Јас и сопругот вакцинирани со Синофарм во мај, помеѓу 10-15 ноември добивме позитивни тестови. Се зарази сопругот од колега кој исто вакциниран со Симофарм. Не заразивме никого фала Богу. Ден пред сопругот да пројави симптоми јас и синот бевме на гости кај баба ми. Потоа се изолиравме дома за секој случај сите одделно, 5 дена по сопругот и јас пројавив симптоми. Свекорот и свекрвата само што беа примиле фајзер трета доза, па одма се иселија по препорака на матичниот. Пред сопругот да се тестира два дена беше во контакт со нив, му мереа притисок итн. Ама добро е што не ги заразивме, два пати се тестираа во рок од 10 дена по контактот и си останаа негативни.
Мање-више сите што сѐ вакцинирале, после прележале и ковид (барем од мојот круг на познаници!). Ајде тоа, ама кој знае да објасни зошто во последните денови над педесет посто од починатите се вакцинираните. Јас на гугл читам дека 39 посто сѐ комплетно вакцинирани во Македонија. Тотален пропуст е оваа генетска терапија.
Вакцинирани со сопругот две дози Синовак. Позитивни бевме пред две недели. Сопругот главоболка страшна и температура. Јас по 7 дена од него симптом класична настинка на почетокот,премина во затнат нос ко некој до рака да ми го стисна. Ништо не помагаше во одзатнување. И кашлица. Помалата ќерка помина потешко да речам,со температура,кашлица. Предвремено родена со контроли во Козле сме. Нека мине кај сите.
Кај нас, големата ќерка пред скоро две недели беше позитивна без никаков симптом , ама она е невакцинирана, сега јас со три дози Фајзер дали од неа фатив , од понеделникот имам симптоми ко суво грло, секрет на моменти, некоја мала т два дена сега немам температура ама кога осетив завчера дека немам вкус , реков тоа е тоа вчера правев тест од аптека и оп, позитивна
И јас и дечкото после пола година од вакцина (синовак) се заразивме со делта сојот, полесно поминавме заради вакцината, да не бевме мислам дека немаше да е баш така..
Јас вакцинирана со 2 дози Синовак, сепак фатив корона околу Нова Година. Поминав доста добро, температура до 38.5, 2 дена, мала болка во грло, кашлање, болка во коски и мускули, растечен нос, и тоа беше тоа. Антитела имав прилично после тоа. Ноо, короната ми го остави имунитетот во хаос. Таман кога мислев дека имам антитела и сум силна, добив воспаление на крајници, температура над 39, инфузии, инекции, 2 типа на антибиотици и што уште не. Не е наивен вирус..
Вујна ми (46год) вакцинирана со две дози фајзер во ноември, вујко ми(50год) не сакаше ни да слушни за вакцина, брачедите исто така невакцинирани. Крајот на јануари се разболеа, сите позитивни, вујна ми уште ден денес не е добра, тешко врви со високи температури сеуште, крвна слика многу лоша, д димери премногу покачени, црп многу високо, и се надоврза и бактериска инфекција.. Оди по два пати денот на болница за инфузија а можеби и ќе ја задржат на болница и рекоа ако нема наскоро подобрување. Вујко ми само два дена температура и главоболки, брачедите без ниту еден симптом ( средношколци ). Да напоменам вујна ми нема никакви други болести, баш води здрав живот и спортува т.е. многу пешачи. Другарка пак невакцинирана исто прелошо врви веќе скоро 3 недели и никако да оздрави само и се влошува ситуацијата, а родителите нејзини со две дози Фајзер позитивни без ниту еден симтом. Брачеда на сопругот невакцинирана, позитивна три дена со температура 37.5 максимум и болки во грлото, цело време на нога полна со енергија после 3тиот ден ништо, а нејзините дома кој вакцинирани кој не ( живее со сопругот, свекор, свекрва, јатрва, дечиња ) некој со тешки симтоми, некој без, некој како настинка... Заклучокот ми е дека испадна вакцината нема врска, има вакцинирани многу тешко што врват и невакцинирани многу тешко што врват. Има вакцинирани што им поминува без ниту еден симптом или како мала настинка ама има и невакцинирани што им е така. По мое, зависи од имунитетот на чоекот и колку вирус примил во себе, а дали вакциниран или не, не игра улога. Од вакцините сум тотално разочарана, и сега и уплашена, прво кажуваа не можат да се заразат вакцинираните мали се шансите ги штити вакцината, потоа можат да се заразат ама ќе имаат мали симтоми штитат 100% од смртен исход, кога на крај испадна дека не штитат ни од смрт, има премногу случаеви вакцинирани со 2 или 3 дози и починати.
И камењата веќе сфатија дека оваа генетска терапија е сѐ освен успешна во спречување на нови зарази и смртни случаи. "ОТКАКО ОТКРИВМЕ ДЕКА НАД 50% ОД ПОЧИНАТИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ПО РЕД БИЛЕ ДВОЈНО BAKЦИHИPAHИ, МИНИСТЕРСТВОТО ОДЛУЧИ ПОВЕЌЕ ЈАВНО ДА НЕ ЈА СООПШТУВА ОВАА СТАТИСТИКА!" https://kolovrt.com/otkako-otkrivme...eke-javno-da-ne-ja-soopstuva-ovaa-statistika/ Нема зошто да ве трауматизираат со вакви податоци, спијте си мирно. By the way, исто одлучила и Шкотска Браво. Епа немаше смисла ваква статистика да гледаме, каде што е преочигледно дека генетската терапија не спречува ни ковид ни ништо: "Fully Vaccinated account for 9 in every 10 Covid-19 Deaths since August according to latest Official Data" https://dailyexpose.uk/2021/12/03/f...nce-august-according-to-latest-official-data/ Чиста сметка, долга љубов? Мхмм, не не!
Еве отворив на страната на министерство и разгледав за месецов и таква бројка 50% постои некои 3 дена. Што не викам дека е малку, ама исто така и само по себе ништо не значи зашто статистиката не се базира на рандом ден туку на анализи од повеќе денови и месеци. И на крај севкупно бројката може да испадне и 10% и 40% починати вакцинирани, ни ти ни јас не можеме да знаеме.
arno ne se vakcinirav vtor pat more mani gi i vakcini i sve. Pak zabolea i si umrea hronicnite. Ova e ladna vojna. Vakcinata e samo nesto sto neprovereno ni go tupnaa oti ni trebase spas. Daaaa od Spas ne go vidovme ni Spasetaaaaaa. Fajzer mashala go nastegaa so pominat rok. Ovie novive ke ni gi tupaat demek spas. Nema spas. Ako si hronicen imas sansi da si umris. Treta svetska e ova alo! Kolku sto si se svestite i prekinete so lapanje sve i svasta, tolku podobro. Vitamini i fizicka aktivnost i mnogu malku jadenje. Tri pati pominav kovit. Prviot pat mislev ke umram od premor. ne mozev da mrdnam, ne se ni sekavam na denovite. Vtoriot pat, pesacev premnogu i dve nedeli nesto kako pred nastinka me fati - i op pomina. Tretiot pat dva dena nosot mi bese zatnat i kraj. Eve go sin mi ima leukociti pokaceni - zosto? preleza i toj. Lek nema, samo namaluvanje na tezinata. Zatoa se kladov pak na rezim strog, malku jadenje i mnogu fizicka aktivnost.
Не ми е јасно што ти е смешно и кај пишувам за серификати? Ако ти е досадно па си буцкаш најди си друг, не ме цитирај за глупости. Btw читање учевме во прво одделение, ама за буцкање и измислување зборови каде што не постојат треба талент.