^ Зошто со време господата во Влада не склучат договор со CureVac пример, за следна сезона сигурно ќе биде одобрена таа, а и со тоа што е исто така РНК вакцина веројатно би била одлична. Или со вакцините од Куба, Soberana01 и Soberana02, барем Куба има развиена медицина, верувам и вакцините ќе им бидат добри. Или со некои трети, има многу што се во фаза 3 или фаза 2/3 кои ќе бидат одобрени наскоро, а не се целосно букирани од големиве држави, за сега. Оваа сезона утнаа што утнаа, барем за следна нека бидат спремни, со време.
Не е лошо да побараме и помош од доктори од Куба. Медицински тимови веќе беа испратени во Италија и Кина мислам. Медицината во Куба не само што е развиена, туку и деца од Украина после Чернобилската несреќа оделе во Куба на лекување. Спремни да помогнат. На Куба може да и се приговори за многу работи, ама на здравството треба да им се огледа цел свет.
@Ahoy и јас читав за кјурвак, дури се подзамислив германциве може намерно бавно вакцинираат, чекаат оваа да се одобри, па да си ги свртат парите А се очекува до мај/јуни веќе да ја пуштат, што со оглед на околностиве и не е баш далеку. Башка оваа беше со една доза мислам, или стара информација ми е тоа
Овде за CureVac рекоа дека во јуни (на почеток на месецот) би била дистрибуирана во најдобар случај. Меркел ги уценува Астра Зенека-или да го испочитуваат договорот за доставени дози или самостојно склучуваат договор за употреба на Спутник. Бајден става бан на извоз на било какви суровини потребни за изработка на вакцина, додека неговите граѓани не бидат вакцинирани во доволен број. Една од најголемите фабрики во Индија за производство на вакцини се соочува со сериозен дефицит на материјали за производство. Урсула се заканува со бан на извоз на вакцини од ЕУ до другите земји додека АЗ не го исполни договорот. Дел од денешните вести во врска со вакцините И така тоа, светот си игра политика и си го мерат на кој му е подолг, pardon my french.
Јас се мислам ова да го направам. Во октомври немав, а скоро сум сигурна дека имав не еден, ама повеќе контакти. И маж беше зимава болен. И сега е. Јас не сум. И баба ми беше, јас не. Ќе проверам дали ми мрднале. Уште да се натерам пари да дадам за нив
Нормално кога државата го става профитот пред здравјето на граѓаните. Да беше другачие ќе се заангажираа у потрага по вакцини, без разлика дали е Зегин или владиниот апарат.
А зошто Астра Зенека не го почитува договорот, не доставува или што? Некои викаат дека во Германија луѓето масовно одбивале да се вакцинираат со неа, им ја ставија чивијата и уплашени биле, па наводно им пропаѓале вакцините. Не знам што е точно. Од друга страна Американциве ми личи дека уценуваат со испраќање нивни вакцини, првин сакаат сосема да ја девалвираат А-З, да ја принудат ЕУ да го раскине договорот со нив, па после да им испорачува Фајзер и Модерна. Во нивен стил. Анѓелка затоа бара алтернатива со Спутник, мора нешто да понуди на своите граѓани. Мал им е процентот на вакцинирани, 6 до 7 %, што е смешна бројка за една Германија. Ако ништо друго, гледаме политички игри без криеш, геостратешки шах на големите. Јас типувам дека Истокот суптилно и мазно си ги зацврстува своите позиции во Европа. Пливај, не таласај.
Направи проверка плис, кога ќе можеш. А и доволно е да се знае дека тие што не создале антитела со прележување, да бидат мирни дека имунолошкиот систем им памти, не заборава, иако наизглед "кулира".
Наводно немаат доволно капацитет за толку масовно производство, немале материјали, жими све Се кажа пред месец дена дека во лето ФДА ја одобрува АЗ и се очекува на денот на одобрувањето стотици милиони вакцини да бидат диструбуирани во УСА. Во ЕУ е испорачано едвај 40% од потпишаното. И нема да се зголеми дистрибуцијата на сметка на тоа. Тие се само дел од игрите, којзнае што има во позадина што не го знаеме.
Кој има памет од владата да одигра толку паметно. Па дури читам дека кога ќе дојделе вакцини ќе сме немале право да бираме со која вакцина сакаме да се вакцинираме, ај мајката.. ако веќе е задолжително зарем немам право да бирам вакцина!? Ем неспособни, ем се прават силни!
И овде во италија страв во коски од АЗ, бегаат колку што ги држат нозете, претходниот викенд од 40 000 вакцини, 20 000 ги фрлиле, не се појавиле луѓето, секаде каде што се вакцинираа затворија оваа недела, ни в од вакцина немаше, баш читав и глеав слики како било а како е сега. Народот лут, не сака да се вакцинира со астра зенека, од друга страна направија тотален хаос од страв меѓу народот и сега за 3 дена пу пу не важи отвраме доаѓајте да ве вакцинираме?! Овци сме?! Мислам.... немам збор. Јес да не знаеме што е во позадина ама од една страна самите тие пишуваа дека умреле луѓе дека требало да се испита од друга страна за 3 дена рекоа пу не важи. Од 30 до 50 % е намалена заинтересираноста при повик за вакцина. Луѓето ионака се плашеа и беа скептични
Мислам дека никаде не бираат, освен во Србија. Да ја прашам дописничката од ЕУ за секој случај... @Biljarkata ?
Избор АмИ пароли, ко пред 70 години: - слобода или смрт - боље рат него пакт Таквимити работи Живот мил, Страв лозје чува... Само Србија демократија, ес фар ес ај ноу. А где су чипове, а? https://kanal5.com.mk/-tojota-go-prekina-proizvodstvoto-vo-cheshka/a466237