Мојот гинеколог што ме пораѓаше со втората ќерка и покрај тоа што беше вакциниран со Фајзер почеток на годината фати корона и тоа беше во многу тешка состојба на апарати во болница месец дена , инаку има околу 45 години ама е доста полничок па можеби ете затоа и бил во тешка состојба. Многу ми беше жал кога разбрав ама баш денес ми кажаа дека се опоравил и дека веќе се вратил на работа.
Моите примија втора доза во јуни сега септември се позитивни и двајцата со наод на бели дробови и високи димери
Јас со спутник в симптоми на настинка грло нос болки во телото и млкасаност губење вкус и мирис покачена температура два дена до 37.8, мм спутник мн висока температура 3 дена, губење мирис и вкус. Свеки синофарм 7д температура до 39, слаба кашлица. Свекорот синофарм едн авечер до 37.5 и толку. Мислам дека ако не бевме вакцинирани од сите нас свеки сигурно ќе завршеше во болница, ние другите не знам може ќе бевме малку потешка форма од ова така да да треб ада бирам пак пак би се вакцинирала.
Ако ми е матичниот антиваксер, јас не би се лечела кај него. Уствари, и да не е антиваксер, еве и да имал реално причина зошто тој лично не се вакцинирал, со самото тоа што применува ист совет за сите пациенти, со секакви здраствени состојби и истории, би го откачила. Што ќе ми е таков доктор?
Еве и ние вакцинирани, јас и снаата со Фајзер, синот со АЗ , сите излеговме позитивни пред два дена . Сите сме со лесни симптоми како настинка. Се надевам така и ќе остане . Инаку внуката од градинка го донесе, бидејки таа прва се разболе, ама и други деца излегоа позитивни, а групата не ја ставија во изолација . Ете така се шири.
Да се пријавам и јас тука. Вакцинирана во јуни со две дози Синифарм, денес ми јавија дека тестот е позитивен. Чувствувам малаксаност, претежно спијам, имам главоболка, денес и блага кашлица. Температура 37.7.
Со лесно нека ви е. Од сите симптоми нај тешка е главоболката , на моменти неиздржлива. Само позитивни мисли . Ќе помине.
Исто и кај вас со лесно да мине @Okica. Баш сега коментирав дека камо главоболката да беше најстрашна Грлото боли како жилети да имам. А најлоша е психата, од сите страни бомбардирани сме со бројки, а јас посебно што сум астматичар
Во март минатата година позитивна бев со тешка клиничка слика. Ми требаше месец и повеќе да заздравам. Кашлав до губење свес до гушење и постојано висока температура 40.По 26 дена почнав полека да заздравувам. Во ноември изгубив вкус и мирис. И сопругот и сите дома бевме позитивни повторно само што немавме други симптоми. Тоа траеше три недели. Потоа со месеци не можев силата да си ја повратам. Се влечев како црево, одвај обавував некои преоритетни обврски. Се вакцинира со Фајзер сега во септември. И со вакцината и со ревакцината поминав со болки температура како воз да ме поминал. Сопругот се вакцинира пред 4 месеци со синовак. Него освен поспа ост не му јави никакви други симптоми. Родителите ни се сите со астра зеника и лесно поминаа сите. Ние како ми како али деца мои никогаш нема да дозволам да се вакцинираат.
На другар родителите вакцинирани и двајцата со фајзер мислам, после 3м се заразија. Татко му со тешка кл.слика, цела недела тт 40ст,кашлица до губење здив, беше во болница 1 недела и едвај жив остана. Мајка му со полесни симптоми беше. Околу 60г се и двајцата. Исто еден близок после прва вакцина добие симптоми, се тестира и позитивен го извадија.
Бидејќи мојот пост беше од минатата недела , во меѓувреме се јавија од градинката и здравите деца ги распоредија во други групи. Се надевам дека не се рашири многу , незнам колку деца излегоа позитивни додека се откри работата. Инаку ние поминавме со лесно, да дава Господ кај сите така да биде .Мое убедување е дека сме вакцинирани добро пројдовме, што не мора некој да се сложи со мене.
Од фамилија примери, сите позитивни. Со две дози вакцинирани, фаќаат тешко поминуваат. Третиот само со болки во телото и омалаксаност. Со една доза еден тешко,друг на нога со една вечер температура само. Невакциниран најлесно помина без никакви симптоми, откриен случајно поради болки во грло два дена. Дете, поминува само со дијареа, повраќање и една вечер температура. Нема никакво правило, сите еден од друг испофатија и сите различно поминаа. Овие со една доза, имаат огромен проблем. Доктори им викаат дека нема потреба од втора доза бидејки имаат антитела имаат прележано, но мора да патуваат Германија , а таму треба со две вакцини за да се движат слободно? На недела ,две ќе одат. И чаре????
@ocicka2014 за Германија конкретно сестра ми е вакцинирана само со една доза Модерна, дека веќе е прележана..
И сега, што ќе правите? Ќе се вакцинирате и ќе се разболувате, како и пред вакцината? Мош ќе пројдеш мош не, руски рулет...што би друго, а?
Во мојата фамилија вакцинирана со две дози Фајзер, 40 години почина. Беше крупна. Само што излезе тест позитивен за 3 дена почина. Една недела пред тоа се жалеше на малаксаност, навечер тт, и главоболка како настинка класично, правеше тест од аптека негативен, кога и се влоши состојбата ја тестираа позитивна, За жал почина.