Бремената ќе си седи дома, не ради маркетот туку ради себе. Особено сега, пикот расте ли расте. Ќе пазари некој друг.
Маркет го дадов како пример. Сакав да кажам очигледно ќе ги заоструваат мерките и за други места. Најмногу ме загрижува болница и аптека.
Знае ли некоја, каде има Фајзер моментално? Има ли во Јане Сандански? Планирам наредна недела да одам. Многу се мислев и ми е страв, но 4 педијатри ми дадоа зелено светло дека можам со Фајзер да се вакцинирам и дека нема да има последица врз бебето.
Таа една што е породена а примила вакцина не треба да ти е доволен доказ дека вакцината е топ за сите трудници, многу погрешно ти е мислењето- "како она така и јас", зашто ти си еден организам со склоп на различни гени од нејзините. Секој треба да го процени ризикот и да одлучи сам. Докторите не препорачуваат зашто нема доволно јака студија околу бремените. Секоја одлучува на свој ризик. Гледам се повеќе луѓето пристапуваат кон вакво размислување, ако него ништо не му е, сигурно ни мене, камо вака да размислуваа попозитивно во однос на прележување на вирусот наместо хорор филмови, анксиозност, депресии и страв од смрт.
Мислам дека за доилки секаде би требало да имаат. Секако секој понеделник има дотур, па евентуално да се јавиш во вторнкк таму каде што сакаш да одиш.
Со бременоста ми се појави и параноја. Можеби нема да има вакви случаеви кај нас, само ме интересираше што мислат другите феминки. Поздрав
Јас сум 13 недела, вчера бев во веро јамбо и рамстор само им кажав дека сум бремена немам примено вакцина одма ме пуштија без никаков проблем.
Ова е веројатно за нивна заштита, не ради притисок. Многу се испозаразија токму во болници. И не само невакцинирани него сите ризични треба да се држат понастрана ако не е нешто итно. Барем сакам да верувам дека не е ради притисок...али какво време дојде, кој знае.
Ради чија заштита? Ради чија и да е заштита постои тест за ковид. Мене и вакцинирани и невакцинирани ми се исти, дури имаат негативен тест. Или исто ризични кога истиот го немаат. Секако ова не е популарно мислење ама ете...Ако пцр не е меродавен не знам што е меродавно.
Да де, на тоа мислев, не само невакцинирани. Пцр е меродавен ама зависи од тоа кога е направен. Ако вирусот е во фаза на инкубација може да даде негативен резултат. У фамилија личност ми се зарази од таква со негативен тест у болница. Едвај преживеа. Од таму фобијата од болници.
Јас сум породена трудница вакцинирана со Фајзер во 29та и 32ра недела. Поминав екстра лесно со двете дози. Бебе е екстра здраво, исто и јас. Раат бев во болница на пораѓање и на прегледи, и сега сум пораат за дома да ми дојде некој за помош, јас да излезам надвор, и слично. Сега дојам бебе, и го дојам и поголемиот син за и тој да има заштита. Со една вакцина 3ца се заштитени. Се надевам ова ќе помогне за донесување одлука.
Zdr majki imam 6 mesecno bebe I visoki trombociti a da se vakciniram ne sum bas za da vase mislenje vakcina za doilki
Бремена не би се вакцинирала претпоставувам, како доилка уште одма без размислување. Околу тромбоцитите само доктор може да ти каже.
Бремена сум 22-ра недела, нормална бременост, без никакви отстапувања досега. Почнува да ме загрижува брзово и лесно ширење на делта сојот. Досега викав дека нема да се вакцинирам во бременост, но штом се породам веднаш кога ќе биде дозволено. На работа морам да почнам од септември, во мое приватно школо работам и нема кој да ме замени во групите што јас ги водам, тоа подразбира контакт со 20-30 деца неделно. Носиме сите маски, дезинфекција на секои 10 мин, прочистувачи на воздух, сепак со тоа што од годинава и редовно ќе одат со физичко присуство, ризикот е поголем од лани. Докторите од една страна викаат вакцинирај се ако си ризична да се заразиш, од друга страна не е доволно испитано ако не мораш, почекај. И сега? Не е вакцинирањево од мерак или желба, се нервирам што нема јасни насоки. Што е тоа заради кое што викаат ако можеш да се заштитиш почекај? Има нешто ризично во вакцината за бремени или само заради неиспитаноста па не знаат што да ти кажат? Тоа што морам на работа, не е доволна причина да примам вакцина ако истата може некако да му влијае на плодот. Ме интересира врз база на што даваат докторите мислење за или против и дали има некоја што се вакцинирала и се породила без никакви нус појави ни кај неа ни кај бебето?
Во слична ситуација сум и јас. Гинекологот вика после 12та недела можеш ако сакаш да се вакцинираш. Матичниот вика внимавај многу, но со оглед дека си прележана, немој да се плашиш. А искрено, ептен ми фуфка мене.
Jas shtom se porodiv, se vakcinirav. So Moderna. (samo moderna i fajzer so dostapni vo Shvajcarija) Super e se, normalno si techat rabotite, bebeto e skoro 4 meseci. Ovde se vakciniraat i trudnici, od 2 semestar.
И тука похрабрите гинеколози препорачуваат после прво тромесечие, другите се оградуваат зашто сепак е нова вакцина. Затоа реков да сум бремена во моментов не би се вакцинирала зашто би се плашела, секако се пазиме. А за доењето колку што сум информирана можеш да пренесеш само антитела.