Преземен коментар од ФБ на објавата на Филипче дека има отворен портал за вакцинација... -- НЕ! Не вака! АМАН престанете! Министре Филипче, не знам кој ви ги води односите со јавност и подготвува дневни пораки за социјалните медиуми, но ова веќе е ноподносливо и навредливо за нас граѓаните што се обидуваме да задржиме здрава памет и здраво тело! Зарем толку сметате вие и вашиот тим дека народот е глуп, па ќе го залажувате со изместени пораки?! За каков процес на вакцинација да се информираме? Зарем може некој од нас немедицинксите лица денеска да се вакцинира? За кои фази на вакцинирање зборувате, кога вие вчера кажавте дека не сакате да кажете кога ќе дојдат било кои од ветените по 10 пати вакцини, за да не дадете лажна надеж? Зарем ќе мижите пред фактот дека и да дојде Астра Зенека многумина од нас ќе имаат задршка да се вакцинираат, оти секој ден по една европска земја го прекинува вакцинирањето со оваа вакцина? КОЈ ве советува дека овој пристап на изместување на вистината и ветувања добро ќе бидат прифатени од граѓаните и поддршката за вакцинирање ќе се зголеми? Било кој со здрав разум и реален поглед (не мора да има било какво искуство во комуникациите), ќе ви каже дека ваквите пораки предизвикуваат или бес или потсмев, дека оние чии блиски се по болници кога ќе прочитаат како ни објаснувате за фазите на непостоечката вакцинација сакаат да викаат, но знаат колку се немоќни и се молат блиските да им оздрават. Оние вторите ќе ви се потсмеваат оти и мало дете ја гледа прозирноста на оваа паракампања. Каква кампања ќе водите за вакцинација после ова? Свесни ли сте дека наместо поддршка за вакцинацијата ваквите дневни ужасно лоши објави ја намалуваат довербата кон здравствениот систем и кон вакцинирањето? Па зарем не гледате дека ретко кој веќе верува дека ќе видиме било каква вакцина (освен Астра Зенека која Европа не ја сака), и дека се повеќе се сомневаат дека има причина зошто ние останавме на задникот на Европа за било која вакцина?! Кој ви кажува дека ова е добро? Излезете од партиските кругчиња каде разно разни подлизурковци ви велат дека супер ја водите камапањава за непостоечката вакцина и зборнете со било кој на улица - ќе ви каже искрено дека ваквите „вести“ создаваат нетрпеливост, нервоза, неверување, потсмев и пизма. Аман престанете! Ќе го загрозите вистинскиот процес на вакцинација ако некогаш се случи. Држете се до тоа што е факт. План за вакцинација има, медицинскиот персонал се вакцинира, датум за први вакцини нема, бројката на заболени се зголемува. Доволно е и ова мачно, без вакви „вести“. И повторувајте и покажувајте како е да се биде одговорен кон себе и другите!
Чаршиски муабет: голем дел од докторите во Систина биле позитивни. Не проверена информација,но друга ми е поентата, дали кај нас се вакцинираат и докториве по приватните клиники?
Уште не. Првата пратка беше за оние во ковид центрите, втората за стоматолозите. Следните пратки ќе бидат за останатите доктори, само не знам како ќе ги распоредат.
Не е баш така. Точно е дека се вакцинирале доктори од систина, и кој не друг. Мене ми ја одложија поради доење, меѓутоа ние колегите се знаеме кои сме.
Немам реакции. Имав болка на боцнатото место на допир и толку. Ама денес и вчера, како да ми тече нос, пола ми е затнат, и се на кивање ме тера. Дали сум преладена, или закачив нешто, или ми е од вакцината, не знам. Повеќе ми личи на алергиска база дека е, од маските можеби, оти деновиве по две носам, една хируршка, една кн95. Не е лесно постојано да се носат, ама морам. Има колеги што се пожалија на реакција, главоболки, температура, омалаксаност... има доста варијации.
Колеги или колешки? Оти има истражувања дека кај жените појаки биле реакциите. Не само од оваа вакцина, од сите било така... И јас луѓе со реакции што ги знам, сите жени биле. Додуша повеќе жени и знам што се вакцинирале...
ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, БУГАРИЈА, ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СО ВАКЦИНИРАЊЕ СО КОВИД ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“
ЕУ земјите имаат доста стрикни и ригорозни протоколи кога се во прашање било какви несакани ефекти на лекови (во случајот нели вакцината). Моментот кога ќе се јави посериозен несакан ефект, сè се стопира, се додека не се разграничи/исклучи дали несаканиот ефект е последица од лекот/вакцината. И добро е што е тоа така, само лошо е кога се дава и политички акцент на сето тоа. Буквално се бомбардира народот со секакви информации и после очекуваш задоволителен број на вакцинирано население.
Или тоа или затоа што не сакаат да сносат последици за одлуките што ги донеле, па нема никаков проблем никаде. https://www.cnbc.com/2020/12/16/cov...sA8ZcFXrc2hYKDu-yGoGVeUhs4KbbGkCSjBqhJ_p9ozTA За Србија посебни се тие за нив, се знае
Не сум баш сигурна дека можеш да ги тужиш. Ко да прочитав нешто обратно А иначе баш ќе се досудиш, ако тргнеш против нив. Сигурно. По едно 200 години