Светски заговор против Енглезиве? Првин удар врз Круната, сега и врз вакциниве. Шо ќе беше оваа работа?
Почнувам да се сомневам дека ситуацијава со Аз е политичка игра,хајка на неа ,а другиве се протнуваат под радар. Од тоа што го знам, со фајзер вакцини сите имаа некоја блага нуспојава,од аЗ не.
30 смртни случаи се пријавени од околу 5 милиони вакцинирани со Астра Зенека. Значи, преваленцата е едвај 0,000006%. Инаку, народно кажано т.н. "згрутчување на крвта" баш и не е некој редок феномен. Се случувало и пред вакцините, се случува секојдневно. Всушност, според горенаведените податоци бројот на вакцинирани лица кои последователно имале згрутчување на крвта е далеку помал отколку реалната бројка што се случува на дневно ниво.
Дали е медицински можно истовремено згрутчување и намалување на крвните плочки? Не ти го спорам горниот став, само прашувам.
Само споделувам бројки. Не тврдам дека не треба да се испита ако има некои сериозни side effects. Сепак, згрутчувањето на крвта се случува на дневно ниво, насекаде во светот. Всушност, тромбите се формираат како одговор на повреда на крвен сад секојдневно кај сите нас, па на тој начин се запира крварењето на местото на раната. Потоа нормално се раствораат. А ако не се растворат, тогаш постои ризик од забавување на крвотокот, па и откачување на тромб и формирање емболус. Општо е познато дека постојат предиспонирачки фактори или тригери на оваа состојба: висок притисок, висок холестерол, пушење, дијабет, долготрајна имобилизација, долготрајно седење или лежење, бременост, дебелина, генетски предиспозиции итн итн. Така што, голема е веројатност да дел од тие вакцинирани биле токму со овие предиспозиции.
Не, обратни се едно од друго. При тромбоцитопенија се јавува крварење, при тромбоза (која предизвикува и тромбоемболија) се јавува згрутчување на крвта. Ова е тоа што јас ти го зборев пред некое време и не ме сфати ми пиша на Германија супер и оди. Моќта ја има оној кој го има оружјето. Во овој случај САД, Русија, Велика Британиј и Кина. Геополитички на Германија (како мотор на ЕУ) и на цела ЕУ лошо им оди (Брегзитот не е катастрофа за Велика Британија како што претпоставуваа дека ќе биде зашто ефектите се помешаа со КОВИД и сега никој не знае што точно е причина за пад на економија) и немаат вакцини. Ова со Астра Зенека е само обид да се добие привидна контрола. Немаме сила да прозиведеме сопствена вакцина, ама имаме сила да блокираме (Русија и Велика Британија во случајов).
Сите имаат (и очекувано е де да имаат) некаква "нус" појава, некаква реакција. Може да помине и без ич ништо, ама очекувано e да има. Biontech колку што знам го има изумот, Фајзер "погонот". Колаборација бе
Е логично обратни се, ама се појавиле истовремено, кај ист пациент. За вакцината зборам, за економиите денес немам сила да расправам.
Имам пишано пред неколку страни дрка е Германско Амерички конзорциум. И Германиба има куп пари дадено за вакцината. Арно ама во САД е производството и САД има доволно вакцини, а Германија нема. Е тоа е геопплитика и мерење кој е "поглавен". Џабе изумот ако немаш капацитет за производство.
За Фајзер/Бионтек нема капацитет. Нов тип на вакцина е. Просто. Зс Спутник се појави информација од Русија која Германија официјални не ја потврдила https://www.euronews.com/2021/03/15...-to-produce-its-vaccine-in-the-european-union. Плус Спутник е стара технологија различно се произведува. А може ќе биде и како Српското производство (само полнење на готова вакцина) од кај да знам.
Словачките глувчиња и хрчаци ја преживеаа вакцината Спутник, не ослабеле, не пројавиле несакани ефекти и се чувствуваат добро. Толку од вестите од ЕУ за Спутник. Во меѓувреме заради Спутник се тресе владата (без зградата) ама тоа е во рубриката бизнис ес јужуал.