно не Бил Гејтс. Чоекот гради санитарни чворови во Африка и се обидува да искорени болести во третиот свет, кои во првиот (нашиот) веќе не постојат. Како може да се запните баш за него дека заговара некаков дистописки 'нов поредок', кога е единствен кој 99% од заработката ја префрли во добротворни цели? Што правиме со останатите милјардери во светот? 1% најбогати луѓе во светот, имаат пари колку 60% од глобалното население комбинирано. Зошто останатите не ги префрлат нивните средства во добротворни цели и не трчаат да вакцинираат луѓе низ Африка и Индија, туку гледаат да накалапат уште троа пари? Колку им треба? Шо сакате зборајте. Бил Гејтс постави преседан во филантропијата на естаблишментот.
Па зарем не можеа да не чипираат мирно со инекциите што се ставаат на дневно ниво во амбулантите? Зарем стварно требаше да се крене ваква галама и сега пред очите на билионскиот аудиториум да не чипираат? Туку, чипови имате во телефони, таблети, лаптопи, телевизори, не ви треба вакцина за тоа. И не брат, нема да не чипираат. Ќе не остават сами меѓу себе да се испотепаме и изедеме со вакви теории на заговор: 5г, чипирање, земјата е рамна и 300 други глупости. Е ова е вистинското прашање! Ние требаше да бидиме први на листата за чипирање.
Инаку, не би да разглабам многу околу теоријата со чипирањето оти не сум убедена во неа баш. Само викам дека е веројатна како опција, толку. Дали мислам дека не чипираат, не. Дали е можно такво сценарио, офкорс.
Човекот што прв ја монетаризираше идејата за софтвер, уствари од филантропија бил воден. Да може и воздухот би ви го наплаќал, ама ок. Нема врска муабетов со вакцини, и ич не ме интересира ликот, ама хвалоспеви на оксиморон, од типот филантроп милијардер ми се смешни
Идеите треба да се монетизираат, иначе оти да мислиме? Секако дека парите се најголема мотивација, не го ни гледам како нешто што не чини Не гледам зошто оксиморон да е, ако да речеме тебе ти продавам оти можеш да ми купиш, а правам нешто за некој што мојот производ веројатно му е меѓу последните потреби во животот. Нема врска Бил, кој сака нека е, Енџи нека е пример...
Најдете соодветна тема за овој муабет, овде е оф топик. Инаку последица на тој мајндсет е фамозниот ковакс механизам- уште една алатка на неоколонијализмот. Нека ги симнат патентите ако се толку хумани
И на српски форум читав дека некои луѓе ги враќале не ги оставале да примат вакцина ако имаат алергии или некогаш имале анафилактички шок. Добро е да се знае како информација.