Некои имаше после месец дена, последната имаше пишано после 5недели. Една имаше напишано дека во исто време се вакцинирале со сестра и, сестра и има, а она немала антитела... Смртни случаи од фајзер има ли? Или шуш е работата..
Затоа сум скептик за Синофарм искрено, од аспект на ефикасност Чинам дека некаде прочитав дека антитела од неа се создаваат 33 дена после втора доза, но никаде не можам да го најдам тој пост, а тоа е многу долг период. Спутник, Фајзер и Модерна се најдобри Брзо создаваат имунитет, ефикасен е, а од Спутник и долго (ќе) трае... ама
Јас некни сонував како сум се вакцинирала со Фајзер, па сум барала картонче, па ми велеле зошто се вакцинираше, и се разбудив и решив да се пријавам за вакцина, ама кога ќе стигне Спутник или Фајзер. Уште се мислам која, ама најверојатно ќе е Спутник.
АЗ е 79 % ефикасна според американското истражување Covid-19 News: Live Updates - The New York Times (nytimes.com)
Еве добар информатор за Синофарм, на кој му се чита: https://gulfnews.com/special-report...vaccine-all-you-need-to-know-1.1613923087408# Вика дека штити 100% од тешка клиничка слика. А во УАЕ пред некој ден излезе дека даваат и 3 дози таму каде што не се развил имунитет по 2 дози
за сите кои не се љубители на игли, се спрема и орална вакцина за ковид-19, т.е. вакцината е во облик на апчиња. јас би со тоа. https://www.businesswire.com/news/h...-That-Produces-Antibodies-After-a-Single-Dose
Макфакс Европската агенција за лекови во април ќе испрати група експерти во Русија за да ги проверат клиничките испитувања и производството на руската вакцина „спутник В“. Ова го изјави директорот на агенцијата за здравствена безбедност и стратегија за вакцинација, Марко Кавалери. Според него, освен европските медицински експерти, вакцината „спутник В“ ќе ја проверуваат и германската компанија „Цуревак“ и американската „Новавакс“. „Во тек е проверка на руската вакцина, ќе ги разгледаме сите податоци, со цел побрзо да ги одобриме. Во април ќе спроведеме инспекција во Русија што ќе се однесува и на производството и на клиничките испитувања. Тогаш ќе видиме кога ќе ги имаме податоците потребни за можно одобрување на вакцината“, изјави Кавалери за италијанската телевизија „Раи3“. Претходно, претставник на работната група на тема коронавирусот изјави дека ЕМА не може да ја одобри руската вакцина пред мај. Во саботата претседателот на регионот Лацио, Никола Зингарети, објави дека за неколку дена ќе биде потпишан договор за спроведување на научни истражувања за вакцината „спутник В“ во Националниот институт за инфективни болести „Лазаро Спаланзани“ во Рим. Директорот на тој институт, Франческо Ваја, изјави дека Националниот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ ќе испрати тројца свои соработници во Рим на заедничко истражување со италијански колеги за ефективноста на руската вакцина против различни варијанти на коронавирусот. На 5 февруари научното списание „Лансет“ ги објави резултатите од третата фаза на клинички испитувања на вакцината против ковид, „спутник В“, во која е потврдено дека „спутник В“ е безбедна и ефикасна вакцина.
АМЕРИКАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ ПОТВРДИ ДЕКА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „АСТРАЗЕНЕКА“ Е БЕЗБЕДНА И ЕФЕКТИВНА ЗА СИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ
Со други зборови, ич не им се прај ќеиф за руска „путинка“ како змија да ги уапала ќе биде. Ги пратам и јас, ама дали тоа значи дека можеби имаат клеточен имунитет како кај прележаните од корона, или сепак не? И плус, секогаш има процент на луѓе кои не развиваат антитела, беше нагласено уште на почетокот.
Би требало да имаат. Студијата од УАЕ вели дека ефикасноста е 86% против заразување, а 100% против добивање тешка клиничка слика, односно, и да се заразиш- ќе поминеш како обична настинка. Тоа значи дека 16% можеби нема да развијат антитела, ама сите вакцинирани ќе бидат целосно заштитени од сериозна болест и смрт. И тоа е супер.
Реактивни Т- клетки. Исто како и прележаните кои немаат антитела, можат да се заразат но би минале лесно.
На тема реакција со антитела, јас испитував дента пред вакцината, имав 0.9, колку што знам немам прележано, ама со резултатов којзнае. Реакцијата после вакцина беше следниот ден 3 саата температура до 37.2 и цел ден малаксаност и мускулна болка. Местото на убодот не ме болеше. Планирам пак да испитам после втората доза.
Јас мислам дека имаш прележано или си била во контакт, можеби летото, но антителата полека се изгубиле. Над 1 во тестот пишуваше дека се реактивни, така? Оние кои немаат прележано обично имаа околу или под 0.2 антитела