Одлуката не им е јасна треба да има дополнително објаснување што се подразбира објект од затворен тип, дали спаѓаат маркети, молови, кина... Исто и јас решив да не се вакцинирам по консултација со инфектолог и гинеколог, здравје откако ќе се породам ќе видам кога би одела. Нема доволно инфо за вакцините не би одела сега на ризик. Инаку извини што се мешам ти го прочитав и претходното мислење ако добро сконтав бремена одиш на работа Мерките за ослободубање од физичко присуство на работа за бремени сеуште важат. Ова најдобронамерно ти кажувам.
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...v-kovid-19-ne-treba-da-go-premolchime-ova-zlo Случајно налетав на ова, прочитајте па споделете мислење.
Секако важат во државните институции, администрација... Без никого да се навреди, но не е истата слика и во приватниот сектор, посебно во малите фирми во помалите градови низ земјата. Можам да се повикам на мерките, но мала е веројатноста дека ке продолжам по завршување на породилното. За жал тоа е сликата во оваа земја, а знаеме колку тешко се наога работа и истата да е добро платена. Така да ке си работам до декември
Да за жал. И џабе, имаше и доста пријави во инспекторат дека не се почитуваат мерките и пак се продолжи по старо. Јас сум во приватен сектор но во фирмата се почитуваат мерките доследно, ама ретки се таквите фирми. Чувај се само што да ти кажам.
Кој месец ти е бебушот? Јас сум 9ти месец и сакам после породување да се вакцинирам само немам прашано после колку време можи. И на здравје вакцина
https://zenskimagazin.mk/za-trudnic...anevska-za-vakcinite-i-stravot-od-neplodnosta Вреди да се прочита, многу убаво објаснето.
Се вакцинирав и јас со фајзер доилка сум, наредното утро имав големи болки во рамото но по неколку часа ми помина.
Јас денеска се вакцинирав со фајзер,доилка сум,сега за сега немам никакви болки. Бебче си го доев,добри сме.
Се вакцинирав со Фајзер. Докторката рече не се излачувала во млекото. Прашав о за антитела, рече бебето е големо 11 месеци, сама создава антитела и дека таа врска мајката да пренесува антитела е прекината. Нели на многу мајки беше целта да ги зсштитиме и децата. Има лилогика ова,? Зошто баш ме изненади овој коментар.
Може е глупаво прашањево, но дали некаде можам да најдам контакт меил од некој епидемиолог што би можел да ни одговори во врска со примање втора доза вакцина. Матичниот гинеколог ми рече да се консултирам со епидемиолог за тоа дали и кога да ја примам втората доза, бидејќи според нејзе во првите 12 недели не е препорачливо иако првата ја примив во 4та недела (не знаејќи дека сум бремена), но сепак не е сигурна бидејќи ми кажа дека немале конкретни насоки во врска со вакцинацијата. Јас не знам каде и како да стапам во контакт со епидемилог.
Епидемиолог колку што знам има во секоја општина, така да можеш да се обратиш во твојата. Инаку, ретко кој гинеколог препорачува вакцина во прво тромесечие. Јас не би.
Да и мене ми рече во првите 12 недели не, но сепак јас не знаејќи за бременоста ја примив првата доза и сега за сега е во ред. Е сега дали можам во 13та пример да ја примам втората дозане беше сигурна да ми каже да или не. Затоа ми рече да се консултирам со епидемиолог чисто како второ мислење.
Ајдее, баш ме чудиш, уште ова не го имав слушнато, 10 доктори да прашаш, 10 различни мислења ќе добиеш, веќе не знаеш на кого и што да веруваш.
Да, те сфатив што како, рано си ја примила првата доза сепак само зигот било и среќа што е се во ред. Види таму во групата на фејсбук Ковид19 искуства има и доктори во неа, па може некој ќе ти одговори евентуално може да прочиташ туѓо искуство. Според мене, не брзај одма во 13та недела да ја примиш, ако си прележана не ни мора да ја примиш втората доза според др. Пановски мислам беше.
Немам прележано, но се мислам па колку ќе бидам заштитена само со една доза. А да не биде после премногу касно, за Фајзер мислам 3-8 недели треба да биде разликата помешу првата и втората доза. Ако ја примам покасно, ефектицноста да не биде помала
Може и 12 недели за Фајзер, така ја даваат во Норвешка на пример. Иначе мислам дека е подобро да се консултираш со имунолог