Дали тие граѓани што се вакцинираат надвор од земјава, некако ги има во евиденција и кај нас за да се знае пореална слика на бројот на вакцинирани во државава?
Ноуп. Јас сум вакцинирана во Италија немаше никаква врска ниту опција да се регистрираш за податоци во Македонија. Претпоставувам дека можеби, моооожеби, наредно идење во Македонија можно е при влез да треба да се даде некоја информација за вакцинирање. За вакцинирани во Србија исто ништо, ни на граница не ги прашале дали се вакцинирани или не.
Овие од ЕУ ем шуто ем боде се. Ем немаат вакцини од тие што они ги признаваат, ем нема да признаваат вакцинирани со вакцини што не ги признаваат (Руска и Кинеска). Нормални ли се овие Европскиве бироктари (оние у Брисел што седат де) или се до толку заглавени во мислата дека се моќни и битни што изгубиле секаква врска со реалноста. Имаат држави во ЕУ што вакцинираат со руски и кинески вакцини, имаат држави што сами решиле да признаваат други вакцини (Грција, Бугарија) ама јок. Они тераат по свое.
Знам цело вреем тоа го пишувам. Дека ова со Коронава и вакциниве е веќе војна (модерна војна) за геополитичко влијание. Ама ЕУ ми се ем шуто, ем боде во целава приказна. А бап ги преферирам во споредба со САД, Русија и Кина на пример од аспект на социјална политика и начин на живот. Сега ептен ја утнаа работава.
Кои се тие во ЕУ? Урсулка? ЕМА? Тоа ти е као министер без ресор, јер ЕУ не е унитарна држава, заедница на држави е. Државите внатрешно имплодираат (овде сигурно оксиморон напишав ама ајде)... сите со сите се во конфликт- премиер против претседател, овој против министер, наспроти сите национална агенција за лекови, уставен суд против некој од горенаведените... небитно кој јаде, кој пие, битно кај течат парите, кој со кого што договорил... - со инсајд од ЕУ, за Фемина- Биљарка
Пишав кои оние во Брисел што седат. Не знам што си замислуваат. Зашто државите си носат свои политики тие се трудат нивни да протурат. Луд ј..е збуњеног.
https://www.24sata.hr/news/zena-33-...pljenja-astrazenecom-751302?utm_medium=Status Колку и да е политика и хајка на АЗ можеби навистина има проблем со вакцината кој треба детално да се испита.
Па нели 100 000 ќе беа? Не се знае кој каде тера,да се убиеш. Место да нарачаат едно 300 000 дози од спутникот,бар со ризични групи да се заврши ,друго што ќе стигне, тие дремат. Една шака народ.
Останатитите околу 14.04 ќе стигнеле, според најавите. Е кој ќе ја прими, не знам. А Србија има пријавено некои вака ултра несакани ефекти од АЗ?
Текстов го имам прочитано пред повеќе од месец дена, можеби и два месеци. Нема ни глава ни опашка...еве го, објавено 12 февруари. И не ми беше јасно, кој данок го плаќа АЗ. https://www.mkd.mk/svet/vesti/bil-gejts-zhal-mi-e-za-astra-zeneka-navistina-bea-ljubezni Бројот на вакцини што може да се произведат во дадено време зависи од самата безбедност на нивното производство. Жал ми е малку за Астра зенека затоа што тие први се понудија да му помогнат на Оксфорд Универзитетот во овој процес, и тоа на непрофитна основа, и сега плаќаат данок за тоа @An-na нешто од твојот ресор ова
Прво имаа пријавено 80 несакани,40 од Фајзер,40 од кинеската. Сега пишуваат дека имало несакани нуспојави од АЗ ама нема смртен случај.
За сериозни,пријавени пишуваат. Не за чат пат температура и болка во рака. Ама слабо инфо има од Србија.