И кај нас е ако имаш прележано минати 3 месеци, не можеш да се боцкаш. Тоа е, како што ми објаснија мене, за да си "купат" време бидејќи нема доволно вакцини. Објаснувањево е од специјалист, до душа не е имунолог.
Јас во јуни прележав, никој вака не ме советуваше. А не е дека не знаеле, знаат затоа што и прашалник пополнуваш и пред да те боцнат те прашуваат.
Не би можел јас да ти помогнам Грин, не сум стручен, за жал Али ќе повикам пријател, може ќе помогне: @Peperutce1115
Има една препорака, оние кои прележале да примат само една доза, тоа би им дошло како ревакцинација кај непрележаните, мислам дека затоа првата си ја примила "потешка" од втората Не знам дали го советуваа тие од таму или се консултираше со некој друг точно, ама мислам дека епидемиолог така го советуваше. И испадна дека има маалку под 3, иако во Септември чинам имаше 7ка, па се боцна
Ама не е официјална препорака, сепак сите што имавме прележано добивме и втора доза. Некои и втората потешко ја поминаа, со тт, јас за чудо немав воопшто тт. 37.2 или 37.4 со првата, кратко. Идентични симптоми на ковид имав
А нели АЗ е класична вакцина,а Модерна и Фајзер се генетски вакцини? @Ahoy Да,на ист принцип е,само АЗ е на адено вирус од шимпанзо, а рускатаод човек.
Најкласична е Синофарм- деактивиран вирус. И Астра е класична, векторска, векторски вакцини се користат долг период, ама не сум сигурен дали имало до сега некоја која користела шимпанзо аденовирус за да ги испорача информациите од Ковид, па да почне да се создава имунитет. Слична со Спутник и ЏЏ, само што оваа користи шимпанзо аденовирус, другиве две хуман аденовирус.
Е ајде де. Ме мрзи веќе да барам оригинал информации, ова преведено којзнае што превеле Или новинарите којзнае што напишале, нешто да се врти Секако само да посматраме ни останува
Немало на Дуолинго Види на Busuu да нè има, и на Јутуб секако. Ама тежок е тој, дојди на Норвешки, скрос англиски е, Демон може са потврди
Најубаво да се консултираш со твојот доктор. Ти спаѓаш во вулнерабилна категорија граѓани и пожелно е да се вакцинираш, ама во однос на конкретната вакцина не би знаела да ти кажам. Најдобро да разговараш со твојот лекар.
Гугл транслејт не е идеално решение Разбрав дека ваква здравствена состојба може да биде тригерирана единствено од вакцината. Којзнае и тоа дали правилно го разбрав.
Во случајов единствено од вакцината, затоа што нема историја на нешто друго кај пациентите што би било потенцијален тригер за таквата состојба.
Фала на одговор За сопругот се работи, тој има бета таласемија minor. Се надевам ќе има вакцина што ќе смее да ја прими
Фајзер, Фајзер, Фајзер.... а до пред некое време главниот аргумент беше "мРНА дејствува на ДНК, ја модифицира, ќе не чипираат, генетски ќе не модифицираат, ќе добиеме рак". Крајот не може да ни се најде.
Тешко дека ќе добиеме ние уште фајзер сега и да сакаме. Си набавија 'големите' за неколку години . Еве податоци од unicef covid dashboard колку вакцини имаат нарачано големиве.. А цел свет, кој го врти.
не можам да ставам на истиот пост, пс еве на нов и цени, кој колку плаќа за истите вакцини. изворот е ист, уницеф.