Ако не ти е проблем и се сеќаваш, може ли да напишеш што опфаќаше прашалникот? Бидејќи те разбрав дека ако било кое прашање е потврдно, не смее да се прими?
И јас се вакцинирав денес. Изненадена бев колку брзо дојдовме стоматолозите на ред, мислев со ова темпо дури на лето ќе биде. Прашалникот си е сосема во ред, основна претпазливост.
И јас имав желба со Спутник да се вакцинирам . Од како ја добив пораката со термин . Добив само страв и паника ! Ме плаши што имам хронична тороидеа !? Некој искуства ? Вторник е денот . Што биди нека биди.
Не се плаши, контраиндикација има само кај луѓе што порано имале анафилактички шок. Кај сите други е ок.
Нив матичните ги пријавуваат. Не се пријавуваат сами. Само ги прашуваат дали сакаат ако нема контраиндикација. Матичните очигледно знаат што болести имаат. Иначе прашалник јас пополнував (електронски) пред првата вакцина, потоа меѓу првата и втората, на само место на вакцина не. Освен првиот пат што ми измерија притисок, ме праша докторката дали сум бремена и дали сум алергична на било што. На ревакцина само ме прашаа за како сум ја поминала првата.
Кој сака во Бугарија, може на пут со Спутник. https://faktor.mk/padna-odluka-buga...elen-sertifikat-kje-vazi-i-za-ruskata-vakcina Знам дека со нетрпение ја чекавте веста, нема потреба од аплауз
Да не се кренеше прашина од колегите, не мислам дека Комората ќе направеше нешто. Ама откако се изјави дека сепак стоматолозите ќе се вакцинираат во првата фаза, ептен брзо се организираше се. Се надевам така ќе продолжи се и народов ќе може брзо да се вакцинира.
За каков анафилактички шок станува збор (од храна, од специфичен лек или од нешто друго) како контраиндикација. Јас се што наоѓам е дека Фајзер и Модерна не се даваат на луѓе кои имале анафилактички шок на полиетилен гликол или полисорбат. За другите ништо не можам ни да најдам. Маж ми има историја на анафилактички шок и јака алергија на нестероидни антиинфламаторни лекови па затоа ме интересира.
Кај оние кои и од др. вакцини имале анафилактички шок. Кај останатите (храна, убод од пчела) се бара следење 30 минути по боцкање. Кај сите останати без ваква историја 15 мин.
@JoyJoy јас објавив скриншут на минатите страници, во Србија воопшто не сакале да ги вакцинираат, ги враќале ако некогаш имале анафилактички шок или некоја алергија...
Други се препораките од производителите, сега ни јас не знам што да кажам Мене во Мк само тоа и ме праша докторката, дали претходно сум имала од што било анафилактички шок, бидејќи сум немала, не ме праша ништо повеќе и 15 мин чекав само. Едит: ме прашаа и за алергии ама на лекови.
Имам прашање. Две мои пријателки во Србија се вакцинираа (таму живеат) и после втората вакцина се позитивни нанковид со сите симптоми. Јас мислам дека тоа се тие несакани ефекти, кој како ќе реагира ама сепак ме буни дали е можно и несакан ефект да дал позитивен тест на ковид..