Има некој информација со високи димери и наследна тромбофилија дали смее да се прими вакцина? Овие две работи водат кон зголемен ризик од тромбоемболични настани, и баш заради нив сакам да се вакцинирам во 7ми месец од бременоста, а баш заради нив и ми е страв да се вакцинирам.. Ако има некој инфо, за било која од состојбите, би ви била благодарна
Да прашаш доктор најсигурно, ама јас не се вакцинирам од причина што овие што се вакцинираат му велат не планирајте бременост наредните 6 м или 12 м незнам точно. Логика ми нема за нив да не е безбедно да планираат бременост, а ние бремените да се вакцинираме.. Сомнително ми е премногу тоа... Блиски мои со 2 дози вакцина се заразија повторно така да и не знам што чоек точно да мисли и како да направи.. Се виде дека и вакцината не штити 100% и дека нема пишани правила за ништо. Прележана сум ама искрено неверувам дека ниту вакцината ќе ме заштити ниту имунитетот од повторна зараза
Консултирај се со гинеколог, трансфузиолог и лекар од пункт за вакцинација. Мора сите параметри да ти се контролирани во одредени граници за да можеш да се вакцинираш. Ако ти се контролирани, мислам дека не би имало проблем.
Искрено, мене не ми е страв од самата зараза - страв ми е од сериозен исход, за мене или за бебето. Голем дел од тие шо ги знам се вакцинирани и се имаат инфицирано, ама ништо посериозно не развиле.. Шо не знам дали ќе биде случај со мене, а не сум фан на руски рулет да знам дека ќе кивнам 10 пати и носот ќе ми тече 3 дена-не би се замарала.. А докторите си имаат свое лично мислење, што го почитувам, ама почитувам и мислења и заклучоци од научни истражувања
Те разбирам, ама најубаво да си се консултираш и со стручен доктор оти вака само ќе ти се помешаат размислувањата. Секој одговара за своето здравје нормално. Јас прележав пред 1 година и потешко поминав дома ми остави последица и тоа квалитетна. Секоја година сум го прележувала сезонскиот грип ама ова беше појако од сезонски грип искрено да си кажам. Така да да не бев бремена сигурно ќе бев вакцинирана ама вака повеќе се плашам од вакцината отколку од вирусот во оваа ситуација
Се мислев дали да пишам.. Трудници, мој совет не се вакцинирајте барем не во прв триместар. Моја блиска изгуби бебе 10 дена по примена вакцина… Доилка сум вакцинирана со две дози, но ова за блискава ептен ме стресе ..
Јас сакам да се вакцинирам, ама ме плаши тоа што уште не ми се регулирани димерите после пораѓај. До кога да чекам па пак да испитам еве не знам, не ми се фрлат пари секоја недела за испитување на приватно, а не даваат упати за на државно за трансфузиологија... Ужас
Во кој месец? Трагедија навистина, кој поминал знае, ама сигурно имало и други причини.. Колку ти беа на пораѓај, и колку ти се сега? Зарем не паѓаат брзо!? Хах, тогаш и јас ќе се изначекам..
Многу ми е жал. Сакав да кажам дека овде вакцинираат во втор и трет семестар но не и во прв семестар од бременост. И претгоходно знам кога бев бремена баш кажуваа дека се вакцинираат во втор и трет а никако во прв семестар. Ме зачуди ова како вакцинираат во прв.
4 000 5 дена после пораѓај, а таму ме боцкаа клексани. Дома продолжив да се боцкам, 2 недели после пораѓај беа 1 370... ОД тогаш не сум испитала, помина 1 месец од пораѓај.
Прв триместар знам беше. Мажена е во Косово и се вакцинирала за да може тука кај нејзините да доаѓа без тест.. Имала мн големо крварење, така имала спонтан.. ептен жал а и страв ми падна Нормално и течеше бременоста се до вакцинирањето. А точната причина кој знае што била
Дали за трудниците бараат сертификат за влез во молови кафичи итн? Се случи да ми побараат во мол и кога ми го виде стомакот рече аа извини влези...
Жени моментално сум 27 недела,значи ќе влезам во 7ми за една недела, во план сум да се вакцинирам, дозволено ми е од матичниот гениколог, ако може некоја да сподели искуства како поминала и дали понатаму бременоста си течела како што треба. Мене ме предомислуваат луѓе шо немаат допирни точки со медицина и рекла казала муабети.
Таквите сѐ побројни и сѐ погласни. Мене ме плашат само моите ддимери, не знам на што специјалист да се обратам да добијам веродостоен одговор дали и кога смеам да се вакцинирам
Пробај со трансфузиолог. Ама приватно, не државно. Од срце ја препорачувам др. Елена Амбаркова Виларова од Жан Митрев.
Прашав еден трансфузиолог од една приватна болница. Неговиот одговор "Не се вакцинирај!" Кога го прашав "А дали ќе преживеам ако се заразам бремена, со новава дијагноза за наследна тромбофилија?" одговорот му беше "Нема да се заразиш". Малку премногу оптимистичка прогноза за еден доктор, а јас многу сакам егзактни науки, како статистика и математика, па неговиот одговор го земам релевантен колку и совет од комшивка
Од таквите да се плаши ама ни самите доктори и специјалисти немаат конкретен одговор. Не е поминато ни доволно долго време за некој да гарантира. Сите сме виделе секакви нус појави на помал процент луѓе. Јас не би да дам нешто за кое што треба сама да потпишам дека се сложувам доброволно и плус никој ништо не гарантира сите креваат раце. Се додека дојам нема да се вакцинирам. Кога ќе завршам тогаш.