Зависи. Мене прв избор би ми бил Спутник, пример. Потоа, блиску тука, Фајзер и Модерна, скоро па иста вакцина само што Модерна е полесна за дистрибуција. И од неодобрените- Novavax
Тоа со кинеските вакцини што сте го спомнале е сигурно зашто голем број луѓе ќе примат прва доза и готово мислат имаат автоматски имунитет. После тоа се многу поопуштени и нормално огромни шанси за зараза иако вакцинирани.Не знаат сите колку треба да чекаат за антитела, тоа сум 100% сигурна.
Не ми е јасно баш со количината на антитела со моменталните игг тестови, ама да споделам искуство. Член од фамилијата правеше тест за антитела пред 2 месеци, искочи резултат 1,7. Претпоставивме дека е прележан пред некој месец и дека за месец два ќе ги снема останатите антитела. Пред две недели имаше контакт со суспектен на ковид, и викам ај баш да испитаме да видиме дали има некоја промена на антителата, излезе резултат 1,89, значи нешто ситно повеќе од пред два месеци. Е сега, дали е тоа резултат на имун одговор во контакт со вирусот или тестовите не се нешто прецизни и тоа се истите антитела од првичната инфекција не би знаела. Во истата лабараторија беа двата теста.
Хмм, минимална разлика, скоро занемарлива. Меѓутоа не сте сигурни дали контактот бил сигурно со ковид така, само се сомневате? Како и да е, најважно е што роднината не пројавил симптоми.
Контактот имаше симптоми, на брз тест излезе негативен, сега го лечат од пост ковид компликации . Ќе напраи антитела за две недели за потврда, ама да, сега не сме сигурни. Разликата е минорна, ама со оглед на тоа дека првиот тест беше пред 2 месеци очекував дека веќе ќе нема антитела. Јас ќе се надевам дека е имун одговор
По 105-те новинари кои се вакцинираа во Србија денес и членовите на независен полициски синдикат изјавија дека ке се вакцинираат со вакцини обезбедени од Србија, како и можност за вакцинирање на одредени полициски службеници. https://www.facebook.com/GranskiNSP/posts/274154340912197
Рускиот претседател, Владимир Путин денеска се вакцинираше со вакцината на рускиот институт "Гамалеја" - Спутник В.
Тестовите за антитела се многу прецизни. Невозможен е лажно негативен ни лажно позитвен резултат. Овие антитела му се од првиот контакт, не од сега
Значи возможно е да бидат повеќе антитела после 2 месеци од првиот тест а инфекцијата била пред 8 месеци? И тоа е супер, значи не се намалуваат толку брзо ко што мислев...
Ако Италија започне со произвотство на руската вакцина дали вакцинава иста ќе е? Ваљда да.... И ваљда нас со нејзе ќе не вакцинираат ако веќе ја произведуваат нели? Прашања кои ме мачат
Во врска со антителата да ви кажам случај кој ми го кажа колега на работа. Некој негов пријател го болело глава три дена,никакво апче не му помогнало. После некое време отишол да се тестира и му нашле висока скала на антитела.
Истата ќе е, само што ќе се произведува надвор од Русија Иначе Италија има нејзина сопствена вакцина во трета, последна фаза, не ми текнува името сега (ќе проверам). Пишуваат нешто за неа? Едит: Вакцината е од Италијанската биотехнолошка компанија ReiThera (GRAd-COV2), во соработка со Националниот Институт за Инфективни Болести Lazzaro Spallanzani. Се работи за аденовирусна вакцина, со аденовирус кој инфицира горили. Засега, вакцината ветува, добро е поднесена и создава антитела. Третата фаза е регистрирана на 10.03.2021.
Србија успеа да набави од повеќе видови вакцини, донација ни даде, новинарите ни ги вакцинираше, сега и полицијата, а нашите неспособни уште спијат. Следни избори Вучич го гласам.
Не сум читала, сигурно пишуваат одоздоле под билансот, ама последно време за биланс читам, толку. А богами има за читање. Добро е за спутник. Најверојатно логички таа ќе ја добиеме. А може и нивната којзнае. Аман да не е АЗ се плашам, искрено. Сега за сега се плашам. Од после сфаќам дека можни се секакви реакции и од таблети, може и кола да ме згази ама се плашам ете..
Ние уствари немаме набавено никакви вакцини, сите ни се донација. 3000 вакцини, со залагање на рускиот амбасадор... и 8000 вакцини од Србија. Во меѓувреме, околу 200 000 вакцини обезбедила државата од Спутник, ама никако да стигнат. Процентот на вакцинирани ни е 0,3%.
Тие 3000 мислам дека се дел од тие 200 000 договорени, т.е. сега ќе бидат 6000 кога ќе стигне втората доза. Катастрофа хауевер.
Тие од Фајзер ги плативме што стигнаа кај нас. И Руските се платени (дел од тие 200000 што треба да стигнат). Донација се само за новинариве што отида во Врање да се вакцинираат. Само што немаме вакцини е проблемот. Платени не платени ги нема.