Оф топик ама тука се разви дискусија. Значи ако почнеш покасно две дози се примаат на 9 и 11 месеци? И ако може некоја да ми каже уште колку вакцини има од петвалентната до мрп? Колку што сфатив, на 11 месеци треба да го носам за шествалентна и превенар и следната е мрп.
На 11 месеци ми е запишано трета доза превенар и на 13 месеци МРП. Со тие завршувате до МРП. Е како вака, нели ако до година се даде превенар, треба три дози?
Ние ставивме прва вакцина превенар на 9 месеци. Следно втора вакцина превенар на 11 треба да ставиме и бустер со и да значи тоа (пак боцкање) после годината ама не знам точно кој месец. Значи 3 пати боцкање за превенар.
Да продолжиме во соодветната тема. Превенарот ако се почне порано се три дози (мислам две вакцини и една ревакцина), ако е подоцна се две,мислам дека после две години има само една доза. Вака сум запомнила од тоа што ми кажа докторката последен пат кога бевме. Ако грешам нека ме исправи некој. А за времето кога ќе се примат, тоа за ќерка ми ќе биде на 9 и на 11 месеци,не важи за сите, така нас ни закажаа
Еве погоре пишаа дека 3 боцкања се. И јас знам ако се прими до годината дека се 3 дози. Ако се прими после првата година до 2 години, тогаш се 2 дози.
Баш гледав сега во картонот ама не можам баш да се снајдам дали 2 или 3 дози ќе прими. Само ми е запишана следна за два месеци значи на 11 ипол месеци.
Да, сега првата доза на 9 ипол. Кога веќе пишувам во темава ај да прашам. Сестрата ми рече нека ги прими сите ревакцини, па за мрп ќе се договориме следен пат кога ќе дојдете, во смисла да и кажам кога ќе сакам да ја прими. Кога ја примија вашите и на што треба да обрнам внимание? Од муабети што сум слушала 'требало' да се почека да прозбори. Секако ова се муабети меѓу мајки, со стручно лице немам разговарано.
Прва доза прими на 7+м не дозволив со рота и дтпр заедно многу ми се виде,втора на 9+ трета на 12м .До година се 3 дози,над година 2 дози,а над 2 години 1 доза.
По стар календар е после 18м и многу лекари се сложуваат а и оние на кој се на вакцини го имаат истото мислење.Мрп вакцината делува на мозокот знае да направи мозочно воспаление а и силен алергичен шок.Близнаците ми се порано родени,едниот близнак покажува алергиски реакции на многу работи а чекаме 3 години за да видиме на што се е.Јас ги вакцинирав над 2 години со многу припреми .Давав имуностимулатор ,често надвор на сите временски услови и еден месец пред да ги вакцинирам правев крвна слика се со брисеви и следните 20 дена никаков контак со никој.И во сред пандемијаод толку пролонгирање ги вакцинирав пак со крвна слика и преглед од педијатар.Никаква реакција немаа нити промена во однесување.
Колку качуваше температура и после колку време од вакцината? Моето сабајле во 9h ја прими ама цел ден е супер, весел како да не бил на вакцина. А баш читам тука качуваат температура. Страв ми е само ноќеска да не качи, а јас да не го осетам.
Се извинувам а каква е таа вакцина на 9месеци што се прима? Ние досега примавме три пати вакцина и за следното боцкање ни кажаа да ја носам штом наполни годинка. Ги прими вакцините пред 3тиот месец една,на 4 ипол месеци втората и третата беше неколку денови пред да наполни 7 месеци.
Прашање до мајките на 9 месечните бебуши, дали примивте ревакцина за БСЖ (доколку нема белег на рачето)? И порано дискутиравме на оваа тема, па мњ интересира досега да не има некоја промена. Нели некаде (во Скопје мислам) рекле дека не ставаат ревакцина, мене ми имаат закажано за петок ама јас сакам да побарам од др. Да почекаме после годинка, да го направиме тој манту тестот па после ако треба да ја прими (се надевам нема да се налути ко ќе и го кажам моево барање). Инаку гледам имаме примено превенар 2 дози досега, таа ми закажа само за бсж-то, за други вакцини не ми спомна. Ќе треба да си прашам.
Моето ја прими на 2г и 3 м, не зборуваше претходно нешто многу многу, после две ипол почна се повеќе и повеќе да зборува. Сега за второто мислам нема да одложувам толку многу, мислам дека нема поврзаност вакцината со проодување, позборување и сл.