Што е тоа анафилактички шок Мајка ми се има скоро загушено од алергија , и се затвори грлото едвај до клиника стаса. Хронични болести има и еднаш ја прележа короната, ја убедувам да се вакцинира ама изгледа нема да смее?
Анафилактички шок е претерана алергиска реакција на организмот, која во рок од неколку минути може да доведе до смртни последици. Затоа по примање на вакцина треба да се остане под лекарски надзор 15тина минути, плус/минус. Еднаш помината корона создала онолку имунитет колку што може да одговори организмот, со вакцина не ќе направи дополнителен имунитет мислам. Туку, арно ме потсети- мајка ми размислува за вакцинирање а слична алергиска реакција има искусено со пчели. Сите вакцини ли го имаат истиот ризик, или некоја повеќе, некоја помалку?
Јас сум за прв пат пресреќен што немаат стигнато вакцините од Ковакс кај нас, затоа што се АстраЗенека. А знаеме што се случува со АЗ деновиве, нека се докаже дека е безбедна после истражувања кои се во тек, па нека ја носат. Better safe than sorry, овој пат и од вакцините.
Пишува дека не смеат да се вакцинираат лица што во минатото имале анафилактички шок од било која причина. Сепак уште не се доволно испитани, и затоа е потребна таа претпазливост.
Ај добро ве најдов во клубот на вакцинираните со прва доза. Пред некоја минута ме боцнаа, сеа си чекам.
Па ваљда Спутник е. Од вчера почнаа со оваа пратка вакцини од пред некој ден да вакцинираат стоматолози.
Како бе така ваљда. Ве вакцинираат а незнаете со која вакцина? Ја додека не го видам кутивчето не би дозволила ни под разно. Луѓе умираат, одредени држави прекинуваат вакцинација со одредени вакцини а вам сеедно ви е.
Па ете пишува на картончето, немаме ние 10 вакцини па да се грижи која ќе ја добие. И двете моментално достапни кај нас се одлични.
Да де ама сепак дека по муабетот дека рече ваљда Спутник е како сеедно да и е. Тоа сакав да кажам. А ситуацијава не е баш за сеедно да ни биде која вакцина ќе ја примиме.
Не ми е сеедно, ама се вакцинирав оти имам ризична професија. Не се секирај, ни ги покажаа и ги видовме кутиите. Се се правеше пред нас, не скришно. Не знаев генеричко име на вакцината, ама имајќи предвид колку вакцини донесоа тука, се знаеше која пратка за кого е наменета. Така да, знам што примив, фала што ме мислиш. Може требаше емоџи да ставам за да знаеш што мислев.