Мислам Фајзер им рекоа не смеат да донираат. Срб ни ги даде ама морале да ги платат. *не сум 100% сигурна*
Вакцини од љубов не се даваат туку така посебно кога нема. Си знаеме сите дека се платени и ваљда преплатени со пари со...... што год.
Ако е донација е без пари, ако е се пати значи е препродавање. Ако смеат да препродаваат, од Србите да си купиме.секако веќе куп луѓе отидоа и без проблем Србите вакцинираат.
Властите во Хонгконг престанаа да ја користат вакцината на „Фајзер“ против коронарнавирус, а како причина наведоа дека има грешка во пакувањето. Вакцинацијата во Хонгконг се одвива бавно, поради недовербата на граѓаните во кинеската вакцина „синовак“, известуваат тамошните медиуми. Вакцината од „Фајзер“ нема да се користи додека не се спроведе истрага, пренесува „Ројтерс“. Хонгконг почна со вакцинација со „синовак“ во февруари, а овој месец беше понудена и вакцината на „Фајзер“. Според податоците на владата, минатата недела двојно повеќе луѓе изразиле желба да примаат вакцина од „Фајзер“ отколку од „Синовак“. ©Makfax.com.mk
Вакцините од Србија беа донација. Фајзер не дозволува препродавање на вакцините. https://a1on.mk/macedonia/fajzer-ne-dozvolil-srbija-da-ni-gi-prodade-vakcinite/
Вакцини да се обезбедат што е можно поскоро, ако може нека се молат што сакаат да се прави самоВакцини да обезбедат за Постарите. Греота се.
Тетка ми имаше термин за вакцина за утре и' откажаа под изговор "за здравствените работници во новите ковид центри". Дали е некаква злоупотреба во прашање? Дали функционери се вакцинираат во државата?
Не верувам, искрено. Во разговор со медицинско лице кое моментално работи со вакцините секојдневно, ми беше кажано дека е премногу строго во однос на фаќање врски за вакцинација, практично не возможно, за никого.
Им откажаа и на други меѓу кои и на моја блиска. немам коментар, на сред вацинирање да нема за луѓе што работат директно со пациенти.
Нема веке вакцини. На официјалната страна пишува дека досега се вакцинирани 6884 лица, што значи дека утре е последен ден за нови вакцинации, остануваат само за ревакцинирање некои. Имавме 8190 Фајзер вакцини од кои половина, односно 4095 за ревакцинација и 3000 Спутник V. Тоа е доволно само за 7095 лица да се вакцинираат.
Ги ротираат. Идиотите ги вакцинираат моменталните здравствени работници во ковид, па сега ги вратија назад на другите места, а во ковид центрите се невакцинирани. Беда.
Па ризични се веќе сите. Секаде циркулираат пациентите. Сите здравствени работници треба да бидат вакцинирани. Ковид центар е секоја амбуланта.
Па кога ќе ги чујам Филипче и Заев "масовна вакцинација" да спомнат како да го слушам батката: "масовно цело село... патот.." Исти капацитети се. Ај па ене го Врање кај е, ред новинари, ред полицајци, ред бизнисмени, за пеесетина години ќе не биде сите. Плус добра скара имаат. Па и за гласање најубаво таму да си одиме. Мизерии.
Најнов извештај во Германија: Колку се безбедни Ковид-вакцините? "Во 2.287 случаи се пријавени потешки несакани реакции. Како тешки, според институтот „Паул Ерлих“, се сметаат нуспојави „кај кои лицето треба да добие лекарски третман во болница или реакции кои се сметаат за медицински важни.“ 1.728 од нив се однесуваат на вакцината на Бионтек/Фајзер, 113 за Модерна и 352 за АстраЗенека." " Процентуално, односно во корелација на вкупно дадените дози вакцини, по вакцинирањето со АстраЗенека се пријавени помалку потешки сомнителни случаи отколку кај двете други вакцини."