Инаку, Филипче очекува на 31.03 да стигнат во Мк Кинеските вакцини и дел од АстраЗенека, вториот дел на 15.04. Ако испадне така, на 15.04 во земјава би имало 300 000 дози, за 150 000 граѓани, повеќе од доволно да се вакцинираат сите заинтересирани до овој момент.
Да, да, баш и за тоа е статијата. Дека државите веќе потпишаа дека во случај на последици, веледрогериите нема да сносат никаква одговорност, така да целата одговорност би паднала на владите. Затоа и најлесна опција им е да си негираат поврзаност на случаите со вакцините.
Аху значи од старт кажав дека е сомнителна вакцинава на АЗ , не беше доволно испитана ама ја пуштија во оптек .... Сметам дека уште од старт читам за неа да не ја користат лица над 60 години , се појавува згрутчување во крвта !! Мој инсект никад не вара , вакцинава не е доволно испитана , мојата братучетка се вакцинираше во србија со АЗ и нема никакви нус појави све е ок , но она е млада и здрава ...нз што да кажам освен кој преживи причаче
37 случаи на проблеми со згрутчување крв (не смртни случаи) на 17 милиони вакцини vs 3 смртни случаи на секои 100 болни од ковид, од кои голем дел (посебно младите) се резултат на тромбоемболиа . I will take the risk of reciving AZ gladly. Yasmil шо го пијам за контрацепција попрво ќе ми откачи тромб. Отворете упатство на било кој лек што го пиете па да видите кои се несакани ефекти може да ги има.
Така зборуваа, ама вчера Дојче Веле на македонски пренесе изјава на Филипче за 24 Анализа мислам дека Кинеските и АЗе стигнат на 31 март. Еве: https://p.dw.com/p/3qq0E
Што ве буни тоа ќе? Рекоа - не се истрчавме да набавиме за да видиме каков резултат ќе даваат. Се испостави дека во право биле. ..во меѓувреме во Србија “Успеавме да набавиме американски лек. Со оваа ампула, короната се лекува за 95%. Купивме 1.800 ампули. Нашите лекари ќе го имаат тоа во протоколот за да се обидат да спасат животи на луѓе кои се во категории во опасност”. американскиот лек против корона чини 600 долари
Абе сигурно причината зошто немаме вакцини е за да видиме каков резултат ќе дадат, а не оти едноставно имаме неспособни луѓе за тоа .
За прв пат влегувам во темата и прочитав последни цели три страни. Ми се допаѓа. Ние појма немаме околу вакцините што до сега постоеја ама за оваа сите експерти. Па уште некој кога читам пишал ‘ете ви реков, знаев’ како да присуствувал од идеја до реализација на вакцината. Сега за сега може само слободното време да си го користиме околу вакцините, факти и докази следуваат допрва.
На некој може ќе му се најде. Мене конкретно ме интересираше за вакцинација за Ковид 19, кај пациенти после трансуретрална ресекција на карцином на мочен меур кои треба да примаат и интравезикална имунотерапија со BCG.