Има. И антитела има. Познавам асимптоматски прележани во јули што сè уште имаат задоволителни количини на IgG антитела
А тек ако е вистина дека со секое соочување со вирусот антителата се зголемуваат Така би можело доживотен имунитет да се стекне. Не знам колку е вистина ова, тука на форумов чинам читав, не се сеќавам дали искуство беше споделено или официјален податок.
Да, над 1 пишуваше позитивен. Не сум имала никој болен во најблиска фамилија, ама и мене ми беше изненадувачки резултатот.
Искуства од луѓе. И супер би било ако некој и на Форумов сподели искуство, доколку е сигурен дека по прележување имал близок контакт со заразен, и повторно мерел антитела. Ако кај повеќето е така, тоа е повеќе од одлично.
Стигнаа вакцините за втора доза Спутник? Мислам дека наредна среда треба да се почне со давање втора доза на Спутник
Не се уште. А од Комора објавија дека се стопира вакцинацијата, и дамла ме удри иако никаде не беше јасно напишано дали се работи само за колеги кои допрва треба да примаат прва доза или пак тоа ја вклучува и ревакцината. За пратката прашајте ги одговорните.
Сигурно ќе ве вакцинираат и со втора доза, нема шанси да ве остават. Ма да, и да задоцни неколку дена, не е проблем за развојот на имунитетот. Сигурно ќе прекинат затоа што немаат веќе да вакцинираат, за останатите луѓе.
Ќе го ставам ова овде https://www.aljazeera.com/news/2021/3/17/chile-second-covid-wave-hits-despite-vaccination-campaign Чиле и покрај високата стапка на вакцинација се соочува со нов колапс. Со што вакцинираат Чиле @Ahoy , со Спутник ли? Некој што знае шпански да ни даде подетален извештај?
Пишува во статијава, дека добиле пратка од четири милиони вакцини Синовак. Мислам дека допрва ќе биде тешко на јужна хемисфера, дај Боже да грешам.
Мислам дека ја немаат Спутник, туку Фајзер, АЗ, Синовак и ЏЏ во исчекување. За Синовак треба 2 дози, а ефикасноста е 50%
Баш сега скоро читав за Чиле. $200 м. имаат буџет за вакцинација, беа одлични и пример со имунизација, ама сега е многу лошо. Со Фајзер беа првите 20.000 дози, а потоа со Џ & Џ, а имаа во февруари нарачка на Спутник В. Ова е од Гардијан податок.
Мислам дека немаш прележано. Јас два пати правев за да се проверам и тогаш имав резултат 0.6 и 0.8 Кога се разболев односно на проверката после имав 16.
Со све друго освен со Спутник вакцинираат. Најмногу со кинеската. Covid-19: Chile joins top five countries in world vaccination league | The BMJ И Србиве најмногу кинеска имаат и еве ништо фајде од таа. Или луѓево не знаат да се стрпат да развијат имунитет (зашто долго и треба на кинеската околку месец дена по втората доза). Или како и се кинеско. Не чини вакцината.
Јасно е дека 30% вакцинирани или колку и да се, не значат крај , ама се надевав на некаков аутком за Спутник. (не ми работи мозокот македонски денес, ваљда се разбравме) Кинеска секако нит ми нудат нит би барала , за Спутник ќе видиме.
Абе види, и УАЕ најмногу вакцинира со Синофарм, па евидентен им е падот на бројките, мислам. Не знам како е во Бахреин.
Е па од Чиле нема инфоо за Спутник. За жал. Мислам дека нема ни доволно производство на Спутник во моментов за да има испитувања поподробни. Еве и Србија што им се испитувањата се за Фајзер и кинеската. Од Спутник немаат дадено доволно дози за да испитаат.
Треба да се види како стојат со дадени дози од секоја вакцина. Ама еве даваат и трета доза од Синофарм конкретно UAE offers third shot of Chinese vaccine in some cases | Financial Times (ft.com). Викаат добро е и со две дози ама кај некои треба и трета доза.