Секако дека има статистика за ефектот на вакцината врз бремените жени, меѓутоа резултатите не се задоволувачки па не ги објавуваат, дури пробале и да манипулираат со бројките. Поодамна имав ставено линк дека ваквината и нема баш добро влијание врз бременоста, оспбено раната бременост.
Здраво девојки. Имам прашање, не знам дали е за тука, но ќе се надоврзам на темава. Верена сум 2 години и 3 месеци. Свадба не можиме да направиме заради коронава. Е сега прашањето со вакциниве. Дали се сигурни вакциниве и дали влијаат на девојкиве, конкретно за стерилитет? Некои ми викаат нема врска, други дека се штетни. Страв ми е, можеби нема ништо, ама како рекле ко ќе ти пуштат мува... Чекам ваше мислење и дали има тука некоја девојка која е вакцинирана и останала бремена?
Малечок е мојот 1 месец, и јас се плашам за реакции за мене. За бебето се конслутирав, ми кажаа нема никаква реакција да има.
Јас се вакцинирав пред 10 дена бебе е 4 ипол месеци немав некоја реакција малку главоболка и болка во рака
Буквално 4ца педијатри прашав и тоа на детска клиника и во систина. И сите ми кажаа дека реакции за бебето нема.
Јас ги имав сите можни нус појави (темп. болки во зглобови, во рака, омалаксаност...), ама траеа буквално еден ден и толку. Бебе беше супер, си цицаше најнормално.
Само распрашајте се дали боцкаат по пунктовиве. Имам пријателка се жалеше дека ја вратиле во ј.с. да дојде откако ќе наполни бебето 3 месеци.
Утре имам можност да се вакцинирам со Фајзер. Бебево уште малку ќе има 6 месеци. На 10ти септември сме на вакцина со него, таа што е на 6 месеци. Ме интересира дали може да се вакцинирам или да почекам прво да ја прими бебево вакцината, па по некое време да се вакцинирам и јас? Не знам што да правам многу се плашам, а ќе мора да се вакцинирам, за 2 месеци треба да почнам на работа.
Мене др ми рекоа вакцинта не се лачи во млекото, има логика или како ви рекоа вашите доктори? Примив прва доза немавме реакција ни јас ни ќерката, се мислам за вторава доза дали после вакцина еден ден да се измолзувам и фрлам...
Најдобрата другарка забремени 1 месец после втора доза Фајзер, а претходно 2 години пробуваа за бебе Плус и прележа Ковид. Јас сум доилка и се вакцинирав со Спутник, од втора поминаа веќе 3 месеци, сите сме добри, имам многу антитела и то... А за вакцината во бременост секако дека има ризик, има и ризик од вакцината од грип па ја препорачуваат на трудници секаде, зашто се знае што може грипот да му направи на бебето. Трудни и невакцинирани мора многу да внимаваат. Смртноста кај трудници со Ковид е огромна. Компликации од прележан Ковид во бременост исто така има. Другарка моја имаше ковид во 16та надела, со температура 2/3 дена и од нигде никаде се породи во 32ра недела. На мм братучетка, рана бременост и Ковид се породи во 27ма недела. На мајка ми другарка, ќерка и ја породија со царски веднаш штом влезе во 36та недела. Постелката и презреа пред време, д димери цело време околу 10 000....
Трудница сум , 26 полни недели и денес вакцинирана со Фајзер. Добив зелено светло за вакцината од гинеколог и од други доктори кај што се распрашав.Никој не кажува оди вакцинирај се , мораш, одлуката е лична на секого.Но препорачливо е ,бидејќи овој новиот сој е многу поопасен од другите и може да направи големи штети и за трудницата и за бебето . Затоа се одлучив.Читав и многу странски статии и истражувања, таму веќе голем број се вакцинирани и породени веќе некои,било се во ред.Се надевам кај секој ќе биде така. Нормално меѓу првата и втората доза и понатаму морам да се пазам многу , но и се надевам воедно дека не донесов погрешна одлука. Инаку со сите гинеколози и док.што се консултирав ми препорачаа најдобро при крај на 2 триместар,за да се стекнат што повеќе антитела за третиот кој е најризичен од зараза со короната.
Zdravo, dali moze da se zeme potvrda od ginekolog deka si bremena i so toa da se osoboden od vakcina ?
Вакцината не е задолжителна. За што би ти требала потврда? Ако е за кафичи и молови, ако си бремена секако е добро за тебе да се држиш подалеку од гужви и потенцијални извори на зараза.
@minne992 Ја примив и втората доза. За разлика од првата сега поминав ептен лесно, само мала болка во раката. Првата вечер имав блага треска со парацетамол помина. Толку се плашев и одоговлекував од страв, а баш лесно поминав
Јас со првата така бев тек сега на 13ти ке видиме како ке е втората Се надевам дека лесно ке поминеме