@elcezelce Интересно ми е што никој никаде не ми спомнал...значи за грав,леќа ,зелка итн ме предупредиле еден куп луѓе... педијатар ,баби стрини итн а за ова никој не ми спомнал. Нема да јадам веќе ,ама сепак чудно ми е.
Јас пак прочитав дека имало повеќе случаи на спонтан абортус од вакцините.Јас бремена не би се вакцинирала. Но, во другата тема поставив прашање што доколку се обидувате за бебе, можеби сте зачнале, немате симптоматологија на бременост, а рано е да се испита. Што тогаш? Друго, најавата на терминот за вакцинирање би била 5 до 12, а не месец или два порано, па тој период да се внимава, односно избегнува зачнување. Некаде прочитав бо некои земји не се препорачува вакцинирање на жени в репродуктивен период, како ни зачнување 2 месеци по вакцинирањето.
Ако имам односи за да забренам нема да планирам вакцинација. Колективниот имунитет ќе ме заштитат мене, како и другите кои се борат да останат бремени на пр со инвитро. Да не претеруваме со "Што Ако..." Не е дека секоја жена над 20г сега во следниве 6м во МК ќе остане трудна. Ако е така онда алал за нашиот наталитет
Не се препорачува 6 месеци после секоја вакцина бременост, а бидејќи оваа вакцина сеуште не е доволно испитана како влијае се препорачува тие што планираат бременост или се спремаат за инвитро да не се вакцинираат.
Искрено јас мислам дека сме премногу неинформирани на оваа тема и се се сведува јас прочитав,јас слушнав, мене ми кажа комшивката оти ако се вакцинирам нема да имам деца ... тоа е така прво затоа што кај нас во држвата никој не се осуди да излези како доктор да ги презентира вакцините и да објасни кои се нус појавите и со што ќе не вакцинираат, кои луѓе смеат да ја примат одредена вакцина од одреден производител а кои не,бидејќи вакцините за ковид се сите произведени на различен начин, тоа убаво го имаше објаснато докторка во групата за ковид на фејсбук. Не сум за вакцинација на бремени бидејќи испитувањата на било која вакцина против ковид не се одвиваше врз трудници и деца под 16 години. Е сега тоа дали ние како жени не смееме да зачнуваме во наредните 2 или 6 месеци реално може да ни потврди доктор кој го познава нашиот организам, проблематика, болести и останати работи, и да има објаснување зошто јас како како здрава права ми е забрането да останам бремена во наредните 2 месеци. И која е разликата од антитела кои ги ствара вакцината во организмот, и антитела кои ги создава вирусот, и како и зошто може да дојде до спонтан абортус од вакцината а не од вирусот кои го добија и некои бремени со сите симптоми а плодот им беше сосема во ред,бидејќи и тие трудници створиле антитела. Дури некој не ми ги разјасни овие работи јас сметам дека здрави жени кои НЕ се бремени треба да се вакцинираат без разлика дали планираат бременост за брзо време или не. И други работи ми се безвеза за вакцините ама ај да не навлегувам. Сепак засега единствен излез е вакцинација не само за нас туку во цел свет.
Засега стои тврдењето заради тоа што не беше испитувана врз трудници, додека пак беа вклучени хронично болни, возрасни и стари и млади над 16 години. Иако јас како правило го знам и тоа дека бремените жени не примаат вакцини, значи било која вакцина, веројатно организмот на трудницата нели се труди да доноси здраво дете и му е тешко да работи на создавање антитела оти нели тоа е целта на вакцината, а исто и некои трудници се соочуваат со намален имун систем и железо и се подл8жни на настинки. За да се прими вакцина мора човекот или детето да е потполно здраво. Ова од моја гледна точка и логика, што не мора да значи дека е точно.
Прво- како поинаку би се информирал, освен со читање? Второ- кој е тој авторитет во државата што ќе ги презентира вакцините и без оглед на неговата професионалност и информираност, нема да излезат една толпа противници на тоа што го кажува (што и да е, тоа што го кажува)? Ковид вакцинирање и плодност- самиот ковид вирус интерферира со машка плодност (потврдено уште лани во април). Веројатно истите ефекти се очекувани и од вакцината. За женска плодност не знам, немам прочитано.
Има погоре на цитираниот линк што го споделив, никако не влијае на женската плодност. За време на тестирањето, неколку волонтерки забремениле по примање на вакцината, така што е во ред.
Мислам види, не дека не е можно... ама не е баш стандардна постапка. Линк да не сакаш? Како викаат- џам ќе свиткаме со вакцинава за ковид и вирусов воопшто. Тркалото правоаголно ќе биде
Тоа е така затоа што се поминати само неколку месеци од почетокот на вакцинација на поширока популација и ниеден доктор не верувам дека би излегол да ти гарантира 100% безбедност за нешто што допрва треба да се види дали ќе пројави доцни несакани ефекти или не. Може да ти даде препорака, ама не и да ти гарантира зошто и самите оние што ги креираат вакцините (или било кој нов лек на пазарот) не можат да знаат, бидејќи фали фактор време. Моментално може да постојат само претпоставки дека нема да има никакви идни последици врз здравјето, ќе покаже времето како ќе се одвиваат работите, дај Боже да биде се’ во ред. Така и со репродуктивното здравје. За да се даде одговор на ваквото прашање треба тие што се вакцинирале или ќе се вакцинираат допрва, после извесен период да бидат вклучени во некоја клиничка студија и да се постават прашања од типот колку од тие што биле вакцинирани имале проблем со зачнување вс тие што не се вакцинирале, дали и кај колку се јавиле ху проблеми од тие што забремениле и сл. Пак клучна улога има фактор време. @Ahoy за ова е потребна голема клиничка студија, со неколку волонтерки ништо не правиме. За бремени пак да не правиме муабет, тоа е исто како да земаш во бременост лек кој не е клинички испитан на трудници, затоа што сите други го земаат и е прогласен за ‘безбеден’.
Затоа што може да навлезе преку плацентата и потенцијално да му наштети на плодот. Има вакцини кои се испитани и се тотално безбедни да се примаат во бременост, но вакви коишто го содржат вирусот жив (поправете ме ако грешам) јас никогаш не би ги примила бремена. @oce Не е препорачливо да се јаде често туна и останати големи морски риби кои живеат длабоко зашто се полни со жива и други метали од електраните. Не си згрешила само не јади често.
Мајки кој доите и бебе нема годинка дали планирата да ја примите вакцината или па ја имате веќе. Јас чекам термин,3 години сум вон работа ,и за кратко морам да почнам а дневно контакт со околу 100 луѓе. Консултации со лекари од вакцини ми велат вакцинирај се,епидемиолог со двајца се консултирав и тие се за,е педијатарот молчи и сама да си решам.
И додека бев трудна одев на работа а имав контакт со над 100 души дневно. Ама ни сега( додека дојам )ни тогаш не би ја примила вакцината. Сепак секој за себе си одлучува