Еден совет до сите што сакаат да се вакцинираат. Испитајте антитела пред боцкање, без разлика дали сте прележале или не. Пошто имам впечаток дека вакциниве даваат побурни реакции кај луѓе кои имаат антитела. Можно е некој да не знае оти го поминал вирусот од нога, а сака да се боцка. Може нема врска, ама да си кажам.
Надоврзување на ова, во Италија, ако си имал корона три месеци уназад не можеш да се вакцинираш, со било која вакцина. Колешка прележала во јануари, со минимални симптоми, не и дадоа, и рекоа ако сака да испита антитела па можеби ќе и дадат зависно од резултатите, ама да не се надева многу. Не знам како е во други земји, Србија мислам не ни прашувале, барем кај тие јас што ги знам што се вакцинираа со Спутник. Иначе, за АЗ за симптоми после вакцинирање, кај нас речиси сите жени имавме изразени симптоми после вакцинирање од мажите кои поминаа само со болка во рака. Пак, ова од тоа што имав личен контакт, не можам да си донесувам некои заклучоци јас
Па некој имаше спомнато дека по правило и задолжително треба да е испитување антитела пред вакцинирање. Дека баш вакцини како овие може да имаат последици ако имаш антитела
Ни кај нас не прашуваа, само боцкаа. Има колеги кои можеби од нога го прележале и не го осетиле оти немале типични симптоми, па наводно може да е побурна реакцијата. Никој не прашува дали сме прележале иако во пријавата за вакцина мора да наведеш дали си прележал. Оние што со сигурност прележале, не ги викнаа на вакцина, ама што со луѓето што не знаеја? Затоа мислам дека е пожелно да се испитаат антитела. Иначе, два дена бев затната, со растечен нос, од синоќа и желудникот ме боли. Не многу, ама доволно да немам раат. Ми рекоа дека може телото реагира сега на вакцината. Денес сум подобра, освен желудникот, ама ништо страшно. Никој ништо не спомна, само не викнаа во диспанзер на боцкање. Мене ми се јавија во сабота за вакцинирање истата вечер. Да требаше задолжително, немаше кога да испитам антитела. Мора да се направи протокол за вакцинација, не само да се боцка кој стигне кога стигне.
Не мислев ти да испиташ сама, него да не смеат они да ти стават вакцина ако не ти се испитани антитела. И да сака да прими пациентот, да не смее без антитела испитани, таков муабет имаше еден доктор, оти после може он да настрада. Ама не се пази очигледно.
Ние имавме прашалник, го носиш пополнет и пред вакцинирање со доктор знаедно го поминувате. Имаше посебно да не си имал некој од симптомите од ковид и последен тест за ковид кога си правел. Ама што викаш, апсолутно нема кога да испиташ и антитела па да знаеш точно. Плус како што се вакцините со рок на траење и посебни услови за чување, не е дека однапред многу се планира.
Па така де. Не се пази. Треба да се направи протокол, ама нема, не само кај нас. Можеби тоа е причината за многу нуспојави од вакцините.
Скоро сите доктори од инфективна де со прележан ковид, сити примија вакцини. Дел имаа силна реакција после првата вакцина, останатите после ревакцина.
За награда, вакцина од аз Поима немам што значи, прво рекоа дека небезбедна за постарите, сега нешто помладите... глава ме боли кога размислувам. Уреду тоа, ама сите ќе треба да изнадаваат пари за испитување антитела. Државно нема термини. Јас мислам нема некоја врска антителата со реакција на вакција, ама што знам..
Од рубриката Сите против сите, издвојуваме: Норвешка контра ЕМА: Тврди дека има доказ за поврзаност на појавата на тромбови и вакцината на „Астра Зенека“ Ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна и ефикасна и дека нема потреба да се запре имунизацијата со оваа вакцина, бидејќи нема конкретни докази дека таа предизвикува згрутчување на крвта кај пациентите, е причината Германија, Франција, Италија и Шпанија да објават дека ја продолжуваат имунизацијата со оксфордската вакцина по привремениот прекин во очекување на експертскиот став од ЕМА... ... за разлика од нив, Норвешка, која всушност и го покрена прашањето за безбедноста на вакцината на „Астра Зенека“ против ковид, преку Институтот за јавно здравје објави дека и натаму нема да ја користи оваа вакцина. ... постои веројатност оти генетските вакцини против ковид-19 може да играат улога во стимулирање на автоимун одговор на тромбоцитите, што може клинички да се манифестира како тромбоцитопенија, крвавење и згрутчување на крвта, но, сепак, посочува дека за да се потврди оваа хипотеза потребни се значителни докази. Посебно кога се работи за генетските вакцини, кои се нови, а нивната долгорочна проценка на безбедноста е клучна за идентификување на потенцијално контраиндицирана група субјекти, како што се пациенти со историја на нарушувања на крвта, минато или сегашна тромбоцитопенија или веќе постоечки имунолошки состојби.
^Од истиов линк Значи генерално нема нзс или заедничка врска помеѓу починатите... упм. Кога ќе дојде следната тура од руските? A руската нели беше на ист принцип со астра зенека?
@Ahoy ли беше што рече дека Зенека користи аденовирус од шимпанзо, руската од човек? Моментално тоа ми се врти како осомничен, не знам баш точно зошто. Го најдов
На пријател што ја прими Спутник затоа што прележа во јули му рекле да испита антитела, ако има помалку од 3 може/ треба да се вакцинира
Слушнав од повеќе страни дека луѓе кои прележале ковид, испитале антитела и имале некоја вредност, после извесен период дошле свесно или несвесно во контакт со заразен, при повторно испитување (има луѓе и по повеќе пати што си ги проверуваат) уочиле дека бројот на антитела им се зголемил во однос на првиот пат. Значи, во повторен контакт со вирусот, без симптоми телото се изборува и го „јача“ имунитетот, т.е. антителата. Баш поради ова, потребно е секој да си провери антитела непосредно пред да прими вакцина, зошто иако тој знае дека прележал во мај лани на пример, не може да биде сигурен дека во скоро време немал повторно допир и изложеност на вирусот. А изгледа дека реакцијата е побурна ако имаат висока вредност на антитела, нешто за што кажуваше др Марковски уште лани.
Na pitanje novinara trebaju li se AstraZenecom cijepiti žene mlađe od 55 godina, i postoji li za njih neki povećan rizik primarijus Krunoslav Capak je odgovorio: - U jučerašnjem priopćenju EMA-ine komisije o nuspojavama je istaknuto da je moguće da je cjepivo povezano s vrlo rijetkim slučajevima krvnih ugrušaka povezanih s trombocitopenijom i da ta situacija mora biti istražena. Otkad smo počeli cijepiti AstraZenecom, zabilježeno je 12 slučajeva tromboze venskih sinusa, to je nešto više od onog što je očekivano, uglavnom se radi o ženama u dobi od 25-55 godina - kazao je Capak. https://www.24sata.hr/news/treba-li...ak-je-detaljno-ispricao-koji-su-rizici-751724
Ако може одговор од некој стручен, @KuklickaSk , @Ahoy Дали лицата со бета таласемија би биле во опасност ако се вакцинираат со Астра Зенека која предизвикува и тромбоза и тромбоцитопатија? Зашто кај тие лица веќе се крвните плочки со нетипична форма и големина.... дали би се предизвикало додатен проблем?
Вистина е тоа, а и ни' кажаа до душа, дека ние што имаме прележано се очекува да имаме посилна реакција. Јас немав испитано антитела, сепак, првата вакцина навистина 2 дена ми ги направи мачни. Од друга страна, тие што немаа прележано околу мене, освен минимална болка немаа ништо друго. Интересно е што сите симптоми што јас ги имав со првата вакцина, тие со ревакцината ги имаа. Кај мене ревакцината беше неспоредливо полесно искуство него првата вакцина.